ЕП 2016 - елиминациона фаза (1/8, 1/4, 1/2 и финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата Uli Hoeneß
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е поголем експерт?

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Харт е тешко нарцисоидно копиле. И Пирло имаше ваква изјава после пеналите во 2012, кога му шутираше паненка. Ме мрзи да ја барам, беше нешто во стил, никогаш во животот не сум сакал да понижам некого ама типов си го бараше. Освен репертоарот на голмански квалитети кои му недостасуваат, тежок нарцис е и мислам дека ако не ова лето, да не дојде многу, наредното ќе лета од Сити. Многу одбивен лик.
Па прицкал Гврдиола за Тер Штеген не го сакал Харт ич, еден тон луѓе го тврдат истото.
 
Џабе ги двоите играчиве од кои тимови се кога сите комплетно се дрва и не заслужуваат да играат за Англија. Почни од Харт заврши со Кејн. Па уште моронон Хоџсон ги забетонирал во прв тим дечурланана од Тотенхем кои имаат солидни игри во мртвана лига претходната година, искуство нула, па уште измислува топла вода. Одбраната не беше толку проблем колку средниот ред и нападот кои дефинитивно не знаеа кај се наоѓаат. Кога ќе размислам подобро уопште ниеден играч не остави позитивен впечаток ова првенство и баш ми е криво што Рашфорд, Баркли(колку и да не беше во форма), Клајн и Милнер не добија повеќе шанси пошто сум убеден дека ќе изиграа подобро него првиов тим.
Тоа беше и мојата поента, не може да се дели кривицата за дебаклов според играчи од кој тим дошле, никаква врска нема едното со другото. Напишав дека горе доле ова е најсилниот тим што можеа да го склопат, тоа што кокошките се млади и неискусни а треба да водат репрезентација или дека Ливерпулци што не влегоа се криви не држи вода.
 
Уште еден доказ дека нема попрецената репрезентација од Англија и попрецената лига од ПЛ. За маркетинг се секад први. Ама кога треба да се игра ги нема...
 
CmCAnLsWMAAJMaS.jpg:large
 
Па прицкал Гврдиола за Тер Штеген не го сакал Харт ич, еден тон луѓе го тврдат истото.
http://www.skysports.com/football/n...c-says-roberto-mancini-wanted-him-at-man-city
Не само Пеп, и Манчини во неговото време го сакаше Беговиќ да го замени Харт. Последната негова сезона се пишуваше на големо дека неговиот тренер на голманите му сугерирал често дека Харт страда од пресамоувереност која ќе му штети на долг рок, потоа Харт се спука со Манчини, бараше да се смени тренерот на голманите и Манчини сакаше да го продаде Харт. Не испадна ништо од ова зошто го избркаа од Сити, инаку сега ќе беше Харт во Кристал Палас.
Како и да е, и така Батленд ќе биде прв голман кога ќе се врати од повредата, време е канаринецот да се спушти малце на планетата Земја.
 
Не сум искоментирал ништо за англичаните, со тој очај од фудбал што го играат не ме изненадува ништо од нив.

Само би ги прашал луѓето (а ги има доста) што трубеа за 10-0-0 скорот во квалификациите на Англија, што мислат сега, каде е влијанието на тие мечеви што според повеќето беа битен фактор?
 
Рака на срце, тоа беше импресивен скор, и фудбалот што го играа тогаш воопшто не беше лош и стерилен, ги пратев добар дел од нивните наптревари во квалификациите, но така делуваа и Австрииците и некои други репрезентации.

Се до нокаут фазата, претходната форма и игра ништо не значи, тука се гледаат вистинските шампиони и победници од лажни и исфурани претенденти.
 
Велбек играше тогаш. :D
 
Да бе Тотенхем е крив што Англија има волку лоши играчи. Па само Тотенхем и Сауттемтон во последните 10 години пробуват да промовират млади енглези, Другите сите чекат на готов производ и послем се лутат што во репрезентација играле само играчи од Тотенхем.
Челзи веќе 10год не промовирал некој млад англиски играч, Сити освен Харт друг немат, во Арсенал 10год мислат дека Волкот, Чемберлејн, Гибс и Вилшер дека се нивната иднина, Манчестер само дрва вадеше и тек сега искочи еден квалитет Рашфорд.
А најголем проблем се помаливе екипи што мислат дека за да стигнат до некој успех потробно е само да се лупа пари на играчи. Њукасл, Вила, Сандерленд, Стоук, Палас се чист пример за тоа, лупат по 20-30 милиони на просеци, наместо парите да ги вложат во сопствени деца. И вака и така ќе завршат пак во долниот дел од табелата, барем вака ќе можеа да ја подобрат состојбата со играчите од островот.
 
Испаѓа дека Англискиве играчи се само теоретски добри. Најдобри се изгледа ако 9-10 неангличани се со нив на терен, како во ПЛ. Уште долги години ќе гледаме ваква репрезентација затоа што Англиските клубови во глобала го бараат брзиот успех со многу и големи трансфери него со долгорочна стратегија да изградат јаки фудбалери. До некаде ги разбирам, со тие огромни пари да се замараш со градење играчи...
 
Со чесни исклочоци не се ни теоретски добри. 90 посто се исфорсирани и паѓаат во невест ради нив без некоја посебна причина и континуитет во играта да го има играчот.
 
Рака на срце, тоа беше импресивен скор, и фудбалот што го играа тогаш воопшто не беше лош и стерилен, ги пратев добар дел од нивните наптревари во квалификациите, но така делуваа и Австрииците и некои други репрезентации.

Се до нокаут фазата, претходната форма и игра ништо не значи, тука се гледаат вистинските шампиони и победници од лажни и исфурани претенденти.
Импресивен скор, репрезентација како Англија која што се смета за голема и квалификации за пласман на ЕП/СП не оди во иста реченица :)

Мислам ме разбираш што ти велам. Шпанија, Германија, Франција, Италија и Англија во квалификациите за било кое првенство имаат за цел (или барем треба да имаат) директен пласман на првенството без никакви компликации. Всушност овие мечеви треба да им послужат не толку за импресионирање (бидејќи најчесто групите се лесни па така и знак прашање е какво ќе е тоа), колку за изнаоѓање најквалитетни играчки и тактички решенија.

Не гледам никаква импресивност во тоа во рок од две години да си ги совладал по два пати Естонија, Литванија, Сан Марино, Гибралтар, Азербејџан или слични репрезентации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom