Редно беше и Макаби да игра едно финале, и тоа на каков начин успеаа да се вратат прееска од загубен меч, секоја им чест. За Реал што да се каже, кога ќе им тргне, посебно шутот за 3, нема екипа која може да ги запре.
Реал ќе биде голем фаворит во финалето, уште сега ако не освојат не знам кога ќе освојат, Макаби е добар тим ама мислам нема сили да ја запре оваа машинерија.
Ептен ми е мерак за Макаби тим бес некоја голема звезда,а игра колективно,предвоедна од еден од најдобрите тренери у Европа.единственото нешто у кое што Макаби има предност против Реал е тренерската позиција,Блад е Фил Џексон за Ласо.Реално Макаби и денеска играше солидна одбрана против Цска,ретко да имаа отворен шут за три русите.Само не знам како ќе се носат под кош со центриве на Реал,поготово што Скорцијанитис брзо влага у проблеми со лични грешки.да беше Шон Џејмс тука ќе беше друга работа,вака богами ќе мора да се надминат самите себе.
Иначе утре од 12 часот со пренос на СК2 се игра финалето од Евролигата за млади, Реал - Цвезда играат финале, а во тимот на Реал игра и нашиот Андреј Магдевски.
Maкаби како на домашен терен.
Истиот коментатор од мечот ЦСКА - Макаби, ама мислам дека малце е подобрен, подобрен мислам на тоа дека ќе се дери на моменти )
Добро прво полувреме,не му фати шут на Реал како против Барса,а и мора да се пофали Макаби-одлична одбрана играат. Сепак се гледа дека фали уште еден висок играч кај Макаби,во второ полувреме сите поени на Реал беа по офанзивен скок. Исто МОРА некако да проработи Хикман,прво полувреме 3 пати го залепија и се гледа дека е нервозен,ништо не му оде од рака.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.