Зошто за тоа што се случило во СРЕДА никој не знае, каде се вашите професори , родители, директорката, да излезат и јавно да кажат што навистина се случува и тоа со конкретни примери а и со снимки бидејки сум сигурен дека директорката има пристап кон истите...
Зошто ако МВР Струга не реагира не се бара помош од повисоките институции...Понижувачки , многу е понижувачки тоа што ви се случува ме разбираш ли?
Во оваа држава не се само градоначалникот на Струга , Албанските професори и локалната полиција институции ...
Зошто не реагирате до МВР , ако има снимки ако има докази мора да има и казни...
Во продолжение извадок од текст во Утрински:
„Нема работа, кој се снашол приватно - добро, кој не... Немаме спортски клубови за да одиме на стадион или во сала да се извикаме, да се занимаваме со нешто, децата да одат да спортуваат, да ја потрошат енергијата, немаме свои медиуми, еве сите телевизии и весници ја покриваат Струга со дописници од Охрид, често е здодевно во градот, нема што да се прави“, ни раскажува Никола Трипуноски, кој студира економија во Скопје, а сега бил дома зашто подготвувал испити.
„
Имам еден куп другари-Албанци и со нив нема никаков проблем. Тие доаѓаат во македонски кафулиња, навечер излегуваат во македонски дискотеки, се шетаме во чаршијата, а се случува и некоја љубовна врска меѓу Македонец или Македонка со Албанка или Албанец, ама кришум“, се смее Никола.
Тој го лоцира проблемот.
„Дојденците од струшките села. Тие деца доаѓаат да учат средно во Струга и со нив нема убаво. И кога се случуваат проблемите - тие се главни, а кога ќе заврши учебната година - си одат дома и затоа низ град е мирно“, смета Никола. Неговиот братучед учи во „Нико Нестор“, кое заедно со „Ибрахим Темо“ го делат училишниот двор и се единствените две средни училишта во Струга.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=38403BCEE280D9418A47F8215B23C1B6
Многу често слушам дека проблемот е увезен од соседните села...
Што ме наведе на едно можно решение а тоа е двете школи да се поделат по квалитет на ученици, како што се средните школи во Струмица, така да подобрите ученици ќе си учат заедно а полошите во друго школо, котово сум сигурен дека проблематичните ученици талка ќе се сепарират...