Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Tranquilis, можиш да ми кажиш кој е поводов со попустиве на Wizz вака изненадно? Конкретно за FMM-SKP.
И до кога ќе траат попустите? Да знам дали да купувам карта одма или можи да почекам уште некој ден...

За причините не можам (смеам) да дискутирам ;) Но, можам да ти кажам дека попустот е на сите двеста седумдесет и осум рути, причините и ефектите не се ексклузивни за Скопје - Меминген.

Во врска со времетраењето, да се цитирам од претходната порака - Бонус: од денес до недела 20% попуст, денес за Wizz Discount Club, од утре до недела за сите.
 
@Tranquilis промена на датумот за летање преку Визер можам да направам преку веб страната и ќе морам да платам со виза картичка, а не преку банка? И доплаќам 30 евра, плус разлика на цената на билетот? Фала ти!
 
Дечки ај кажете преку која компанија најефтино би ме чинел лет за во еден правец до Сиднеј?

И дали ако се резервира уште од сега ќе се избегнат зголемување на ценита на картите? Пошто ако кај нив е зима тогаш нормално е повеќе луѓе да летаат и цените да растат... нека ме исправи некој ако сум грешка.. поздрав

За кога ти треба карта?
Јас летав Скопје-Виена-Сингапур-Мелбурн, без прекачување во Сингапур, и повратна ме чинеше 2000 евра со Аустриан ерлајнс. Гледам и сега ја има истата варијанта само место Мелбурн имаш Сиднеј и кошта приближно исто пари 1469 евра за 19 октомври годинава (јас тој датум за пример го зедов). Инаку за истиот датум најефтино имаш со Туркиш + Бритиш ерлајн со две прекачувања во Истанбул и во Лондон=1225 евра.

Не знам види што ти одговара www.skyscanner.net ти ги дава можните опции па ти види која ти фаќа највеќе око.
 
@Tranquilis промена на датумот за летање преку Визер можам да направам преку веб страната и ќе морам да платам со виза картичка, а не преку банка? И доплаќам 30 евра, плус разлика на цената на билетот? Фала ти!

Колку што знам, да.
 
За кога ти треба карта?
Јас летав Скопје-Виена-Сингапур-Мелбурн, без прекачување во Сингапур, и повратна ме чинеше 2000 евра со Аустриан ерлајнс. Гледам и сега ја има истата варијанта само место Мелбурн имаш Сиднеј и кошта приближно исто пари 1469 евра за 19 октомври годинава (јас тој датум за пример го зедов). Инаку за истиот датум најефтино имаш со Туркиш + Бритиш ерлајн со две прекачувања во Истанбул и во Лондон=1225 евра.

Не знам види што ти одговара www.skyscanner.net ти ги дава можните опции па ти види која ти фаќа највеќе око.

Ќе проверам... фала ти многу
 
Значи сакам да купам карти за 8 луѓе, веќе имам Wizz Discount картичка, со која имам некој поволности меѓутоа сакам и ова да го искористам заради шо станува збор за сума над 300 евра, е сега прашањето е. Дали можам за 8 луѓе да платам и како преку Call center, тоа го видов само не знам како оди, ќе ми кажат сметка да уплатам или како?
Што е Wizz Discount картичка? Има врска со клубот или е друго?
 
Tranquilis, дали ако се зачленам сега во WIzz Discount Club ќе можам веднаш да купам карти со тој попуст, или треба да се чека некое време за одобрување на членството?
Ми треба итно информација, сакам до утре сабајле најдоцна да купам карти...

И врз која основа се менуваат цените на картите? Дали спрема бројот на купени карти или пребарувања за одреден датум?!
 
дали ако се зачленам сега во WIzz Discount Club ќе можам веднаш да купам карти со тој попуст, или треба да се чека некое време за одобрување на членството?
Ми треба итно информација, сакам до утре сабајле најдоцна да купам карти...!

Да, можеш веднаш да купиш карти со тој попуст. Заедно уплаќаш за картите и 30 евра за членарината.
 
Мислам дека овој попустот е лага невидена, прво ги зголемија картите по 30 проценти па потоа даваат попуст, јас сакав да купам 8 карти, четвртокот беа 230 евра сега се по 300 евра, без разлика што имам discount картичка сепак ќе си одам преку друг аеродром со друга компанија.
 
Колку за информација, цените се менуваат од ден на ден, некогаш кон поефтино, некогаш кон поскапо.
(не сум сигурен за интервалот дали е точно ден или помалку, тоа би можел Tranquilis да го одговори)
 
Цените не се фиксни друже... Јас две недели проверував кога ми требаа за да начекам најевтина карта, секој ден ми вадеше различна цена
 
Колку за информација, цените се менуваат од ден на ден, некогаш кон поефтино, некогаш кон поскапо.
(не сум сигурен за интервалот дали е точно ден или помалку, тоа би можел Tranquilis да го одговори)

Јас барем на два месеци летам со wizz и не е баш како што кажувате многу многу ретко цените се спуштаат главно еднаш кога ќе се зголеми останува така. Единствено еднаш сум имал искуство за Скопје-Ајнховен да ја начекам од поскапа кон поефтина, во другите случаеви кога ќе порасни цената тоа е тоа. Кај многу компании цената не е фиксна меѓутоа вакви екстремни разлики често се среќаваат
--- надополнето: 8 април 2013 во 01:16 ---
Цените не се фиксни друже... Јас две недели проверував кога ми требаа за да начекам најевтина карта, секој ден ми вадеше различна цена

И најчесто одеше кон повисока и повисока
 
Ми се трошеше време, наместо да работам :tapp:, па за статистика направив еден мал сервис:

http://ekstrakt.selfip.com/wizz

Сервисов еднаш дневно ги зема цените за Скопје-Ајндховен, за на 28-ми јуни и 01-ви јули, па од собраните податоци црта графикон, за да видиме како ќе се движат цените во следниве два месеци.

Дестинацијата и датумите се одбрани случајно, ако сакате за друга дестинација или датуми, предложете.

Tranquilis на колку време се менуваат цените на WizzAir сајтот, за да го подесам сервисот?
 
Tranquilis, дали ако се зачленам сега во WIzz Discount Club ќе можам веднаш да купам карти со тој попуст, или треба да се чека некое време за одобрување на членството?
Ми треба итно информација, сакам до утре сабајле најдоцна да купам карти...

И врз која основа се менуваат цените на картите? Дали спрема бројот на купени карти или пребарувања за одреден датум?!

Гледам веќе ти одговориле во врска со првото прашање. Второто - спрема бројот на купени билети - има ограничена алокација на ефтините билети, се алоцираат според ценовни класи. Ако се продадат во поефтината, цената автоматски оди нагоре. Ако не се продадат по одредена цена подолго време, можно е цената да се симне една класа, но веројатноста дека нема да останат продадени на пониската цена е многу мала. Разлика меѓу ценовните класи е 10 евра кај пониските, 20-30 евра кај повисоките.
--- надополнето: 8 април 2013 во 09:53 ---
Ми се трошеше време, наместо да работам :tapp:, па за статистика направив еден мал сервис:

http://ekstrakt.selfip.com/wizz

Сервисов еднаш дневно ги зема цените за Скопје-Ајндховен, за на 28-ми јуни и 01-ви јули, па од собраните податоци црта графикон, за да видиме како ќе се движат цените во следниве два месеци.

Дестинацијата и датумите се одбрани случајно, ако сакате за друга дестинација или датуми, предложете.

Tranquilis на колку време се менуваат цените на WizzAir сајтот, за да го подесам сервисот?

Хаха, баш ми се допаѓа. Еве и јас наместо да работам пишувам пораки на Кајгана :pos:
Користиме вакви сервиси за следење на конкуренцијата, со тоа што се следат голем број на рути и скоро сите датуми кои се во продажба. Најмногу што можам да ти кажам во врска со алгоритмот на менување на цените стои во поракава, во одговорот на претходниот пост.

Да ти дадам уште една идеја - си слушнал за FareCast? Погуглај, сигурно ќе ти се види интересно.
 
Јас барем на два месеци летам со wizz и не е баш како што кажувате многу многу ретко цените се спуштаат главно еднаш кога ќе се зголеми останува така. Единствено еднаш сум имал искуство за Скопје-Ајнховен да ја начекам од поскапа кон поефтина, во другите случаеви кога ќе порасни цената тоа е тоа. Кај многу компании цената не е фиксна меѓутоа вакви екстремни разлики често се среќаваат
--- надополнето: 8 април 2013 во 01:16 ---

И најчесто одеше кон повисока и повисока

Ако се обидуваш да начекаш карта ептен оноа да речеме по 15 евра у правец верувај немаш шанси. Неможе од проста причина што картите се однапред пуштени да се продаваат и стално некој купува. Во сооднос на тоа се поместуваат и цените. Секој ден како доаѓа посакуваната дата, плус моменталниот број на продадени карти за тој ден се тоа влијае на цената. Јас значи изгледа сум еден од ретките што успеав да земам карта за Малме за 35 евра ама тоа го направив така што само што објавија дека Визер воведува 6 лета од Скопје наредниот ден одам у банка ставам пари и тоа е. После тоа цените рипнаа на се. Еве сеа за Стокхолм картата ме кошташе 6000 скоро ама пак ја земав 3 дена откако го објавија тоа. Сега за тие дати картата е 12 000. Спореди ги цените и со Белград ќе видиш скоро идентично е. За линии за кои има интерес картите се тие цени. Тревизо пошто не е баш популарна дестинација има карти за 700 денари. Тоа е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom