МАНЧЕСТЕРСКА ПРЕМИЕР ЛИГА
А и денес не се нешто лоши. Имаат две круни по ред, на пат се на третата. Неверојатната серија од 11 или 12 натпревари по ред без примен гол е нивни главен адут кон трката за пехарот. Тука нешто не ми е јасно. Голман од калиброт на Ван дер Сар, кој знаеме дека беше бркан од секој тим каде што ќе стапнеше, на свои 38 години конечно научи да брани? Дали рекордот кој стои после неговото име е тотална негова заслуга? Или пак неверојатно цврстата одбрана? А дали да го занемарам фактот дека Манчестер не прима голови само во Премиер лигата, а прима 1 или повеќе на скоро секој натпревар од друг ранг на натпреварување? Или пак, кога ќе се подзамислам малку, веднаш ми светнува...дали некои од Вас знаат дека после мечот со Арсенал, на кој Манчестер ги прими последните (два) голови, играше со екипи кои можеби ниту еднаш (ниту еднаш) не шутираа на голот на Ван дер Сар? И плус на се" е следново: Манчестер играше против екипи кои најмалку од се' би салале да го видат Ливерпул како прв на крајот ( зборувам за Евертон) или пак тимови кои како предводник имаат играчка легенда на „црвените ѓаволи“. Меѓу нив е еден Виган, па дури и “лутиот“ (ставен во наводници, нормално) ривал Манчестер сити. Кој ги гледал утакмиците барем малку видел и знае. Сите овие екипи беа статични против “силниот“ Манчестер, а како за пример, играат како во транс против Ливерпул, и не само Ливерпул. Слично и против Арсенал, па можеби и Челси. За релацијата на дуели Ливерпул - Стоук - Манчестер воопшто не ми се започнува конверзација.
Бенитез, тренерот на Ливерпул, како да го дели моето мислење, но не сум во висок процент уверен. Тој пред месец со неколку изјави започна медиумска војна со Алекс Фергусон, а главни аргументи на Бенитез беа поплаките на Фергусон на секоја судиска одлука која е на штета на Манчестер. Па тоа некако и ја потврдува мојата „теорија на заговор“
the carpenter