Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Кажете ми нешто за КСИА дали е тешко мн?Дали ќе паднам уште у прва година.Математика,физика поготово дали е тешко.Кој е заебан професор итн итн..
 
Прва година сите смерови учат исто така да без разлика на кој смер ќе одиш исто ти се фаќа :smir:
 
Да да знам за тоа.Него кажи ми како е математика,физика мн ли е тешко?

еве јас ќе ти кажам најдобронамерен совет НЕ СЛУШАЈ НИКОГО што ти збори, ни дали е лесно, ни дали е тешко, ни професорите какви се ништо :helou:
 
Само слушај го Димче и се ќе биде супер:pos:

шалили смо се:helou:
 
еве јас ќе ти кажам најдобронамерен совет НЕ СЛУШАЈ НИКОГО што ти збори, ни дали е лесно, ни дали е тешко, ни професорите какви се ништо :helou:

Мислам дека Димче најдобро ти кажа. Се зависи од тебе, не од „тежината“ на материјалот. Ако не си загрееш столчето, ништо од тебе :wink:
 
1.Седење на маса и решавање (секој ден барем 2-3 саати)+викенди
2.Нема муабет "леле ме мрзи денес да учам"
3.Пиење кафе секој ден (обавезно) со пријатели и непријатели (се мисли на колеги и колешки) и тоа во бифе
4.Кој не знае математика нека си седне уште од утре да си повтара
5.Гледајте да имате вонсериска блискост со колешките (повредни се и секогаш ги имаат правилните материјали)
6.Колоквиумите се ОБАВЕЗНИ
7.И може најбитно од се НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ, на електро имаат систем да ви ги истестираат нервите и трпението.....(кога ќе дипломирате ќе им битете благодарни.... на некој начин..:) )

Читај ова горе....и тоа е тоа нема некоја филозофија
 
Ајде со лесно нека ви започне студентскиот живот.Честитки за сите оние храбри момци и девојки кои го загризаа мамецот (ака Електро).
Отсега поодговорно и пореално.
На предавање мора да одите оти чичо Панчо ќе ви го расплаче мамето на усмен у февруари.
Едно тетратче за аудиториските по физика.Уште едно за по програмирање.
Имате копии од решени аудиториски и испитни по Електротехника во копирница и нема потреба од малтретирање.
Математика и книгата прочитајте ја.
Среќно!

Панчо замина во пензија иначем :))

А на која книга математика мислиш да се прочита?
На математичка анализа ли?
 
Ама зависи кој ќе дојде на негово место...

Кој и да дојде ќе биде подобро од Панчо ..... сигурно .....
Коста Митревски, Весна , Грчев, Кацарска..... сите се подобри од Панчо
 
Еј, луѓе, индекси има во книжарницата во факултетот или во Студентски збор да бараме? Прееска се јави другарката на студентски прашања и беа мноооогу “љубезни“ и рекоа дека они ништо не знаат, зошто сме ги прашувале нив.
 
Во Студентски збор има. Барем имаше сабајле кога бев во 12 часот.
 
Еј, луѓе, индекси има во книжарницата во факултетот или во Студентски збор да бараме? Прееска се јави другарката на студентски прашања и беа мноооогу “љубезни“ и рекоа дека они ништо не знаат, зошто сме ги прашувале нив.

Во Студентски збор има. Барем имаше сабајле кога бев во 12 часот.

сите документи ќе си ги најдете или во Тобако што е внатре во факултетот (преголема гужва ќе биде :)) или тие што се надвор пред факултет "тезгарите" они исто така продаваат.само ќе им кажете кои документи се за упис и они се ќе ви дадат и индекс и легитимација и пријавни листови се што треба кај нив барајте, освен слики тоа од дома да си носите :pos: :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom