Ај набројте големи фудбалери од Англија а да се повеќе од 10 рецимо.
Фердинанд, Тери, Ешли Кол, Лампард, Џерард, Сколс, Бекам, Руни, Oвен, Кејн, Линекер, Ширер, па имаш Сол Кембел, Роби Фаулер, МекМанаман, Гаскоин
Нема потреба да форсирате со тоа медиумски исхајпани ѕвезди цело време. Медиумски исхајпани се голем дел од Англиските играчи и таленти, но сигурно тимот на Англија во периодот од 1996ма до 2006та имал/имаше доволно квалитет за да стигне до самиот крај на големите натпреварувања.
ЕП 1996 дома - губат во 1/2 финале на пенали од Германија
СП 1998 - губат на пенали од Аргентина, меч на кој имале водство од 2-1 и кој го играле од 47ма минута со играч помалку (значи цели 75 минути), ради глупиот црвен на Бекам
ЕП 2000 - испаѓаат во групите, пак на екстра глуп начин. Со Португалија пропуштаат водство од 2-0 (губат 3-2), а во одлучувачкиот меч со Романија, Фил Невил прави пенал во 90та со што Романија тепа и оди во следна фаза
СП 2002 - пораз од Бразил во 1/4 финале - меч кој веќе го памтам и на кој пак имаа водство, но Симан прими гол од пола терен од Роналдињо, кој патем и беше одлучувачки. Како и да е, сите памтиме каква генерација имаа Бразил тоа време и мислам дека тука нема никаков блам, да изгубиш 2-1 од таква екипа.
ЕП 2004 - пораз од Португалија на пенали во 1/4 финале, прилично изедначен меч, 1-1 по 90 мин, 2-2 по продолженија
СП 2006 - уште еден пораз од Португалија на пенали и пак во 1/4 финале, црвен на Руни во 62ра, значи цел саат играле со играч мањак
Значи освен во 2000 каде потфрлиле, Англичаните на 4 од другите 5 првенства изгубиле на пенали, а на петото од Бразил на кој можеби и му пружеа најголем отпор на цело СП. Не е до неквалитетот, колку што е (беше) психилошки проблемот кај нив. Едноставно паѓаат на притисокот кој им се наметнува од цела домашна јавност и прават глупи грешки во клучни моменти.
Да, медиумите имаат огромно влијание тука, ама не дека неоправдано ги хајпале Сколс, Џерард и Лампард како фудбалери, туку поради тоа што ги зголемувале очекувањата од јавноста, што очигледно влијаело на психолошката подготвеност на играчите.