ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
До пред нашиот натпревар тврдев дека ќе поминеме група и ќе тераме до осминафинале, сега после натпреварот ни јас не знам.
Што мислите ќе поминеме група ?
4 бода ни требаат. Прво мора Украина да се тепа, да навиваме Холандија да ја тепа Австрија, па во последно коло евентуално да ни излезат со ротиран состав и некако да извлечеме бод. Тешко, многу тешко, но наше е да се надеваме.
 
Да бидеме реални сите екипи од групи се подобри од нас , треба да бидеме среќни што воопшто играме на ЕП ..

Денес ни ја убија средината , неможевме 10 паса да сврземе , Барди, Адеми Елмас се трудеа ама џабе толку ни е силата , Австрија заслужено победи ..

Ние добивме поклон гол , среќа наша ...
За составот Мрме утна со Николов , неможе он да ти игра десно кога не е пробивен воопшто , немавме шутеви ја немаше таа игра со топка ..

Немаме клупа , неможе Костадинов од тим од Словачка да ти е прва замена , момците играа од срце се гледа , се бореа ама толку е силата ..
 
Голманот на Украина месечар.
Холандија ќе н попарат, здравје ќе ни земат. И Украина изигра добар фудбал, тешко ни се пиши ама наше е да се надеваме.
 
Искрено по првиов натпревар сум разочаран, пошто верувам дека момците се многу подобри од ова.

Исто, мислам дека Мрме требаше да уфрли поофанзивни играчи уште на 1-1, да продолжиме со дисциплинирана одбрана и да пробуваме на контри и полу-контри, со побрзи играчи и свежа крв напред.

Но тое а што е, идеме понатаму, главата горе.
 
Само да не ни се случи некоја катастрофа и да лапаме петарди. Доволно е што учествуваат, секој гол даден е награда за нас.
 
После првово коло, јас би бил задоволен на крај со победа против Украина и минимален пораз од Холандија во отворен натпревар со голови, пример 1-2, 2-3. Мислам дека Австрија ќе и земе бод на Холандија, ние некако да тепаме со Украина и во последното коло би влегле Холандија и Австрија со 4, ние со 3 и Украина со 0. Според ова, Холандија ќе мора да оди строго на победа со нас. Во таква разврска, Австрија би влегла растеретено со Украина пошто би имале сигурно 2ро место и тука Украина мислам може да победи. На крај, Холандија прва со 7, втора Австрија со 4, Украина и ние по 3. Е сега тука ќе одлучи гол разлика па може у 4ти да завршиме ама и Украина со 3 бода како трета тешко дека може да се надева на 1/8. Али сепак нека помине второво коло па ќе правиме пресметки. Се е можно до крајот. Ќе има забава. Ако ништо друго, ќе бидеме во еуфорија до сам крај да бидеме во игра за влез понатаму.
 
@nsan Напиши малце поопширно од твоја гледна точка ако можеш, пошто знам ти си за со овој состав да играме. Сите знаеме кај се грешките, но ете малце постручно.
 
Драга, на секој турнир каде учествува Македонската репрезентација се појавуваат повеќе тренери од што има играчи. И после пораз вакви такви онакви. Све испод титула да ти било разочарување. За мене секоја партија на Македонците во турниров е успех и играчите после тешкиот пат заслужија секоја поддршка па и да изгубат. Ај уште некој ден па ќе изчезнат 90% од тренериве толку брзо колку што се појавиле.
Значи вака, да не глумиме лажна скромност.
Ако ти си задовлен со успехот на Македонија да влезе на Европско, тука треба да запре секое твое коментирање од ваков вид.
ВЕЌЕ СМЕ ВЛЕЗЕНИ НА ЕВРОПСКО, ИГРАМЕ и овие утакмици МОРА ДА СЕ ИЗИГРААТ, не може да биде успех СЕКОЈА ПАРТИЈА, затоа што тие веќе ги имаме заслужено да ги изиграме.
Многу нормало е да очекуваме подобра игра, подобар пласман, поминување на група... особено откако изигравме таков меч против Германија.

Така да, ве молам, стоп за глумење лажна скромност и ако сте задоволни само со успехот за влез во Европско, престанете да коментирате затоа што тој успех е веќе завршен :)
 
Значи вака, да не глумиме лажна скромност.
Ако ти си задовлен со успехот на Македонија да влезе на Европско, тука треба да запре секое твое коментирање од ваков вид.
ВЕЌЕ СМЕ ВЛЕЗЕНИ НА ЕВРОПСКО, ИГРАМЕ и овие утакмици МОРА ДА СЕ ИЗИГРААТ, не може да биде успех СЕКОЈА ПАРТИЈА, затоа што тие веќе ги имаме заслужено да ги изиграме.
Многу нормало е да очекуваме подобра игра, подобар пласман, поминување на група... особено откако изигравме таков меч против Германија.

Така да, ве молам, стоп за глумење лажна скромност и ако сте задоволни само со успехот за влез во Европско, престанете да коментирате затоа што тој успех е веќе завршен :)

Извини, за џабе ме цитираш во сосема друга тема. Не ја сфати поентата. Иначе не мислев на никого овде во форум не знам што зеде лично.
 
Мене од секогаш ме нервира тоа "битно да учествуваме" или "успех е тоа што се пласиравме". Кога учествуваме дај да направиме нешто, да се испише историја, а не да стои дека сме биле учесник и сме завршиле последни или едни од последните, како што сме секаде со исклучоци. Вистина е дека успех е самиот пласман но само ќе тапкаме во место ако останеме на тоа дека само пласманот е успех...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom