Sebastian
Too weird to live, too rare to die
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 606
- Поени од реакции
- 9
А што? не ти одговара Mousedonia?
Може и тоа, ама Булшидонија е за поголем резил што ќе си го заслужиме ако се согласиме.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А што? не ти одговара Mousedonia?
Може и тоа, ама Булшидонија е за поголем резил што ќе си го заслужиме ако се согласиме.
Кај тој може и сојка....E nego jaze ne go krepi (tupurko)
taka da
CE GO PUKAM B(L)eee:pos2:
Линк:Утре нова рунда преговори за името
16.03.2008 19:04Нова рунда преговори за името со надеж дека македонската и грчката страна ќе најдат заеднички јазик за приближување на веќе зацементирани позиции.
Утрешните преговори во Виена се сметаат за едни од клучните меѓу Атина и Скопје. САД и ЕУ инсистираат билатералниот спор да биде затворен пред самитот на НАТО во април.
Претседателот Црвенковски веќе ретерираше, најавувајќи дека Македонија би можела да направи отстапки во преговорите за името, но без притоа да биде ставен под знак прашање идентитетот на земјата.
И аналитичарите оценуваат дека Македонија ќе мора да ја омекне сегашната тврда позиција.
„Мислам дека непотребно се излезе со многу силни позиции во јавноста и со тоа се створи еден ригиден став кон Грција. Нашиот став е познат, дека уставното име не се менува“, изјави Дане Талевски, Институт за демократија.
„Немаше потреба тоа да се резонира толку гласно и на еден таков офанзивен начин. Евентуалното грчко вето е еден негативен потег кон целиот регион и кон НАТО како асоцијација, нема да донесе ништо добро за регионот, нема да донесе ништо добро и за Грција“, вели Талевски.
„Мислам дека се уште постои простор за да се најде решение. Тоа не значи промена на уставното име на Република Македонија, но наоѓање компромис и во таа смисла мојот став и понатаму е дека треба интензивно да преговараме“, рече Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана.
„Јас не би сакал да не одминат сега во поканата за НАТО, но во принцип мислам дека ние во оваа состојба немаме некоја алтернатива“, смета Гоцевски.
Дека нема повеќе маневарски простор за импровизација му било нагласени и на премиерот Груевски на петочната средба во Скопје со амбасадорите на НАТО.
На Груевски му било сугерирано да ги подготвува граѓаните на грчко вето, доколку сепак во наредните неколку денови не биде најдено решение за името, дознава А1 од владини извори.
„Сега ќе видиме колку двете страни, односно лидерите на владејачките партии и на лидерите на владите, Караманлис и Груевски, се заинтересирани за иднината на регионот, иднината на НАТО и дали ќе смогнат сили да повлечат непопуларни потези во земјите - Груевски во Македонија, Караманлис во Грција“, додаде Дане Талевски.
Македонија не смее да го пропушти возот за НАТО на претстојниот состанок на Алијансата, затоа што следното проширување на Северноатлантскиот сојуз би можело да се случи за пет до шест години.
Не ги јади барем малце душата. Немаат барем трошка чувство за својата земја? Како се чувствуваат? Како марсовци? Ако се чувствуваат друго освен Македонци, нема потраба да анализираат.