Ај пошо се праиш многу паметен, Невил никогаш не ни бил сметан за некаков кандидат за менаџер, а за Гигс имаше муабети затоа што едно време беше и асистент и на неколку утакмици менаџер. Ама нели полесно е да пишеш досетка одколку да размислиш пред да ја пишеш. Плус тоа што не си ги спомуваш Карагер и Стиви Џи, ама нема везе.
Прво, можеш да се тешиш дека не зборел голем дел од фан базата за стаорецот кога отиде во Валенсија како респектабилен клуб да биде тренер.
Второ, Карагер никад не бил тренер ни во младински категории, никој пат не сум прочитал ни најбош муабет од навивачи на Пул дека треба да е тренер.
Трето, Џерард од пред 2 години прв пат седна на клупа на некоја екипа, прво во академијата па од годинава во Ренџерс. Во тој период менаџер на Ливерпул е Клоп, и прилично сум сигурен дека имало ретки ''what if" пишувања од фанови кога ќе набие искуство и за повеќе години да се врати назад, само што не сега, дека никој при здрав разум не го кажувал ова додека е Клоп тука.
Четврто, ситуацијата во Јунајтед беше таква во тој период, криза со тренерски имиња после стариот, се бараше спасител во секого, не беше стабилна менаџерската позиција и нормално дека фановите ќе си ''прават филмови'' со вакви коментари за Невил,Гигс,Трајко, Петко. Не гледам што е тука толку страшно.