ЕУРО 2020 - Група Д (Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата?


  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Друг е контекстот, прочитај го соговорникот.

И не крати пасуси, постот си е целина :coffee:
Мене не ми е поврзано со контекстот и затоа само тоа го цитирав :D

Сите поголеми земји можат да се пофалат со вакви таленти и не гледам каква врска имаат самите тие со перформансите на нивните земји.
 
Многу се интересни(и тешки за дискусија) фановите кои следат само англиско и играчи кои на фантази им носат доста поени, па уште кога ќе платат за просек 2-3 пати повеќе него ли што е вредноста на ист квалитет играч во друга лига, тука веќе немаш аргумент и мораш да прифатиш дека најдобрите играчи се во Англија и дека Рисе е генерациски талент.
Сите знаеме зошто се плаќаат поскапо играчи од ПЛ, поради фактот дека екипите си имаат пари и едноставно не ти продаваат ако не им го дадеш тоа што они го замислиле.

Ако шампионот на Италија летово мора да продаде некој за да преживее, Кристал Палас немора и затоа они за Заха ќе бараат колку што Интер ќе бара за Лукаку.
 
Друг е контекстот, прочитај го соговорникот.

И не крати пасуси, постот си е целина :coffee:
Не не, контекстот е ист. Споредуваш две нации од кои демек едната е величaната а другата е потсмевана.
Кажуваш позитивни факти за едната, па кажуваш негативни факти за другата.
Во позитивните факти спомнуваш врвни фудбалери кои едната ги произвела.
Чим тоа не го спомнуваш во потсмеваната репрезентација, индиректно кажуваш дека немаат врвни фудбалери.

But once again, nickname checks out.
 
Не не, контекстот е ист. Споредуваш две нации од кои демек едната е величaната а другата е потсмевана.
Кажуваш позитивни факти за едната, па кажуваш негативни факти за другата.
Во позитивните факти спомнуваш врвни фудбалери кои едната ги произвела.
Чим тоа не го спомнуваш во потсмеваната репрезентација, индиректно кажуваш дека немаат врвни фудбалери.
Фактите не може да бидат позитивни и негативни. Тоа се факти, нема интерпретација тука. 5-1 во титули на големи натпреварувања, 9-1 во финални мечеви. Овде нема ништо позитивно, ниту негативно, туку само реалност.

Јас не измислив дека големата Англија има едно финале на 40+ големи наптреварувања.

Врвните фудбалери кои ги произвела Италија ги наведов само за да му доловам на @callejón de la muerte зошто Италија е величана од масата луѓе. Никаде не реков дека Англија нема големи фудбалери, ниту пак земав да ги споредувам, затоа што квалитетот на фудбалерите не е бројка, како што тоа се титулите.

Иако, што да очекувам од луѓе кои се чудат и не им е јасно зошто Италија има голем број навивачи, особено на овие простори :vrtioci:
 
Ај набројте големи фудбалери од Англија а да се повеќе од 10 рецимо. :D
Не сме биле родени за топ 10, освен за Алан :icon_mrgr:
 
Не сме биле родени за топ 10, освен за Алан :icon_mrgr:
Кај Гери Невил исклучив. :D
Автоматски споено мислење:

а тоа е после 2 скрола со маусот.
 
Мислам дека многу луѓе не пратат толку Серија А (myself included) и ги пратат само кога играат во Европа. А голем дел од репрезентацијата на Италија игра во Серија А, секако има исклучоци како Jorginho, Emerson, Verratti кои се попознати играчи во составот, така да нормално е Англиската репрезентација да им е поблиска. А и реално немам некое големо мислење за Бернандески и Ќиеза пошто не го сакам многу Јувентус. Италија одсекогаш имала добри селектори, кои знаат да се постават добро формациски и да го искористат талентот кој го имаат. Не е ни чудо што најдобрите светски тренери се италијанци. Единствено они ги користат формациските тактики до крај, ала фудбал менаџер стајл.
 
Медиумите ги преувеличуваат англиските фудбалери и прават голем хајп за очекувања и после се сфаќа ко голема трагедија. Реалноста е дека се солидна репрезентација ама никогаш не се шампионски материјал освен во очите на англиските медиуми, нивните навивачи и навивачите на англиските тимови.
И потоа си има плачање кога нема football is coming home :icon_lol:
 
Ај набројте големи фудбалери од Англија а да се повеќе од 10 рецимо. :D
Од која декада сакаш?

Дека Италија е поуспешна репрезентација од Англија во секој поглед стои и нема спор околу тоа. Арно ама толкава ароганција од страна на поддржувачи на нација која што 10+ години не произвела ниту еден играч вреден за спомен, чија што лига се сроза под една фидер лига како Бундес е малку смешно.

Англичаните, и сите островци реално, секогаш имале најнапумпани играчи и најпреценети, но дека Англија немала големи фудбалери мало морген.
 
Од која декада сакаш?

Дека Италија е поуспешна репрезентација од Англија во секој поглед стои и нема спор околу тоа. Арно ама толкава ароганција од страна на поддржувачи на нација која што 10+ години не произвела ниту еден играч вреден за спомен, чија што лига се сроза под една фидер лига како Бундес е малку смешно.

Англичаните, и сите островци реално, секогаш имале најнапумпани играчи и најпреценети, но дека Англија немала големи фудбалери мало морген.
Од која сакаш.

Англија па еден производител на играчи вредни за спомен у последниве 10 години што да ти зборам.
Е сеа, тоа со лигите нема врска, да не случајно англиските играчи ја однесоа Премиер лигата на врвот од сите лиги?
Па у последниве 27 години само 6 англиски играчи биле прогласени за најдобри играчи во Премиер лигата.

Имала големи фудбалери Англија бе, ама не како Италија.

Еве ај почни да набројуваш големи и врвни фудбалери англичани.
 
Ај набројте големи фудбалери од Англија а да се повеќе од 10 рецимо. :D
Фердинанд, Тери, Ешли Кол, Лампард, Џерард, Сколс, Бекам, Руни, Oвен, Кејн, Линекер, Ширер, па имаш Сол Кембел, Роби Фаулер, МекМанаман, Гаскоин

Нема потреба да форсирате со тоа медиумски исхајпани ѕвезди цело време. Медиумски исхајпани се голем дел од Англиските играчи и таленти, но сигурно тимот на Англија во периодот од 1996ма до 2006та имал/имаше доволно квалитет за да стигне до самиот крај на големите натпреварувања.


ЕП 1996 дома - губат во 1/2 финале на пенали од Германија

СП 1998 - губат на пенали од Аргентина, меч на кој имале водство од 2-1 и кој го играле од 47ма минута со играч помалку (значи цели 75 минути), ради глупиот црвен на Бекам

ЕП 2000 - испаѓаат во групите, пак на екстра глуп начин. Со Португалија пропуштаат водство од 2-0 (губат 3-2), а во одлучувачкиот меч со Романија, Фил Невил прави пенал во 90та со што Романија тепа и оди во следна фаза

СП 2002 - пораз од Бразил во 1/4 финале - меч кој веќе го памтам и на кој пак имаа водство, но Симан прими гол од пола терен од Роналдињо, кој патем и беше одлучувачки. Како и да е, сите памтиме каква генерација имаа Бразил тоа време и мислам дека тука нема никаков блам, да изгубиш 2-1 од таква екипа.

ЕП 2004 - пораз од Португалија на пенали во 1/4 финале, прилично изедначен меч, 1-1 по 90 мин, 2-2 по продолженија

СП 2006 - уште еден пораз од Португалија на пенали и пак во 1/4 финале, црвен на Руни во 62ра, значи цел саат играле со играч мањак



Значи освен во 2000 каде потфрлиле, Англичаните на 4 од другите 5 првенства изгубиле на пенали, а на петото од Бразил на кој можеби и му пружеа најголем отпор на цело СП. Не е до неквалитетот, колку што е (беше) психилошки проблемот кај нив. Едноставно паѓаат на притисокот кој им се наметнува од цела домашна јавност и прават глупи грешки во клучни моменти.

Да, медиумите имаат огромно влијание тука, ама не дека неоправдано ги хајпале Сколс, Џерард и Лампард како фудбалери, туку поради тоа што ги зголемувале очекувањата од јавноста, што очигледно влијаело на психолошката подготвеност на играчите.
 
До притисокот е, до пеналите е, играчите ги зголемувале очекувањата од нив, па тоа им влијаело психолошки...

Види го овој јужномакедонецов, дно проби со блампостот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom