Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Ги разглеав составите и поголем оптимист сум дека можеме до втората фаза со две победи и тоа!!
Германците имаат слаб тим многу, од појаките играчи би ги издвоил Клајн од Кил и Хенс, секако тука се Гландорф, Шпренгер и Рогиш како поискусни ама не се ништо посебно. Го немаат ни Битер више, ни искусните крила. Иако не ги знам овие млади играчи, сигурен сум дека не се нешто посебно пошо играат во послабите тимови у бундес како Лемго, Гумесбах и остали.

Чешка е исто ко Црна Гора на европското во кошарка, исфорсирана до небо поради Јиха, другите играчи играат во екипи кои се далеку послаби од Металург. Не ми се познати ниту еден од нив, но Чешка ќе изиграт слабо првенство.

Мислам дека тој еден пораз же ни биде со Шведска, секогаш скандинавците ни биле слаба страна поради брзиот ракомет, Шведска никогаѓ не биле нешто посебно но сега имаат добри играчи у најјаките европски клубови. Шведска е убедливо најјака у нашата група.

Едвај чекам да почне првенството, се надевам барем на нешто светло у јануари покрај двата dafuq испити и ниските температури.

Оу ноу! Полека, не ми се допаѓа ова! Заборави дека ти треба да бидеш песимист !? :D
 
Дечки дали некој можи овде да ги пиши играчите кои ке патуваат во Ниш, и да ми кажите во колку часот ги играме трите натпревари во групата??
 
Не ми е јасно како само со 2 подготвителни натпревари одиме на европско првенство :tapp:
 
Не ми е јасно како само со 2 подготвителни натпревари одиме на европско првенство :tapp:
Родени подготвени сме ние.
10 дена ќе прегорат од подготовки.. Нова година, Бадник, Божиќ .. повеќе од 2 подготвителни натпревари испаднаа..
 
Ги разглеав составите и поголем оптимист сум дека можеме до втората фаза со две победи и тоа!!
Германците имаат слаб тим многу, од појаките играчи би ги издвоил Клајн од Кил и Хенс, секако тука се Гландорф, Шпренгер и Рогиш како поискусни ама не се ништо посебно. Го немаат ни Битер више, ни искусните крила. Иако не ги знам овие млади играчи, сигурен сум дека не се нешто посебно пошо играат во послабите тимови у бундес како Лемго, Гумесбах и остали.

Чешка е исто ко Црна Гора на европското во кошарка, исфорсирана до небо поради Јиха, другите играчи играат во екипи кои се далеку послаби од Металург. Не ми се познати ниту еден од нив, но Чешка ќе изиграт слабо првенство.

Мислам дека тој еден пораз же ни биде со Шведска, секогаш скандинавците ни биле слаба страна поради брзиот ракомет, Шведска никогаѓ не биле нешто посебно но сега имаат добри играчи у најјаките европски клубови. Шведска е убедливо најјака у нашата група.

Едвај чекам да почне првенството, се надевам барем на нешто светло у јануари покрај двата dafuq испити и ниските температури.
Швабите се многу јаки.Последниве неколку години играат многу слабо.Најголеми андерпреформери се. Можеби оваа година ќе се смени тоа.Генцхајмер,Гландорф,Рогиш,Хенс,Клајн,Грецки.......и плус уште неколку играчи од РНЛ и Фуше Берлин.Тоа се 2 од 4 најјаки екипи во Германија.Не се сите од Лемго,Гумерсбах и сличните.Тие најверојатно ќе отпаднат од списокот покасно.
 
Подобро со две контроли да одиме,отколку да изиграме 10 па да се повреди некој:eek:
И така неаме замени,не дај боже да се повреди некој од прва постава и толку(пу,пу скраја да е)......
Плус грото од играчите имаа преку 20 силни утакмици(ова се однесува посебно на играчите на Металург)...па ќе бидат доволно спремни(како никогаш досега)....
П.С.
Да се надоврзам на муабетот на the trooper...
Геншајмер(левото крило на Германците)дечкото е машина...
Според мене сигурно ќе биди во конкуренција за ол-стар тимот(секако доколку Швабите дотуркаат во втора фаза,да се надеваме дека ќе им ги расипиме сметките):нинџ:
 
Што се однесува за предлогот е супер да се покрија скопско но исто треба и на кошаркарските дресови каде наместо Македонија стои витаминка :facepalm:

Витаминка стоеше пошто требаше фиром а нашите не сакаа така па затоа спонзорот стои.

Дај кажете колку е српскиот динар во однос на еврото.:)
 
Eпа дечки, обично важам за баксузен човек, но ете овој пат среќата беше на моја страна. Од игуана ги земав последните 2 блок карти. Колку сум среќен, не се опишува :) Ниш 2012 се чека!
 
Абе Германија има класа играчи не зборајте глупост .. Уве левото крило на Рајн Некар Ловен е најдобро лево крило моментално на светот. Потоа еден Шпренгер , Доминик Клајн , Гландорф , Хенс , Цајц деснио бек на Кил ако проработат како екипа тешко дека ке ги застаниме.
Чешите не се репрезентација за потценвање во никој случај го имаат еден Јиха , Јан Филип од Шафхаузен одличен бек , Собол не е лошо крило од натпреварите кои ги гледав солиден играч. Не го знам останатиот дел од тимот ама сигурно на овие играчи се темели цела Репрезентација.
Швеѓаните ако играат со најдобриот состав сигурно ќе бидат први бидејќи во тимот ке имаат искусни играчи на сите позиции. Тука е еден Ким Андерсон на десната бековска позиција, Маркус Алм како пикер , Калман машина е во последно , Додер како мозок на екипата , Никлас Екберг од екипата на Копенхаген е во страшна форма најдобар стрелец им е , Петерсен исто така од Силкеборг страшен играч и Оскар Карлен од Хамбург прави репрезентација од која и Франција би се заплашила .
 
Алм,Калман и Карлен НЕ ИГРААТ дефинитиввно на ЕП;)
 
Не верувам германија дека ке ја тепаме...

па ако влеземе со комплекси никого нема да тепаме.. ако можевме во кошарка една Русија на 2 меча у ќош да ја ставиме сигурно можеме и швабиве..само нас не ебе комплекот на нижа вредност..то ти е
 
.само нас не ебе комплекот на нижа вредност..то ти е
Јас баш спротивното го мислам. Во кој спорт и да играме со фаворити сме многу подобри него со послаби. Ако така велиш тогаш како ја тепавме полска која беше бронзена, па стигна до финале пред 2 години ? Или германија која успеа да го намести Кире за црвен и да не тепаат, а претходно имавме натпревар на историјата?
Во кошарка 2009 кога беше македонија-грција сите еуфорични ау ќе тепаме, што ни можете и ни одржаа лекција со 30+ победа. Ама затоа после 2 години си ја научивме лекцијата и влеговме со нив како со секој обичен натпревар и резултатот сам доаѓа. Литванија, Словенија, Грузија, Хрватска, БиХ како ги тепавме кои важеа за фаворити за со нас?

Точно е дека Македончето секогаш го смета туѓото за подобро, ама на спортски натпревари имаме докажано дека не е така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom