FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Како не е спорна ситуацијата при офсајдот на Мата?
Во линија се двајцата играчи и секако дека е спорна од аспект на судијата бидејќи не може да биде сигурен дали е офсајд или не. Тоа е школски пример за спорна ситуација.

Епа зборот ми е дека и вака како што е т.е си користење на ВАР, многу е тешко да се досуди офсајд зошто движењето на коленото е спорниот дел во целата ситуација. Движење во стотинка што е зборот. Е во минимален офсајд, но многу судии би го протнале да помини според мене.

И во постот пишав дека линиските судии ќе си земат за слобода да имаат навика сите вакви ситуации да ги поминуваат со повторување на снимка. Во еден меч може да има и повеќе вакви ситуации и толку прекини од по минута,две,три... можат само да му наштетат на динамиката и текот на еден меч.
 
Беше спорно, го расчистија со снимка, не знам што не е јасно. И коленото е дел од телото и беше офсајд.

Нека повторуваат за секоја спорна ситуација ако не се сигурни. Токму за тоа е ВАР.
Делумно се согласувам за динамиката на мечот. Но на крајот на денот, подобро да наштети на динамиката отколку на крајниот резултат.
 
:eek::eek::eek: Уште одма ждреб

Мислев ова утре или задутре ќе биде ама..

Се избегнаа топ екипиве пак бе...

Лагано Тотенхем,Јунајтед и Сити одат даље, Челзи ќе биде зезнато особено што ќе ја игра утакмицава одма после гостувањето во Барселона.

@Донев Пак утна :D
 
Ако нема изненадувања, интересни полу-финалиња ќе гледаме.
Ги сакам Челзи. А Спарси во финале. :busi:
 
Не знам дали знаете, ама видео судијата е во Лондон. Воопшто не е ни во близина на стадионот.
 
Греам Пол кажа дека имало проблеми со ВАР, затоа и испаднале такви линиите и тек после 10 минути добиле квалитетен приказ :icon_mrgr:
 
Абе дечки, јасно е дека на почеток ќе има проблеми, ќе треба време да се среди, ама ВАР мора да се воведи. Поарно би чекал и 5 минути ако треба за да е одлуката исправна. И @Донев какви глупости се овие бе, мал бил офсајдот не требало да го свират? Ами затоа се воведува видео технологија, за сите ситуации кои судиите не ги процениле добро, одлуката да се преименува ако е потребно.
 
Ваљда сите ситуации при кои одма се гледа дека судијата направил грешка, а не ситуации кои за да ги примети судијата на терен треба да има моќ да го сопре времето, па да оди да мери дали влакната му биле во офсајд. Значи ако судијата во реално време имал можност да го види, ама не видел, нека му ја променат одлуката, ама вака ако се прави ќе биде хаос затоа што сигурно милиони блиски одлуки за кои сме мислеле дека се во линија дури и по успорени снимки и линии до сега, не се.
Според мене бар ако се воведува, мора да се користи само за очигледни грешки, а не за секоја ситница.
 
Така си мислат и кај жените, мал ми е ќе помини.. ама обично не поминува :pipi:
 
Ваљда сите ситуации при кои одма се гледа дека судијата направил грешка, а не ситуации кои за да ги примети судијата на терен треба да има моќ да го сопре времето, па да оди да мери дали влакната му биле во офсајд. Значи ако судијата во реално време имал можност да го види, ама не видел, нека му ја променат одлуката, ама вака ако се прави ќе биде хаос затоа што сигурно милиони блиски одлуки за кои сме мислеле дека се во линија дури и по успорени снимки и линии до сега, не се.
Според мене бар ако се воведува, мора да се користи само за очигледни грешки, а не за секоја ситница.

Нас на екрани ни се глеа дека напраиле грешка, на играчите на терен, на тренерот? Кој треба да оцени дали одма се глеа дека напраил грешка?
 
Судијата што седи таму во канцеларија и гледа.
Поентата ми е дека мора да остане човечкиот елемент. Ако не, тогаш верувам има доволно добра технологија веќе за целосно да се исфрлат судиите, да се наместат 1000 камери низ терен и на компјутерот да му се дадат точни параметри, па да суди секакви контакти, офсајди и што не кои судијата човек на терен нема шанси да ги види во реално време. Па дури и 0.1 милиметар да е во офсајд, одма да досуди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom