ЕУРО 2020 - Нокаут фаза

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе стигнат до финалето на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Арнаутовиќ играше у осмина финале ЕП против Италија и го гледаше цела Европа. И плус им даде гол.
Не си во ситуација и можност да се потсмеваш. А ако ти остаи комплекси зашо ни го зачука сосе јајца, то е веќ друго.

Калма, не е @Hurin Алиоски, па да го пече ова. Цела Европа го збори Арнаутовиќ само по тоа што направи епска ултра сељачка постапка пцуејки друг колега.

Не знам што е толку тешко да се израдуваш на гол, без да мора да провоцираш некој. Вака испаѓа само ко Алиекспрес Ибрахимовиќ, без мудата и знаењето да го поткрепи курчењето.
 
]


Арнаутовиќ играше у осмина финале ЕП против Италија и го гледаше цела Европа. И плус им даде гол.
Не си во ситуација и можност да се потсмеваш. А ако ти остаи комплекси зашо ни го зачука сосе јајца, то е веќ друго.

Око не ми трепнува за покондурениот селјак од српско свирипичино.
Даде гол од метар и пол во офсајд бобообо најакиот играч.
 
Да бидеме реални на хартија Италија нема некој wow тим. Можам да набројам бар 4-5 репки со подобар тим од нив без размислување. Али на страна тоа нив ги красеше тимската игра и затоа постигнаа добри резултати изминатиов период. Само мое мислење е дека ќе имаат проблем против посилна екипа која знае и одбрана и напад и физички е спремна. Исто проблем кај Италија е што немаат гејм чејнџер, нешто ко Тоти на времето, ко Баџо, ко Делпиеро. Инсиње ги кочи премногу, за мене најпреценет играч во Италија, УБЕДЛИВО, Имобиле сам не може да искреира ништо, башка и знае доста да утиња, просечни бекови имаат, средината им е добра али скроз вон форма се Барела и Верати, одбраната исто им е добра. Приметувате ваљда дека има многу играчи од послаби екипи, од Сасуоло, од Аталанта (ок не се слаби овие), итн. Не ги потценувам ама муабетот ми е дека пола од овие, а може и више, немаат играно битен меч у кариера и затоа во евентуален дуел со Белгија или Португалија за мене ќе бидат аутсајдери. И да додадам само, Манчини има ужасен ин гејм менаџмент, вчера со само една или две порани измени ќе го добиеше мечот во регуларен дел, а тоа е внесување на Киеза место Берарди, Локатели место Верати или Барела кои беа дрва, и евентуално Белоти место Имобиле. Ама не, Манчини до 85 минута чекаше, му ебам тоа шупакот.
 
Летаргично многу.
Италија ептен не ефикасна пред гол, тој убиствен последен удар го немаат.
Имобиле добро покриен, дури и изолиран, секогаш околу него гужва.
Инсиње братот со тие некои wannabe baggio/totti/del piero моменти изгледаше деконцентриран и недетерминиран.
Искрено и цело време играат како фаворити со сите противници, што е доволен притисок сам по себе. Мислеа дека лесно ќе поминат, ги потценија, морам да кажам дека делуваа како “Кастиљеховци (барбики)” со тоа сакоата демек види не класа ќе се прошетаме. Потценувачки пристап кон “Германски борбената и кохезивна” Австрија.
Сосема респектабилен настап, па и повеќе од тоа.

Се растрчаа тука ко муви без глави Италијаните кога видоа дека им идат дополнителни 30 минути.
Им требаат многу шанси, многу дремење пред противнички гол за да го постигнат.
Белоти многу индиспониран.

Може Италија игра ептен различно и отворено, и сите као еј топ игра Италија, самата нивна промена во игра е како откровение на европсково. Ама за сметка на тоа, ја изгубија онаа убиственост по контри од минатото, која им носела титули и одлични пласмани на ЕП/СП.

