- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.189
- Поени од реакции
- 1.359
„Фајненшл Тајмс“: САД разочарани од изборот на ЕУ
 
23.11.2009 12:27
Официјален Вашингтон е разочаран од изборот на луѓето на новите функции во Европската Унија, тврди „Фајненшл Тајмс“.
Весникот пишува дека не се исполнети очекувањата на САД, со овој „клучен избор за развојот на европските структури“, Брисел да биде во состојба за да делува „сложно и едногласно“ на светската политичка сцена, јави дописникот на МИА од Лондон.
Новоизбраниот претседател на ЕУ Херман ван Ромпуј и министерот за надворешни работи, баронесата Астон, сега ќе мораат да се соочат со ваквиот став на американската страна, забележува „Фајненшл Тајмс“, тврдејќи дека во овие околности многу потешко ќе и биде на Британката.
Леди Астон од 1 декември официјално ја презема новата должност од Хавиер Солана, по што од неа се очекува да ги постави основите на заедничката европска надворешна и безбедносна политика. Баронесата ќе располага со многу поголем буџет од својот претходник и ќе биде на чело на служба која има околу три илјади луѓе.Лондонскиот весник смета дека таа како приоритети ќе мора да ги постави односите на ЕУ со Русија, но и со поранешните советски републики, а потоа и блискоисточниот мировен процес и зголемувањето на улогата на Унијата во авганистанската и пакистанската ситуација.
Меѓу главните приоритети на новиот европски министер за надворешни работи мора да биде и регионот на Западен Балкан, а посебно состојбите во Босна и Херцеговина и Косово, констатира овој весник.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116631
				
		 IMA  USTE DOLGOVI DA VRAKJA EVROPA PUTANA