Венгер не издржа и изгоре во желбата. Доследноста си ја оставил дома. Но, секако. Сосема легитимно право е да скршне од рутината. Вилшер, Ремзи, Вермален, Кошчелни, Казорла... сето тоа се многу битни играчи на Арсенал, да не речам костурот на тимот. Згора и Озил и Жиру на клупа, кои подоцна и влегоа во игра.
Челзи некако го контролираше мечот, во сите полиња. Особено во прво полувреме. Арсенал не беше многу директен, имаше малку повеќе посед, ама не успеаја тоа да го валоризираат.
Во второ полувреме, Арсенал тргна со сите сили кон голот и тој притисок траеше добри 15 минути. Ама Челзи добро се носеше со тоа. Да не солираше Ремзи во неколку наврати, можеби Арсенал и ќе израмнеше.
Потоа следуваше и вториот гол и тогаш беше јасно дека натпреварот е завршен.
Без разлика кој колку го вреднува купов, победа против ривал, особено од исти град ( ма да мене и не ми игра некоја улога ) е секогаш битна и добра за моралот и мотивацијата.
Челзи играше со втор состав горе-доле, да, можеби изгледаше дека и не е така, ама клупава сезонава е посилна за разлика од минатата.
Добар натпревар се на се, не беше нешто претерано спектакуларен, ама и едните и другите настапија со резерва и не го покажаа арсеналот со кој располагаат. На следното дерби во Премиер Лига, двете екипи очекувам да изиграат на едно ниво повисоко. Ќе биде интересно секако.
Дауд, лош. Мислам дека првиот фаул за Челзи го свирна во 83 минута, а претходно имаше многу ситни прекршоци кои не ги виде. Или намерно не сакаше да ги види.
Имаше и еден интересен момент при крај. Тројца играчи од Челзи ги фати грч. Па Кошчелни одеше до сите и ја замени Ева. Сигурно ќе му даде пола од дневницата после мечот.
Фер потег, добар момак е Кош.
И така. Спортски поздрав и се најдобро. Што би рекол другарот Чомбе ( чао Јунајтед Грл, знам дека читаш ).