Exclusive глупости, кичерај и сељанштана

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Антонио - Принц :pos2:

index%20golema_14.jpg
Антонио е млад Струмичанец кој што студира во во Италија, на Факултетот за мода и дизајн во Римини. Тој е голем зависник од своето друштво, журките и шетањето. Како што може да се забележи и на сесијата, теретаната му е омилено место за поминување на времето а кошарката исто така му е омилен спорт.

Што се однесува на неговото целосно „откривање“ тој тоа би го направил само или како што тој се изјасни „строго за Playboy“.

Мотото му е „Живеј го секој ден како да ти е последен“. Погледнете....

Ова е фотосесија на која МОРА да се фати сеир. :pos:
линк

И кога го прочитав сево ова се запрашав, во мене ли е проблемот? :pos:

мрднат ...... :tapp::tapp:
 
види го какво ееееее, душиче. :tv::tv:тешко него
 
Хахаха, сајтот на Ексклузив најчитан со 20 000 посетеност дневно. :nesvest::nesvest:
Дури и А1 дневно има околу 130 000 посетители.

А за Супер Боба - no comment. Си најде Џаро нова замена за Бокица.

BTW, според Алекса најчитани македонски сајтови се: 1) Идивиди, 2) Он Нет, 3) А1, 4) Кајгана.
Гоогле го држи првото место воопшто. Кај е тука најчитаниот Ексклузив??
 
Алекса не е некој најточен извор, затоа што мислам дека ја вбројува посетата на еден сајт само ако пред него се пише www. А некои сурфери пишуваат на пример само Кајгана. Вака мислам дека не се вбројуваше официјална посета на сајт.

Ако не сум во право нека ме демантира некој :).

Инаку ова Ексклузив - ов е најпосетуван од личности од 11-16 годишна возраст, а Кајгана е посетувана од личности од 7 до 77 години :)
 
знам дека алекса не е ниту добар извор, само онака го наведов :)
се сеќавам едно време „Вечер“ на големо се пофали дека тие биле најчитан медиум на интернет според алекса :pos2:, а сега и а1 и вест го престигнаа вечер според истиот извор :pos2:

А за Ексклузив, емисијата ми е така-така, сајтот катастрофа - не можам ништо да најдам многу им е неуреден, а додатокот во Шпиц - ноу комент. Мислам дека и Наш свет во 90тите беа графички подобри.

П.С. Од недела нов таблоиден магазин на А1 - ФАЦИ. Водител Зоран Василевски со уште двајца некои :nesum:
 
Еј,кај го нашол Џаро оној не ми е јасно.па видовте што песна пееше Уџи Слободноооооооооооо од Лепа Брена,идол му била и многу сакал да имитира познати пејачи.Каков ретрддд!
 
а што се случило меѓу Боки 13 и Џаро? Слушнав дека се скарале нешто
 
Хахаха, сајтот на Ексклузив најчитан со 20 000 посетеност дневно. :nesvest::nesvest:
Дури и А1 дневно има околу 130 000 посетители.

А за Супер Боба - no comment. Си најде Џаро нова замена за Бокица.

BTW, според Алекса најчитани македонски сајтови се: 1) Идивиди, 2) Он Нет, 3) А1, 4) Кајгана.
Гоогле го држи првото место воопшто. Кај е тука најчитаниот Ексклузив??
Oкеј де, секој може да си праи филм самиот дека е најчитан :)

Алекса не е некој најточен извор, затоа што мислам дека ја вбројува посетата на еден сајт само ако пред него се пише www. А некои сурфери пишуваат на пример само Кајгана. Вака мислам дека не се вбројуваше официјална посета на сајт.

Ако не сум во право нека ме демантира некој :).

Инаку ова Ексклузив - ов е најпосетуван од личности од 11-16 годишна возраст, а Кајгана е посетувана од личности од 7 до 77 години :)
Не се работи за тоа дали е без или со www (топ левел доменот е битен, не се битни ни сабдомени), туку за да им се разјасни на сите како Alexa го прави рангирањето, еве на кратко за да сфатите еднаш засекогаш и да нема дилеми:

Alexa го врши рангирањето користејќи податоци исклучиво од корисниците кои имаат инсталирано Alexa тулбар (а не од сите посетители кои доаѓаат на одреден сајт). Понатаму, рангот е комбинирана вредност од посетители и број на прегледани страни. И тоа, просечна вредност за последните три месеци.

Штом не е од сите посетители, се знае колку може да биде релевантно ваквото рангирање. Колку луѓе познавате кои имаат инсталирано Alexa тулбар? Еве нека се и 50 до 100 луѓе во Македонија, па и 1.000 (а ова се претежно оние кои имаат сајтови). Друг некој не гледам зошто би инсталирал тулбар. Сепак, Alexa може да се користи да даде некоја каква-таква слика за тоа кои се топ сајтови во некоја земја или глобално. Најпосетуваните 10 ќе бидат на врвот на најпосетуваните 10 и на Alexa, сигурно на врвот нема да биде некој "чкљ" сајт но кој ќе биде прв, а кој на 5-то или 10-то место во никој случај не е вистинската слика. И обратно, тапа сајтовите сигурно нема да бидат во првите топ 10 ниту на Alexa.

Единствената релевантна статистика за посетеност на некој сајт може да биде директно од неговиот сервер.
 
Супер Боба има нов фан..ЈАС:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
Ке почнам да мсилам дека сме дебилна нација ради таквите о БОБА БОЈАНА и ФИФИ
 
Иначе Боба е голем талент не се зезајте,и не знам кај читав,сакал да се пријави за Евровизија и да ја претстави Македонија во најбоље светло.Сачувај Боже:pop:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom