Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
И луѓе, дај да се вратиме на темата оти се преполни со постови кои се напади и одбранувања за ФЕИТ.

Е така де....треба да се вратиме на темата....
само што некои нејќат....па коментираат глупости....
напаѓаат без посебна причина, пошо така им дошло или им било досадно...
 
Една работа да исправам само: ТК смерот е со број 5, таму ти е напишан со 2
 
Me interesira, za pripadnicite na zaednicite, dali tie imaat svoja posebna kvota ili vleguvaat vo drzavna?
 
Me interesira, za pripadnicite na zaednicite, dali tie imaat svoja posebna kvota ili vleguvaat vo drzavna?

да да има посебна квота за припадниците на заедниците и тие многу полесно се запишуваат :) јави се распрашај се
 
Абе луѓе, за конечните резултати, на 5. септември ли? Инаку, според прелиминарната листа, влегувам во државна квота. Поздрав до сите мои колеги :):helou:
 
Абе луѓе, за конечните резултати, на 5. септември ли? Инаку, според прелиминарната листа, влегувам во државна квота. Поздрав до сите мои колеги :):helou:

Пишува вака: На 03.09 ќе има објавување на резултати од успехот на средно образование, а на 05.09 објавување решение за прием на кандидатите. Изгледа во среда ќе извадат некоја поуредна листа а во петок ќе извадат списоци кој каде ќе биде. Според прелиминарната листа и јас влегувам во државна на ТК така да поздрав и до тебе :):helou:
 
Абе луѓе, за конечните резултати, на 5. септември ли? Инаку, според прелиминарната листа, влегувам во државна квота. Поздрав до сите мои колеги :):helou:
Честито и со среќа.
 
Е, да ве прашам. А како оди тоа плаќањето на партиципацијата? На жиро-сметка? И дали на рати или наеднаш?
 
Е, да ве прашам. А како оди тоа плаќањето на партиципацијата? На жиро-сметка? И дали на рати или наеднаш?

на жиро сметка од факултетот, се плаќа сега за зимски семестар и после во февруари за летен значи ако може да се каже на две рати :)
 
Пишува вака: На 03.09 ќе има објавување на резултати од успехот на средно образование, а на 05.09 објавување решение за прием на кандидатите. Изгледа во среда ќе извадат некоја поуредна листа а во петок ќе извадат списоци кој каде ќе биде. Според прелиминарната листа и јас влегувам во државна на ТК така да поздрав и до тебе :):helou:
И јас сум во државна според таа листа :) Позз до идните колеги :smir:
 
Ајде со лесно нека ви започне студентскиот живот.Честитки за сите оние храбри момци и девојки кои го загризаа мамецот (ака Електро).
Отсега поодговорно и пореално.
На предавање мора да одите оти чичо Панчо ќе ви го расплаче мамето на усмен у февруари.
Едно тетратче за аудиториските по физика.Уште едно за по програмирање.
Имате копии од решени аудиториски и испитни по Електротехника во копирница и нема потреба од малтретирање.
Математика и книгата прочитајте ја.
Среќно!
 
Не постирам многу многу по форуми, а тука не сум била ни регистрирана (шејм он ми)...ама ептен ми се засвиѓаа електрашкиве муабети па вака како тазе електраш (од оваа година) и јас да се приклучам
П.С. Не пишувајте толку долги постови мачно ми е:)) (кидинг нормално):helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom