За атмосфера!
Марин Ле Пен е следна, мора или до темел да се промени функционирањето на Германско-Француската унија, Унија која требало да биде економски двигател, да ги сопре сите војни на европско тло. Или да се распадне.
Стигнаа до таму да имаат знаме и химна, обид за Устав, па дури и војска. Ова не е економска унија, ова е класична федерација, со унифицирани правни рамки, институции и тела кои го уништуваат и сузбиваат државниот суверенитет.
И ние никогаш нема да станеме држава-членка, требаше во 2025, па се помести за 2030, следното поместување ќе биде за 2035! Премногу сопки, премногу предизвици кои овој народ не смее да ги проголта. Нема потреба од дополнителни правни, историски и уставни отстапки.