ЕП 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Мате им донесе голема радост на унгарците.
Страшно добра утакмица, нерешено беше најреален резултат. :)
 
Унгарците се очајни. Прво пораз од Холандија и сега се извлекоа против Португалија без неколку стандардни играчи. Нема да ме чуди и од Исланд да изгубат и да испаднат уште во првата рунда.
 
Исланд имаат многу добра репрезентација, според мене фаворит за прво место во групата, а и висок дострел на првенството.:)
 
Исланд имаат многу добра репрезентација, според мене фаворит за прво место во групата, а и висок дострел на првенството.:)
Топ играчи имаат, да ти е ќејф да ги гледаш како играат, незнам дали ќе е доволно за висок резултат, но некако најомилена репрезентација ми се за гледање на првенствово.
 
Ауу лалињава колку добро играат. Првпат ги гледам и сум импресиониран.
 
Мислам Холандија би ни лежела како противник во баражот. Голман дефинитивно немаат (се на се 5 одбранети топки само). Инаку да, бајаги брзо играат, ама ако Стеинс им е отсечен, толку од нив.
Браво за Исланд и како изиграа, иако мислам многу брзаа и искомплицираа, а можеа лесно да го истераат натпреварот на +7 ако беа поконцентрирани.
Унгарија - Португалија беше топ утакмица досега, мислам најдобра што сум ја гледал првенствово.
 
Исланд имаат многу добра репрезентација, според мене фаворит за прво место во групата, а и висок дострел на првенството.:)
а ги добивме кај нив пред 2 години мислам беше...вчера мислам и судиите толерираа оштра игра на Холаандија, ама на крај им досудија....
Незнам зошто нашиот коментар се Дебилира со тоа демек Унгарија ќе го тепа Ислан со 5+ и ќе праат круг па Холаандија ќе влезе..
на Унгарија не и одговара даа влезе Холандија, нема да пренесе бодови, така да ќе видиме овие математики...
 
Аууу каков run & gun натпревар удрија вчера Исланд и Холандија. Темпо, трчање, лудница.

Опасни се Холанѓаните, дефинитивно екипа во надоаѓање, релативно млад им е составот, можат уште едно 7-8 години без проблем само со овие играчи да тераат и да ги надоградуваат како што ќе им доаѓаат млади генерации.

Во секој случај не е некое мерило за други екипи дуелот. Ова се веројатно двете најбрзи репрезентации на првенството, но и двете имаат проблеми во одбрана, заради недостаток на висина.

П.С. Спомна некој погоре, без разлика што се во надоаѓање, камо од дуел со нив да ни зависи пласман на светско. Ќе ни треба среќа во ждрепката за тоа. Steins и Smits ќе не излудат без дилеми, но и ќе ги запознаеме холанѓаните со Пешевски и Стоилов ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom