Ги обожавам Ју групите, ги обожавам песните од тоа време. Не можам да издвојам некој посебно, затоа што едноставно општо групите од Ју времето си ги сакам и нивните песни секогаш ме развеселуваат.
Штета што нема веќе таква музика или е ретка или не доаѓа до израз.
Точно така, се согласувам со тебе. Порано се дешаваше војна меѓу музиката, се бореа која група кој пејач ке го заземе а и плус какви хитови има, што денеска сеуште се слушаат да не ги набројуваме а од којзнае која година. Еве денеска нема ниту еден НОВ бенд кој ке вади ваква музика која ке прави хитови, едноставно само Divlje Jagode и Crvena Jabuka работат уште, али неможе се они дават све да работат, некогаш и они ке се разделат, ке немаме наследници. Стварно се надевам дека некој бенд ке излезе и ке направи спектакл, да го врати рокенролот ли како да го наречам овие прекрасни ју-рок песни.
Еве нешто пред нова година Ален и Тифа заедно најавуваат нов албум дека ке бил 100% рок, и дека би требало некој хит да излезе. Стварно сакам нешто да живне таа музика, тај жарн, бидејки преку глава ми е од Сека,Цеца и други.