ЕП 2016 - Група Б (Англија, Русија, Велс, Словачка)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Греота е ваквата игра на англичаните што не беше крунисана со гол, но ако продолжат вака гол ќе падне.
 
Ужасна игра од русите, а за само две години се домаќини на мундијалот. Со ваква поставеност и губитнички менталитет нема ни групи да поминат. Селекторот треба лекции да земат од романецот, за тоа како се игра против поквалитетен противник.

Англичаните ништо посебно, средината не делува дека е кадарна за екипа за големи дострели.Направија неколку шанси ради почетничките грешки и калкулантскиот пристап на русите, би требало да добијат тука, ако русите не соберат храброст во второ. Но, против било која посериозна екипа ќе паднат, како и обично.
 
Руни е измислен да изведува слободни удари од оние позиции, зошто Кејн се да изведува? Ајде наредната против Велс, Хоџсон нека отиде во фул ЛВГ моуд и Кејхил нека ги изведува.
 
Добро..не сум од оние скептици за Англија, дури мислам на првенствово ќе стигнат сигурно до 1/2 па за повеќе кој знае.....ама....не ми е јасно како можеа 15 минути да играат ок....и после тоа да влезат во фул Русија моуд и да играат без да играат...шо кур?!?!

Ајде Варди нека го стави Место Руни и нека почнат да напаѓаат и да ја решат оваа пошто вака се очај последниве 20-30 минути...ајде..башка и на спортска ве иам.
 
Стерлинг знае нешто друго освен спринт да мава? Пас не знае да даде, топка да смири му ебам тоа преварата од играч.
 
Ајде дете Рашфорд влези и реши ја утакмицава.
:kafence:
 
Ужасна игра од русите, а за само две години се домаќини на мундијалот. Со ваква поставеност и губитнички менталитет нема ни групи да поминат. Селекторот треба лекции да земат од романецот, за тоа како се игра против поквалитетен противник.

Англичаните ништо посебно, средината не делува дека е кадарна за екипа за големи дострели.Направија неколку шанси ради почетничките грешки и калкулантскиот пристап на русите, би требало да добијат тука, ако русите не соберат храброст во второ. Но, против било која посериозна екипа ќе паднат, како и обично.
Русите така играат години унапред. Очај екипа се, после 2008 (чинам тогаш беше едно ЕП кај што беа ок) комплетно потона..дури не ни знам како изиграа ок квалификации. Убедливо најпреценета екипа. За мене се на ранг со Романија и Украина. Некои па ги сметаат за втори фаворити у групава....Словачка има фудбал измислено за овие. Прашање е само дали тактички нема да потпаднат Словаците инаку Русиве лесно може пак да го папаат.

А и сигурно првенствово им е билд ап за светското, освен пласман во втора руна сигурно немаат никакви амбиции.
 
Шо сакате кажете без Вилшир во средина никаква креативност немаат, се се чека на Руни. Стерлинг бе кој курац ти е бе Хоџсон на гол линија да му ја остаиш во аут ќе ја манит. Варди на клупа... о све ти е. ам јесте да е бравар ама од овај коњов корнери шо извеува(центарфор корнер изведува) во ситуацијава е покорисен. Или со двајцата ол ин друго нема

Sent from my E560 using Tapatalk
 
Ајде Стерлинг сам нека си искочи.
 
Најјак ми е Зоран Видевски (ако е он). На секои 5 секунди

-можеби е време за замени

-е сега ова значи дека треба да има замена

-Дали можеби сега ќе ја видиме и првата замена?

-Дали е ова знак за замена?

-Хоџсон планира можеби и замена во скоро време?

Да не има уплатено нешто? :ROFLMAO:
 
Извади го бе Стерлинг слепец еден.
 
Најверојатно ја има 1 со 2+ или со 3+ пошто во еден момент рече "значи ќе има само еден гол на натпреваров" онака разочарано. :)
 
А бе ајде јебем ти meme селекторот...за што ти се тие на клупа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom