Еротоманија

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
705
Возраст
40
Еротоманијата се дефинира како ретко пореметување во кое една личност е во лажен занес дека друга личност, обично од повисок социјален статус, е заљубен во неа/него.

Социјалниот статус може да значи: материјална моќ, популарност во општеството, силен карактер кој наоѓа на широко одобрување кај околината. Опсесивноста на еротоманите со луѓето од "повисок социјален статус" најчесто доаѓа како производ на сопствената беда во сферите во кои владее "љубениот".

Лажниот занес (или "глава во газот") го споменувам како патолошки синдром кој се појавува кај личности кои ги гледаат работите на начин на кој само ним им одговара. За среќа, медицината поточно психијатријата ми дава потполно право да ги наречам овие личности - БОЛНИ!

И сега океј, следи делот каде треба да сме реални дека сите понекогаш сме во лажен занес (читај: болесници) и толкуваме одредени појави според нашите нагони и желби. Арно ама кога експлицитно ќе се судриме со доказ за нашата грешка во чекори (читај: сперма во глава), логично е да се чукнеме по глава и да признаеме дека сме погрешиле - иако, понекогаш, значи - само понекогаш, сме само жртви на "пуштање вода под чергиче" од страна на вториот актер во приказната, кој ете, токму на нас одлучил да спроведе некој експеримент во Менгеле-Купидоновски фазон.

Нејсе, ако и покрај се, покрај сите индикации и укажувања од нашата свест или нам блиските, а најстрашно - од личноста кон која осеќаме еротомански побуди (читај: сме затрескани) - дека ловиме во матно, матиме празна слама, или едноставно сме ненормални - ако и понатаму продолжуваме со делузионистички однос кон реалноста - зрели сме за лечење во установа за ментални заболувања, бидејќи драги мои, еротоманијата може да го наведе болниот кон навистина опасни чекори по безбедноста на оној по кого се "болува", или по сопственото здравје.

Праќам апел до сите stalkers, маниаци, луѓе со глава во шупак... Црвенкапи, вратете се во реалност!

Најпросто, еве еден практичен пример на еротоман (Е) и жртва на еротоман (Ж).

Е: Јас сум обесправен/а, ме избркаа од работа без причина.
Ж: Чоече, уживај, не си ти крив/а се ќе се среди.
Е: Уау, тој/таа ме сака :pipi:


Ви звучи познато? Како се справувате со еротомани?
Понекогаш, мислам дека НЕМА ЛЕК! Ебано заглавени во сопствената реалност во која не важат познатите природни закони на мојава реалност, еротоманите се едноставно неизлечиви и непоправливи! Уште пострашно, под превезот на повреденост, КУТРИОТ ЈАС синдром кој го користат во свои цели - умешните и пресметливи еротомани ја "замајуваат" околината која не ги познава патолошките карактеристики на личноста, ги труе со муабети во кои се крие жед за емпатија према нив, која често и ја добиваат - и самите на себе си наоѓаат причина плус да веруваат дека црното е зелено, а токму ВИЕ сте ужасно вљубени во нив, створени еден за друг, и секој ваш гест - го сфаќаат токму онака како ним им одговара, значи шо би се рекло народски - без контакт со мозок.

Е, се би било во ред да може човек едноставно да ги игнорира. Ама, не... Еротоманите носат проблеми, постојано.

Јас на пример, имам проблем. Имам еден еротоман кој чим осети дека сум заинтересиран за некоја женска, веднаш и крајно пресметливо обработува терен, станува најдобра пријателка со истата, и прави муабети од стилот: Јас и Боби сме особено блиски, јас и Боби сме створени еден за друг, тој ти се пушта за да ме направи љубоморна - а вистината, без еротоманските патетики е: Јас и Боби сме блиски ко Млечен пат и Андромеда, за Боби не постојам, тој ти се пушта зошо му се свиѓаш, а не ме третира за жива зошто пре би стапил во врска со црниот ѓавол отколку со мене.

Е, драги мои... Тоа е веќе проблем. Проблем до ниво да сериозно размислам за лежење зад решетки како конечно решение на проблемот, кој бар мене ми изгледа крајно сјебан - освен доколку не постои начин преку кој надлежните институции (читај: Жолто Комбе) би реагирале (читај: Згазиле или "притвориле") кон оној кој е причина поради која 10 девојчиња со кои сум направил 20 минути супер муабет - не ми дигаат телефон, откако инстантно (и секогаш "случајно":) ) ќе се спријателат со новата им другарка - мојот "сакан" еротоман.


Кен ју фил ми?
Како?
- е клучниот збор!
 
1. Образложување на ситуацијата, по можност со сочен речник.

2. Финале на конверзацијата со јасната речница “за тебе веќе не постојам“

3. Тотален игнор во животот

4. Надеж, дека следната девојка нема да биде нападната од вампирот.

А и не може сите девојки на светот да ги знае бре Богдане...
 
offf sum bila svedok na vakvi nastani ne ednas,eretomani ima kolku sakas na svetov,tie ednostavno se ubedeni deka so zrtvata se stvoreni za da bidat zaedno i kraj....nitu eden/edna ne smee da mu/i se priblizi zs toj/taa e negov/nejzin:uvo:....lek...rzagovaraj najotvoreno i najsmireno sto mozes ,objasni i deka ne te interesira,deka ne si ti za nejze(ili ona za tebe)a ako ne ti uspee...oteraj ja u 3pm kazi i deka ti e dojdeno preku glava od nejze i nejzinoto drdorenje i nema da i tekne pak da ti dosaga...ili da se druzi so nekoja tvoja svigacka....
inace jas sum bila zatreskana vo nekoj tip ama nikogas ne sum mu napravila problemi so nekoja devojka,toa sto e moe ke si dojde a i ako navistina mi znaci ke go ostavam da bide sreken so taa sto misli deka ke bide sreken...bobi good luck...hope ke te ostavat na raat da si ja najdes the one :smir:
 
Го сфативте моментот на делузија? Селективно прифаќање на реалноста? Не може да се "објасни" на еротоманите.
 
offf sum bila svedok na vakvi nastani ne ednas,eretomani ima kolku sakas na svetov,tie ednostavno se ubedeni deka so zrtvata se stvoreni za da bidat zaedno i kraj....nitu eden/edna ne smee da mu/i se priblizi zs toj/taa e negov/nejzin:uvo:....
Точно така, само јас досега сум била запознаена и со еден поинаков тип еротомани-што мислат дека секој што ќе им прозбори има чувства кон нив (има таков пример во првиот пост).

Ако е ова у комбинација со константна желба за докажување на виша вредност кон останантите е смрт. Пример, добиваш другарка што е убедена дека типот што те свиѓа уствари ја свиѓа неа, пошто несакајќи ја скубнал за коса. А тоа е така зошто она е подобра од тебе.

Чаре-веќе беше спомнато на неколку наврати. Не знам колку би било ефикасно плескање на реалноста у фаца на дотичната личност, ама е очекувана реакција.
 
Е незнаев дека за ова има посебен назив.. Го сфаќав како детско понашање и како несозреаност.. Незнаев дека за таквите луѓе и за таквото однесување има посебно име или нешто..
Имам повеќе другарки што и кога видливо се одбивани од некоја особа на она - Ме погледна или ми рече - Здраво реагираат со - Ауу ме сака. Колку е најубав, најсладок, колку ќе биде мој и бла бла бла..
Баш праев муабет со особа со ваков карактер пред некој ден.. Девојка што баш ги цепа оние муабети дека тој е створен за неа, ја сака, ја посакува и бла бла бла и ова ќе му праам, она ќе му праам.. А дечкото ја нема ни погледнато девојката, а и лично не се знаат скоро ич.. Еднаш се имаат запознаено и два пати и рекол Здраво после тоа.. Не сум осетила на своја кожа како во примерот погоре ама заебано е така како и да е.. Едноставно е најдобро да им се објаснат фино лепо во фаца некои работи на тие луѓе и да се искулираат до максимум па по потреба и скроз да се прекине контакт со нив.. Ма заебано е како и да е..
 
Читнав нешто за еротоманијата...и останав со подзината уста.

Налетав на сведоштва, каде ни судски забрани за пристап не ги спречуваат. Чак што више, и фактот дека си побарал законска помош за да ти се тргнат од врат, си го преведуваат како исказ на љубов.
Живеат во тотална делузија и во се гледаат доказ дека нивниот објект на опсесија ги сака. Реченицата: Иди будало лечи се, те мразам!, се преведува како:"Те љубам повеќе од себе, но другите не ни даваат да бидеме заедно".
Работава може да делува смешно, гледана од страна но, во суштина е латентно опасна. Тенка е линијата која го дели "умерениот" еротоман од сталкер способен на се. За тоа постојат итекако судски докази.

Навистина не го знам решението, штом и психијатрите велат дека патот за нивно излекување е тежок.
Игнорирање, отворено покажување на омраза, јасно ставање до знаење дека не ги сакаш...не делуваат. Во нивниот свет се е: Тој/Таа ме љуби.
Дури ни на медикаментозна терапија не налетав.
Освен надеж дека ќе си најдат нов објект за фиксација, или, подобро, нивните блиски ќе го препознаат проблемот и ќе реагираат преку психотерапија и други методи, не гледам дека било што друго останува.
 
Навистина секакви луѓе постоеле...
Додека го читав првиот пост, помислив дека и јас сум ова, како се викаше, еротоман?
Од сека, кога ќе ми здоличи нешто како некоја да ми се пушта или слично, големи се шансите да помислам дека сум еротоман и слично..
Хмм...а незнам зошто некоја би ми се пуштала на мене...
 
Пико, ај вака. Да и укажеш, да ја убедиш, да ја наведиш на реалноста нема шанси. Секој ваков обид е само потхрана на нејзината манија и ништо добро.
Jас ти предлага во моментот да бидеш малку курвиче :). Ама без трошка ум и совест впушти се во предизвикот. Кога ти ќе кажеш да и кога нејзината цел да те има тебе ќе се оствари, таа манија привидно ќе ја снема а реално цело време ќе се намалува. Зошто? Едно што со тек на време хемијата нејзина ќе исчезнува и како и да е нејзиниот отрезнат ум ќе почне да размислува поубаво, а плус ти ќе бидеш тој идиот, ќе се преправаш во таа пропала од човек со никакви квалитети и иднина и ќе и ги срушиш сите сонови од корен.
Сепак, пред да направиш вакво нешто, прашај се дали можеш и дали би истрајал до крај. Друго, види дали особата има некои самоубиствени намер за нем ти да бидеш повод подоцна. И трето пушти ја на тестот на Јове за погрбот на мајката и двете сестри, за нели наш драг и мил Serpico, да не те изгубиме тебе потоа.

А иначе, работи ова. Не е од мене истестирано, ами од другар мој.
 
Еее јас имав една другарка која е типичен еротман, т.е. таа е еротман ипол.Секој кој што ќе и рече "здраво" па макар само еднаш во животот, тој сака да се здружи со неа и после некое време готово таа се здружила со него и сега се многу добри другари (а всушност нема врска туку само типот и рекол уште еднаш "здраво").Е сега ако тој некој освен здраво ја праша и "што праеш, како си" тој неа ја сака а малку подолг разговор готово заљубен е во неа.Ако типот има женска пак, оваа-другарка ми ,веднаш бара начини да се зближи со неа колку само така другарка да и стане и девојката ако и прозбори нешто оваа лета во облаци и одма после измислува приказни дека ја направила будала.А зашто?Па најверојатно затоа што девојката од чиста култура и зборнала некое зборче.Истото се однесува и за дечко и (на оваа другарка ми).Значи некое девојче ако застане со него или ако тој отиде со другарка на кафе или едноставно ако некое девојче кога се заедно се поздрави прво со него па потоа со неа тогаш девојчето одма според неа го сака дечко и и сака да им расипе врска. А што е најтрагично не можеш да и докажеш дека тие само се другари или дека тој некој тип што и рекол здраво не ја сака туку само се поздравил, затоа што ако и кажеш после ќе биде трета светска.Има да се испокара и да се испокара со тебе затоа што тој неа ја сака и готово крај.Нема тука ама ( според неа).Тој и рекол здраво и мора да ја сака.
 
Уффф...страшна работа...недај Боже да налетам на некој еротоман.
 
Ауу и јас не знаев дека има посебен назив за овие луѓе.А и си мислев дека е излечиво,а то ти било тешко изводливо.Имам сретнато луѓе шо ако му речиш здраво или ако те праша убав сум и ти му одговориш Да,убав си одма мислат дека ги сакаш,дека си вљубена во нив и сл. ама до толку забегани не.И се надевам дека нема да налетам на такви.
 
Ау,сум немала искуство со еротоман,не сум била жртва,ама сум имала близок контакт со еротоман, контакт кој траеше едно 5-6 години,благодарение на што научив и како размислува и што прави,и кои се знаците.

Тешко на тие што се жртви,зошто со секој збор упатен до нив(еротоманите),нема врска дали е лош или добар,само искажувате љубов кон него(да не набројувам сега што се прави,веќе е познато,кажавте погоре).

Според мене, нема излез од вакви луѓе.Од нив ќе се откачиш само кога тие сакаат,односно само кога тие ќе те отсакаат.Со секој друг обид само се влошува ситуацијата,зошто автоматски тоа се претвора во љубов во паметот на еротоманот,секоја пцовка,секој разговор е само докажување на љубов.Најдобро игнор и цепај даље,ако прави некои проблеми како во случајот со Серпико,подобро кажете им на девојките/машките дека немате ништо со таа личност и предупредете ги,отколку да одите и на болесникот да му објаснувате.
 
Ау,сум немала искуство со еротоман,не сум била жртва,ама сум имала близок контакт со еротоман, контакт кој траеше едно 5-6 години,благодарение на што научив и како размислува и што прави,и кои се знаците.

Тешко на тие што се жртви,зошто со секој збор упатен до нив(еротоманите),нема врска дали е лош или добар,само искажувате љубов кон него(да не набројувам сега што се прави,веќе е познато,кажавте погоре).

Според мене, нема излез од вакви луѓе.Од нив ќе се откачиш само кога тие сакаат,односно само кога тие ќе те отсакаат.Со секој друг обид само се влошува ситуацијата,зошто автоматски тоа се претвора во љубов во паметот на еротоманот,секоја пцовка,секој разговор е само докажување на љубов.Најдобро игнор и цепај даље,ако прави некои проблеми како во случајот со Серпико,подобро кажете им на девојките/машките дека немате ништо со таа личност и предупредете ги,отколку да одите и на болесникот да му објаснувате.

:pos2: Ееее да во право си ама да се нормални па да сфатат :pos2:
Ама не помага ни тоа.Ти игнорирај до утре ако сакаш ама кого игнорираш!? Џабе.Кој ќе ти се закачат- ко пијан за плот и бидна работа. Ела после откачисе.Во право си за тоа дека од нив ќе се откачиш само кога тие сакаат инако ни игнор ни ништо.Ова од искуство ви кажувам (барем другарка ми беше таква).
 
Од ова што го читав, можам да заклучам дека благо речено еротоманите се нарцисоидни или патолошки несигурни! Имам еден таков моментално, и незнам како ќе излезам на крај со него.
 
Back
На врв Bottom