Може имаат стил на облакање, ама го изгубија фудбалскиот.
Австрија со 11 играчи се бранеа се додека не примија гол и ти викаш Италија биле лоши, после тоа Италија 4 шанси имаа само шо не беа доволни концентрирани во финиш.
Фала богу испаднаа со тој анти фудбалот на Ото Рехагел и вонаби Грција.
 
Австрија со 11 играчи се бранеа се додека не примија гол и ти викаш Италија биле лоши, после тоа Италија 4 шанси имаа само шо не беа доволни концентрирани во финиш.
Фала богу испаднаа со тој анти фудбалот на Ото Рехагел и вонаби Грција.
Ќути ко да немаа Австирците шанси на 2-1 следната поцврста екипа ќе ја ишутира Италија.
 
Австрија со 11 играчи се бранеа се додека не примија гол и ти викаш Италија биле лоши, после тоа Италија 4 шанси имаа само шо не беа доволни концентрирани во финиш.
Фала богу испаднаа со тој анти фудбалот на Ото Рехагел и вонаби Грција.
Епа ај ако не сите екипи да им играат отворено за да може Италија голови да дава. Никад немале 4 шанси, една имаа и тоа беше шут од 16 метри на Барела кој беше одбранет со нога од голманот. Стативата на Имобиле не е шанса, него мајсторија која за малце не влезе, али муабетот е дека не беше од изградена акција. Прелоши беа вчера Италијаните.
 
Кога гледам како господинот Чиро Имобиле не се двоуми дали треба да шутне или не само се препуштам на неговата игра и уживам. Ова ни е последниот активен калчо романтичар покрај Кваљарела и воедно калап кој потсетува на репрезентацијата што освои светско.

Се слагам во голем дел со мислењето на Стефан погоре, ама сметам дека Инсиње е и те како важен играч и можеби еден од најталентираните во тимот, тоа што синоќа се бореше со буквално џинови по негова страна мислам дека му ги лимитира можностите (упати само еден шут на гол, ништо посебно). Не ми текнува на ниту еден Италијанец кој би бил добра замена за Инсиње. Истото се случуваше и со Берарди на другата страна, не може онде против Алаба кој е во секој поглед доминантен и тука Манчини требаше да реагира порано со Киеза.

Манчини не ми е разбирлив со некои потези, на одбрана Бонучи-Ачерби многу лесно може сериозен напаѓач како Лукаку или Роналдо да ги уништи. Австрија едвај 2-3 пати нападна, и во тие 2-3 пати одма се видоа слабостите на одбраната. Не ми е јасно зошто Бастони, можеби најдобриот бек моментално во тимот седи на клупа на сметка на еден од овие двајца (не го рачунам Кјелини пошо којзнае дали ќе се врати на турниров), иако секоја чест за Ачерби и тоа што двапати победи рак и не престана да игра на високо ниво. Единствено за Спинацола не би кажал ништо лошо, го пратев бајаги во Рома сезонава и мислам дека има очигледен напредок во неговата игра, особено офанзивно и ми се свиѓа општо како играч.

Распадори, Толои, Кристанте (???) се генерално просек, тука го додавам и Бернардески кој имаше ужасна сезона зад себе и не ми е јасно зошто беше земен на турнирот, и кога ќе се земе сето ова, тешко дека Италија би одела до крај. Тимската хемија е очигледна (иако и тука мислам дека се претерува со нагласување како не примила гол и одиграла толку и толку натпревари без пораз кога немаа сериозен тест) ама недоволна во моменти кога треба да се тера на мускули.
 
На италијанциве во оваа постава им фали еден играч како Заниоло кој може сам да повлече напред и со индивидуален потег да направи шанса за гол во нападот.

Nicolo-Zaniolo-Italy.jpg
 
Прво и основно предобар гол на Киеза, од тешка ситуација извади максимум. Какви два контакти со глава и десна нога, го извади од колосек австриецот :cuc:

Генерално очекував Италија да има проблем со репрезентација од типот на Австрија, која е физички јака и знае да игра на резултат. Уште во групите можеше да се забележи дека ќе дојде меч кои тешко ќе го отворат резултатски италјаните, таква им е играта едноставно, малку на мачење.

Стартното трио напред тешко наоѓа решенија, Берарди и Инсиње се мачат во завршницата и честопати прават потег повеќе, а Имобиле и покрај двата гола во групите не успева да се наметне доволно во играта. Сепак мислам дека од тактичка природа ова ќе остане почетниот напад, едноставно за Инсиње нема замена, а Белоти е многу лош и нема никаков квалитет да игра за репрезентацијата. Нема кој друг, не за друго. За десно не може да погреши меѓу Киеза и Берарди, кој и да стартува, може да биде заменет.

Во средината мислам освен Жоргињо, другите треба да ротираат повеќе. Локатели според мене е во најдобра форма, а третата позиција треба да биде меѓу Барела и Верати. Овој првиот имаше одлична сезона, ама досега ништо не покажа, а вториот секогаш може да придонесе со квалитетни потези.

Одбраната, особено централниот дел е според мене најспорен. Киелини е стаклен и дури и да се врати ризик е да биде во почетен состав, Ачерби нема доволно натпревари на високо ниво, а Бонучи... е Бонучи. Не знам зошто не игра Бастони, ама кога досега не доби меч од почеток, нема да ризикува Манчини, преголем притисок ќе биде. Освен секако ако нема повреди или суспензии.

Се на се, покажаа италјаните дека и под притисок може да се снајдат, за почит е како со едноставна напаѓачка комбинација најдоа решение во 105та минута од меч каде што целиот притисок беше врз нив. Во наредната фаза ќе бидат ментално послободни, иако и двата противници се многу тешки. Португалија е лош меч ап за Италија, многу тежок противник, кој игра фудбал што најмалку им одговара на италјаните. Белгија од друга страна има многу квалитет, многу решенија во играта, ама имаат и еден недостаток, а тоа е недоволно самодоверба и тешки нозе во натпревари од нокаут фаза.
 
Калма, не е @Hurin Алиоски, па да го пече ова. Цела Европа го збори Арнаутовиќ само по тоа што направи епска ултра сељачка постапка пцуејки друг колега.

Не знам што е толку тешко да се израдуваш на гол, без да мора да провоцираш некој. Вака испаѓа само ко Алиекспрес Ибрахимовиќ, без мудата и знаењето да го поткрепи курчењето.


Ако си без муда и знаење нема да те земат луѓе од Вест Хем и Стоук. Имаат 5000 играчи, околни енглези во Англија што би го зеле неговото место.


Еве ти доказ.
 
Не знам зошто не игра Бастони, ама кога досега не доби меч од почеток, нема да ризикува Манчини, преголем притисок ќе биде.
Нема играно во 4ка позади, само во тројка. Плус Роби е таков што фура искусни играчи и барем на ова првенство тоа ќе си остане така под услов да не се случи некоја повреда.

Инсиње против било кој дефанзивно пристоен бек има проблеми пошо е миџет скапан неухранет, ама во право сте дека нема замена за него. Уствари Киеза може и лево да игра ама нема везе, кажавме дека нејќе многу многу да експериментира Манчини. Барела треба да биде бенчиран, ужасен е последниве неколку месеци, ваљда Локатели, Жоржињо и Верати би била ок средина, што знам...

Баш ме занима како би изгледал мечот против Белгија која има физички доминантен напаѓач и везен играч кој има ненормална визија на терен. И Хазард на левата страна да не го заборавиме, али ај за тоа повеќе кога ќе знаеме дали ќе играат против нив.
 
просечни бекови имаат

Зошто ги негираш добрите игри на Спинацола, не е нешто вау, ама ова првенство го игра екстра добро и е одличен буст у нападот на Италија
 
Зошто ги негираш добрите игри на Спинацола, не е нешто вау, ама ова првенство го игра екстра добро и е одличен буст у нападот на Италија
Затоа што дефанзивно е слаб. Еве ако играат со Белгија ќе го видиме по таа страна кај што ќе му напаѓаат КДБ, можеби Мение, Мертенс, било кој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom