Денеска имаше новости од министеров за финансии во Германија. До 2030 ќе имаат дупка од над 80 милиарди во буџетот во Германија. Дури и оваа година мислам дека 17 милиарди помалце. Е сега Мерц испумпа еден кредит огромен, со што мислеше дека цените на нафтата и енергенсите ќе бидат како во минатото од Русија и ќе нема гајле. Сад многу лошо ги заебаа со Иран. Уште и такси им наредија. Растот што го планираа веќе не е 1% туку 0.2 според последниве корекции за 2026.
Пазарот дома и на улица не е ист испаѓа, економистите кои го критикуваа Мерц околу новиве задолжувања сега за сега во право. Преоптимистички најави и прогнози. Плус доста неефикасно завршуваат некои пари.
Во министерството за одбрана имаше една дубара дека 47.000 договори се потпишани од 2022 до сега во вредност од 111 милиарди. Од кои на повеќето не им се знае каде завршиле. Изговори се дека инфлацијата изела доста од вредноста на парите. Пример ги фатија со дизел контејнери за армијата од компанија alfons haar. Во 2021 купиле 153 контејнери во вредност од 22 милиони. Пазарна цена им дале 142.000 за контињер. Сега пак сакале да купат 902 контињери, цената која ја договориле била 263 милиони или дури дупло повеќе од таа во 2021. Дури 300.000 евра за контејнер. Е сега ги фатија живо како сакаа да го изгураат договоров и го стопираа. Пример цената на цивилниот пазар за таков сличен контејнер е дури 60.000 евра. Разликата е што само овие за цивилниов пазар немала интегриран агрегат за во случај на останување без електрична енергија и пумпа. Но и во тој случај цената неможе да биде 300.000 евра дури и таа во 2021 140.000 е луда.
Па се правдаа дека морале да работат на температура од -32 и +50. Да биле тивки и да биле отпорни на електромагнетни. Ама не им помина. Е сега најитнересното е што државата платила за развој на истиве контејнери ама правата на патентот ги задржува компанијава

Сега, војската не смее да побара понуда од друга (поевтина) фирма, бидејќи само оваа фирма има право да ги произведува токму тие контејнери.
Корупција спакувана по демократски. Господ знае колку пари направија со Украина.