F.A. Premier League

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар англиски клуб?

  • Вкупно гласачи
    600
Статус
Затворена за нови мислења.
И сега уште ливерпул на 14 март да го посетат Олд Трафорд, за дефинитивно да се означи уште една нова титула во витрините на Манчестер Јунајтед...овие што не се, ама ич не се шампионска екипа и кај 20 сезони не можат да земат, нема ни уште толку...баш прочитав пред некој ден потпис кај еден член од форумов, нешто во стилот : have you ever seen gerrard win the premier league? :icon_lol:
 
оние од мачестер се страшно ископлексирани од ливерпул. ривалството постои од дамна, тоа му доаѓа нешто во македонски рамки како битола-прилеп. за манчестер, освен индустриски град, ама баш ништо друго убаво не може да се каже. нема епитети.

додека, гордоста ливерпул е нешто друго. до утре може да се пишува. и единственото мерило кое го имаат оние он манчестер, е фудбалскиот клуб, кој за жал не е најтрофејниот во англија, туку неговиот сосед, црвените од енфилд
 
Радувајте се на фактот дека сте најторфејни,дека нема уште многу да сте.Уште 14 кола .:back:
 
оние од мачестер се страшно ископлексирани од ливерпул. ривалството постои од дамна, тоа му доаѓа нешто во македонски рамки како битола-прилеп. за манчестер, освен индустриски град, ама баш ништо друго убаво не може да се каже. нема епитети.

додека, гордоста ливерпул е нешто друго. до утре може да се пишува. и единственото мерило кое го имаат оние он манчестер, е фудбалскиот клуб, кој за жал не е најтрофејниот во англија, туку неговиот сосед, црвените од енфилд
Деновите ви се бројат...
 
Друже, со сета должна почит, ама ние навиваме за тимот, не за градот. Градот што се однесува до мене може да биде каков сака, јас сум го одбрала тимот. Тоа што викаш само индустриски, можеби е само индустриски, но е центарот на индустријата во Англија. Па и град од двајца жители да е, мене не би ми пречело тоа. Според твојата логика, треба сите да навиваме за Челзи, Арсенал, Тотенхем, Рома, Лацио, Реал и многу други тимови кои доаѓаат од големи градови.
Црвените од Енфилд не освоиле титула во Англија колку што знам од пред деведесетите години од минатиот век, кога започнаа Манчестер Јунајтед и Арсенал да го преземаат приматот во Англија, така да во овој случај не гледам искомплексираност, само желба на Манчестер Јунајтед да ви го собори рекордот.

Значи според тебе Фелпс е искомплексиран од Шпиц што мораше да му го собори рекордот? Или па Интер што се труди да ги надмине Јуве во Сериа по број на титули?
 
јас само наведов од каде потекнува ривалството помеѓу ливерпул и манчестер, буквално мислејќи на оние што живеат во овие два града. бидејќи и лично ја имам приметено таа исфустрираност кон се што доаѓа од ливерпул.

никаде не напишав во прво лице, мислеќи на мене (фан на ливерпул) против вас (фанови на манчестер)
чисто за ривалството помеѓу градовите.
 
МАНЧЕСТЕРСКА ПРЕМИЕР ЛИГА

rafa-benitez.jpg

И додека Ливерпул и Челси беа во мртва трка за тронот, како од стреја после дожд излезе актуелниот шампион Манчестер Јунајтед. Се качи на убав начин на првата позиција во Англиската Премиер Лига. Што има тука чудно, и знам и не знам. Ама многу битни работи се случија, и секој од нас во својата глава си ги скри под тепих. Ќе пробам да ја преточам мојата фудбалска фрустрација во неколку редови и точки.
Знаеме кој беше Ливерпул, ама не знаеме кој е сега. Екипа со квалитетен состав, со трпение збиран, дисциплиниран, ама бродски нестабилен. На што се должи неговата крш стабилност кога треба и кога не треба многумина не го најдоја одговорот па изгледа нема ни јас. Еднаш Рик Пери, директорот на „црвените“ се посомнева во кормиларот, Жерар Улие. Тренерот беше отпуштен, а Ливерпул остана ист. Рака на срце, освои Лига на Шампиони еднаш, и беше редовен учесник во завршницата на повеќе наврати, но сепак не беше константен во резултатите и со Шпанскиот стручњак Бенитез како нов менаџер на тимот од Енфилд. Ама сепак, барем Ливерпул се врати во полн сјај на Европското тло, ама друга беше маката. Премиер лигата, која со право можеме да ја наречеме Манчестерска.

Деветнаесет години пост е можеби премногу за тим кој беше прогласен за тим на векот во Британија. Пост кој ја фрустрира црвената страна од реката Мерси, или пак, ја храбри онаа сината, Евертонската. Ама и тие не се нешто поарни. Евертон палеше и жареше во лигата во осумдесетите, а одтогаш го снема како кафеава мечка во Европа. За Астон Вила не коментирам, а пак за Нотингем Форест, Вест Бромвич Албион, Вулверхемптон, Лидз,..не ни пробувам да помислам каде се, а беа врв. Едино Арсенал некако се држи, како секогаш да е тука, при врвот. И уште кога ќе ми текне дека Њукасл, легендарен тим непомалку од горенаведените почнува да го снемува од картата на успехот во Британија. Се' ова ми изгледа како некој (не)планиран заговор кој би го исфрлил новопечениот легендарен тим, Манчестер Јунајтед.

А Јунајтед е долга приказна. Од никаде тимот од северо - запад стана нов шампион на Англија во 1991 година. Од тогаш наваму, се е во нивен знак. Освоија 10 титули во 18 години што е многу дури и за лигата на северниот сосед, Шкотска. Е од кде сето тоа, од каде толку моќ прибра еден тим кој беше како книга под прашина, па наеднаш створи генерација која со право ќе ја наречам непобедлива? Како ли успеаа?
А и денес не се нешто лоши. Имаат две круни по ред, на пат се на третата. Неверојатната серија од 11 или 12 натпревари по ред без примен гол е нивни главен адут кон трката за пехарот. Тука нешто не ми е јасно. Голман од калиброт на Ван дер Сар, кој знаеме дека беше бркан од секој тим каде што ќе стапнеше, на свои 38 години конечно научи да брани? Дали рекордот кој стои после неговото име е тотална негова заслуга? Или пак неверојатно цврстата одбрана? А дали да го занемарам фактот дека Манчестер не прима голови само во Премиер лигата, а прима 1 или повеќе на скоро секој натпревар од друг ранг на натпреварување? Или пак, кога ќе се подзамислам малку, веднаш ми светнува...дали некои од Вас знаат дека после мечот со Арсенал, на кој Манчестер ги прими последните (два) голови, играше со екипи кои можеби ниту еднаш (ниту еднаш) не шутираа на голот на Ван дер Сар? И плус на се" е следново: Манчестер играше против екипи кои најмалку од се' би салале да го видат Ливерпул како прв на крајот ( зборувам за Евертон) или пак тимови кои како предводник имаат играчка легенда на „црвените ѓаволи“. Меѓу нив е еден Виган, па дури и “лутиот“ (ставен во наводници, нормално) ривал Манчестер сити. Кој ги гледал утакмиците барем малку видел и знае. Сите овие екипи беа статични против “силниот“ Манчестер, а како за пример, играат како во транс против Ливерпул, и не само Ливерпул. Слично и против Арсенал, па можеби и Челси. За релацијата на дуели Ливерпул - Стоук - Манчестер воопшто не ми се започнува конверзација.
Бенитез, тренерот на Ливерпул, како да го дели моето мислење, но не сум во висок процент уверен. Тој пред месец со неколку изјави започна медиумска војна со Алекс Фергусон, а главни аргументи на Бенитез беа поплаките на Фергусон на секоја судиска одлука која е на штета на Манчестер. Па тоа некако и ја потврдува мојата „теорија на заговор“.

Тука јас ќе запрам, барем засега, и ќе оставам времето да покаже. А кога ќе се види моменталната табела, и времето како да нема некој голем авторитет, нели?

the carpenter
 
МАНЧЕСТЕРСКА ПРЕМИЕР ЛИГА
А и денес не се нешто лоши. Имаат две круни по ред, на пат се на третата. Неверојатната серија од 11 или 12 натпревари по ред без примен гол е нивни главен адут кон трката за пехарот. Тука нешто не ми е јасно. Голман од калиброт на Ван дер Сар, кој знаеме дека беше бркан од секој тим каде што ќе стапнеше, на свои 38 години конечно научи да брани? Дали рекордот кој стои после неговото име е тотална негова заслуга? Или пак неверојатно цврстата одбрана? А дали да го занемарам фактот дека Манчестер не прима голови само во Премиер лигата, а прима 1 или повеќе на скоро секој натпревар од друг ранг на натпреварување? Или пак, кога ќе се подзамислам малку, веднаш ми светнува...дали некои од Вас знаат дека после мечот со Арсенал, на кој Манчестер ги прими последните (два) голови, играше со екипи кои можеби ниту еднаш (ниту еднаш) не шутираа на голот на Ван дер Сар? И плус на се" е следново: Манчестер играше против екипи кои најмалку од се' би салале да го видат Ливерпул како прв на крајот ( зборувам за Евертон) или пак тимови кои како предводник имаат играчка легенда на „црвените ѓаволи“. Меѓу нив е еден Виган, па дури и “лутиот“ (ставен во наводници, нормално) ривал Манчестер сити. Кој ги гледал утакмиците барем малку видел и знае. Сите овие екипи беа статични против “силниот“ Манчестер, а како за пример, играат како во транс против Ливерпул, и не само Ливерпул. Слично и против Арсенал, па можеби и Челси. За релацијата на дуели Ливерпул - Стоук - Манчестер воопшто не ми се започнува конверзација.
Бенитез, тренерот на Ливерпул, како да го дели моето мислење, но не сум во висок процент уверен. Тој пред месец со неколку изјави започна медиумска војна со Алекс Фергусон, а главни аргументи на Бенитез беа поплаките на Фергусон на секоја судиска одлука која е на штета на Манчестер. Па тоа некако и ја потврдува мојата „теорија на заговор“

the carpenter
Најголем удел во рекордот од 14 натпревари без примен гол има Ван Дер Сар. Ако тој не бил сконцентриран барем еден момент од натпреварот тој сигурно ке прими гол без разлика дали игра со најдобрата одбрана во светот. Ако имаш барем гледано неколку натпревари од овие 14 последователни “клин шитс“ на ВДС ке заклучиш дека тој го има најголемиот удел во овој рекорд

Не само за релацијата на дуели Ливерпул - Стоук - Манчестер туку збори и за релацијата на натпревари што Стоук ги има одиграно со останатите два тима од “големата четворка“. Ако ги имаш гледано натпреварите на Стоук против “големата четворка“ ке заклучиш дека фудбалерите на Стоук сите натпревари ги одигра на највисоко ниво и беа крајно мотивирани.

Кој губи има право да се лути.
 
Не можи рекордо на Ван Дер Сар да е тотално негова заслуга. Не, тој е заслуга и на Видич, Фердинанд, Евра, Невил, Рафаел, Гигс, Керик, Роналдо, Флечер, Сколс, Парк, Бербатов, Тевез и Руни. Цврстината на првите 5-6 мина, и контролата на топката во напад на останатите, овозможува Ван Дер Сар многу ретко да ја гледа топката во негова околина.

Се извинувам шо е на српски, ама морав да прикажам зошто Фергусон е Сер Фергусон.
"Dani je samo dete i Aleks je takav i ne voli da se neko previše podigne kada je previše mlad. On mora da nauči mnogo lekcija i biće još mnogo godina ovde na Old Trafordu. Aleks ljut na način na koji je proslavio gol u Derbiju, misli da je tu bilo malo arogancije", rekao je Rajan Gigs.
 
Реднап настапува со млади фудбалери во Купот на УЕФА

Полека, но сигурно чекори кон самоуништување. Вистински пример за тренер кој ја води најдобрата трансфер политика некогаш видена во Премиер лигата.

Секоја чест, нека продолжи така. :pos:

Дали ова значи дека и Арсен Венгер го води Арсенал кон самоуништување? :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom