j
a колку што знам кога банираат некого му банираат и фирми и организации и се`!! Што значи ако го банирале "другар ти" и организацијата ќе му беше банирана а ниту ќе има што да продава а посебно не оружја зошто и фирмата ќе му беше одземена!
инаку како сигурни за купување оружје на црно ви ги препорачувам(додуша и самите ги знаете) Macedonian_Lion (така нешто беше никот) и United Macedonia.
и од двајцата сум купувал и немало проблеми.
сега зборам општо, не покажувам прст кон никој посебно ама ако некој мисли со лажење да дојде до ВИРТУЕЛНИ пари нека знае дека ќе биде бојкотиран, покажан со прст и дека никој нема да го дружи нит на роЃендани да го вика!
Јас покажувам со прст кон
Makedonski Oruzja, не се лажете да купувате од него
Причини:
1. Имаше оставено оглас и го контактирав дали сеуште е актуелен огласот, рече дека е. Му реков да направи договор дека не се работи за мала сума (над 30 злато). Го игнорираше барањето за договорот, а ми врати да му пратам златото па тој ќе ми прател одпосле. Го прашав кој му е акаунтот на човечето дека цело време ми враќаше од организацијата и се понудив јас да напишам договор ако не знае или го мрзи. Нити ми одговори кој е, нити пак за договорот нешто спомна. Ми пиша дека некој му понудил повеќе, ама ќе ми ја продал за помалку мене дека драгон (другар му) така му рекол. Се согласив и на сумата која му била понудена, (за неколку злато појќе), само да биде се со договор. После ни трага ни глас.
Инаку ваква тактика имаат и едни хрвати што се нарекуваат пирати. Даваат огласи дека продаваат нешто испод цена да им пратиш злато, ама спомнеш ли им договор, се вадат аааа продадов, ааа друг појќе ми понуди.
2 Нз зашо би си криел идентитет ако не е еАрамија.
3 Ко шо кажа Лазароса приказната на овој другар му драгон не му држи вода, така да... а и пораките со организацијата во интервал од 10 минути ми ги праќаа. Така да најверојатно овој што се претставува за другар на тој банираниот Александарррр најверојтно ја управува организацијата, а тој Александарррр прашање е дали постои.
Знаев дека има измамници, ама не и дека и меѓу нас Македонците ќе се лажеме.
Е сеа ќе речеш добро не си се излажал не си му пратил злато и нема штета, ама сепак има. Мене штетата ми е што вчера цел ден се будалев со него и испуштив неколку добри зделки, а освен тоа и си продадов куќата за да ми стигне златото....