Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.167
- Поени од реакции
- 705
- Возраст
- 40
Еротоманијата се дефинира како ретко пореметување во кое една личност е во лажен занес дека друга личност, обично од повисок социјален статус, е заљубен во неа/него.
Социјалниот статус може да значи: материјална моќ, популарност во општеството, силен карактер кој наоѓа на широко одобрување кај околината. Опсесивноста на еротоманите со луѓето од "повисок социјален статус" најчесто доаѓа како производ на сопствената беда во сферите во кои владее "љубениот".
Лажниот занес (или "глава во газот") го споменувам како патолошки синдром кој се појавува кај личности кои ги гледаат работите на начин на кој само ним им одговара. За среќа, медицината поточно психијатријата ми дава потполно право да ги наречам овие личности - БОЛНИ!
И сега океј, следи делот каде треба да сме реални дека сите понекогаш сме во лажен занес (читај: болесници) и толкуваме одредени појави според нашите нагони и желби. Арно ама кога експлицитно ќе се судриме со доказ за нашата грешка во чекори (читај: сперма во глава), логично е да се чукнеме по глава и да признаеме дека сме погрешиле - иако, понекогаш, значи - само понекогаш, сме само жртви на "пуштање вода под чергиче" од страна на вториот актер во приказната, кој ете, токму на нас одлучил да спроведе некој експеримент во Менгеле-Купидоновски фазон.
Нејсе, ако и покрај се, покрај сите индикации и укажувања од нашата свест или нам блиските, а најстрашно - од личноста кон која осеќаме еротомански побуди (читај: сме затрескани) - дека ловиме во матно, матиме празна слама, или едноставно сме ненормални - ако и понатаму продолжуваме со делузионистички однос кон реалноста - зрели сме за лечење во установа за ментални заболувања, бидејќи драги мои, еротоманијата може да го наведе болниот кон навистина опасни чекори по безбедноста на оној по кого се "болува", или по сопственото здравје.
Праќам апел до сите stalkers, маниаци, луѓе со глава во шупак... Црвенкапи, вратете се во реалност!
Најпросто, еве еден практичен пример на еротоман (Е) и жртва на еротоман (Ж).
Е: Јас сум обесправен/а, ме избркаа од работа без причина.
Ж: Чоече, уживај, не си ти крив/а се ќе се среди.
Е: Уау, тој/таа ме сака
Ви звучи познато? Како се справувате со еротомани?
Понекогаш, мислам дека НЕМА ЛЕК! Ебано заглавени во сопствената реалност во која не важат познатите природни закони на мојава реалност, еротоманите се едноставно неизлечиви и непоправливи! Уште пострашно, под превезот на повреденост, КУТРИОТ ЈАС синдром кој го користат во свои цели - умешните и пресметливи еротомани ја "замајуваат" околината која не ги познава патолошките карактеристики на личноста, ги труе со муабети во кои се крие жед за емпатија према нив, која често и ја добиваат - и самите на себе си наоѓаат причина плус да веруваат дека црното е зелено, а токму ВИЕ сте ужасно вљубени во нив, створени еден за друг, и секој ваш гест - го сфаќаат токму онака како ним им одговара, значи шо би се рекло народски - без контакт со мозок.
Е, се би било во ред да може човек едноставно да ги игнорира. Ама, не... Еротоманите носат проблеми, постојано.
Јас на пример, имам проблем. Имам еден еротоман кој чим осети дека сум заинтересиран за некоја женска, веднаш и крајно пресметливо обработува терен, станува најдобра пријателка со истата, и прави муабети од стилот: Јас и Боби сме особено блиски, јас и Боби сме створени еден за друг, тој ти се пушта за да ме направи љубоморна - а вистината, без еротоманските патетики е: Јас и Боби сме блиски ко Млечен пат и Андромеда, за Боби не постојам, тој ти се пушта зошо му се свиѓаш, а не ме третира за жива зошто пре би стапил во врска со црниот ѓавол отколку со мене.
Е, драги мои... Тоа е веќе проблем. Проблем до ниво да сериозно размислам за лежење зад решетки како конечно решение на проблемот, кој бар мене ми изгледа крајно сјебан - освен доколку не постои начин преку кој надлежните институции (читај: Жолто Комбе) би реагирале (читај: Згазиле или "притвориле") кон оној кој е причина поради која 10 девојчиња со кои сум направил 20 минути супер муабет - не ми дигаат телефон, откако инстантно (и секогаш "случајно"
) ќе се спријателат со новата им другарка - мојот "сакан" еротоман.
Кен ју фил ми?
Како? - е клучниот збор!

) ќе се спријателат со новата им другарка - мојот "сакан" еротоман.Кен ју фил ми?
Како? - е клучниот збор!