ЕП 2014 - [ Втора фаза ] Група II

Статус
Затворена за нови мислења.
Изгледа ништо од финале за Хрватска, ако сите резултати испаднат како што треба, ќе гледаме полуфинале Данска - Хрватска и Шпанија - Франција..
 
Изгледа ништо од финале за Хрватска, ако сите резултати испаднат како што треба, ќе гледаме полуфинале Данска - Хрватска и Шпанија - Франција..

Тешко дека Хрватска и до полуфинале ќе дојде.
Искрено не верувам ни во полуфинале.Денеска сите резултати отидоа против Хрватска...тепаа и швеѓаните и пољаците,а они изгубија.Мали се шансите за полуфинале на Хрватска.
Али реално така и им треба.Место да го доврши подмладувањето од СП,пак враќа чекор назад со не баш најдобри играчи што ги има Голужа на располагање.
Лацковиќ и мртов мора да игра,Лосерт е за украс земен,а едно 2-3 подобри голмани од него седат дома.
Помалиот Валчиќ е најлошиот играч што го носел дресот на Хрватска некогаш.
Вуковиќ не добива никаква шанса освен како дефанзивец.

Со овој состав 5-6 место е силата и тоа денес се виде.
 
Ochekuvana pobeda na Francija vo najloshiot mech dosega megju ovie dve reprezentacii. Prvo poluvreme premnogu golovi, vtoro premnogu tehnichki. Lichno sum razocharan. Najinteresen aspekt od mechot mi bea akterskite sposobnosti na Port, osobeno vtoriot pad. A imashe i par izvonredni golovi na Sorendo.
 
Тешко дека Хрватска и до полуфинале ќе дојде.
Искрено не верувам ни во полуфинале.Денеска сите резултати отидоа против Хрватска...тепаа и швеѓаните и пољаците,а они изгубија.Мали се шансите за полуфинале на Хрватска.
Али реално така и им треба.Место да го доврши подмладувањето од СП,пак враќа чекор назад со не баш најдобри играчи што ги има Голужа на располагање.
Лацковиќ и мртов мора да игра,Лосерт е за украс земен,а едно 2-3 подобри голмани од него седат дома.
Помалиот Валчиќ е најлошиот играч што го носел дресот на Хрватска некогаш.
Вуковиќ не добива никаква шанса освен како дефанзивец.

Со овој состав 5-6 место е силата и тоа денес се виде.

Зар мислиш дека има шанси Хрватска да изгуби од Русија и Полска ?
Клучен натпревар за полуфинале беше победата над Шведска што ќе се покаже значајно за расплетот на оваа група . Во полуфинале со Данска ако ја подобрат играта можат да изненадат , но сепак пореално е борба за бронзен медал.
 
Не би ги потценил ни Русија ни Полска. Французите едвај со еден гол во последните секунди ги победија Полјаците, а Русите иако варираат во игра знаат да бидат незгодни. Посебно би пазел со Полјаците, мислам дека Хрватска - Полска ќе биде решавчка за тоа кој ќе биде вториот патник за полуфинале.
 
Зар мислиш дека има шанси Хрватска да изгуби од Русија и Полска ?
Клучен натпревар за полуфинале беше победата над Шведска што ќе се покаже значајно за расплетот на оваа група . Во полуфинале со Данска ако ја подобрат играта можат да изненадат , но сепак пореално е борба за бронзен медал.

И со победа над тие 2 репрезентации (во што искрено стварно не верувам),пак има големи шанси да не отидат во полуфинале.
Реално со овој состав толку е силата.
 
Како што можеше ние да ја победиме австрија така и хрватска може да ја победе данска.:D Да не неможе да се стегнат една утакмица и да им биде денот што се вика народски ида победат? не дека навивам за нив или ги сметам за топ 3 на првенствово али не е толку преголема разликата данска-хрватска во кавалитет..
 
И со победа над тие 2 репрезентации (во што искрено стварно не верувам),пак има големи шанси да не отидат во полуфинале.
Реално со овој состав толку е силата.

Нема шанса , што збориш , со победа над Русија и Полска сте во полуфинале , си побркал нешто .
 
Нема шанса , што збориш , со победа над Русија и Полска сте во полуфинале , си побркал нешто .

Nope....ако тепа Шведска се до крај Шведска оди. :D
Оваа утакмица ако се победеше ќе беше де факто и полуфинале осигурано,а без оваа шансите за полуфинале се мали.Сега зависат од другите не од себе.
 
Па што мислите зошто Хрватска на крај земаа тајм аут и одеа на тоа да постигнат гол, им одговараше на нив еден гол негатива у случај на крај да се прави круг од три репрезентации.
 
Аууууу не е нормална групава...трилери,трилери упм,здравјето го изгубив денес со Пољаците и Швеѓаните(од аспект на кладилница мислам):гик: ...
Пољаците имаа среќа во задникот,од нигде никаде од заслужен пораз на крај дури и победија...:pos:
Уште не ми е јасно шо се случи во последните 3 минути...
Се им се поклопи,Рутенка речиси и да не доби топка на крај,шутираа пред се играчи кои не беа во фокусот дотогаш,како Рутенка и Шиловиќ.....
Незаслужено,но слатко...
Кај Полска единствено предона оценка заслужи Јуркивиќ,MOTM,класа бек и Кристоф Лијевски...
Другото се слабо,многу слабо,посебно левото крило Вишњевски,сите топки на прва статива ги акна и го направи јунак Чарапенка,морам да ја спомнам и слабата игра на Михај Јурецки,не личеше на себе денес,откако на почеток на второ полувреме влезе на местото на Јуркевиќ падна полскиот напад,без идеја,откако с еврати Јуркевиќ во последните4,5 минути пак некако имаа игра........
Штета за Белорусите,навистина изиграа паметно,ги искористија слабите точки во полската одбрана,таа 6-0 зона ја разбиваа со влетување на Рутенка на втор пикер,едноставно немаа решение Пољаците за оваа игра,плус соработката со пикерот беше феноменална....
Заслужија победа,најмалку бод,на крај останаа со нула...
Ретко виден меч....
Шведска-Русија
Шо да кажам овде,две лица,во првото Шведска си газеше,солидна одбрана,брзи контри,идеја во напад...20 парчиња дадоа за само 30 минути...
Шо се случи во второ полувреме?
Обично Скандинавците се познати по својата смиреност,ама денес се изгубија...
Русите им одржаа вистинска лекција,нешто шо не е типично за нив..
Едноставно си ја играа својата игра,и кога губеа со 7 разлика и кога успеаа да го свртат мечот за момент...
На крај немаа среќа,судиите ги искинаа,речиси секоја двојбена топка им ја дадоа на Швеѓаните,многу ги толерираа,нешто шо е нормално,сепак исто како да се домаќини Швеѓаните во Данска......
Браво за Игропуло ги изрешата со 11 гола,Житников покажува дека е голем талент,малце потрфли Атман,Горбок не беше лош,Шелменко не доби голема минутажа,штета шо немаа поголема ротација,речиси никаква соработка со пикер,левото крило отсечено,колку им фалат Чипурин и Дибиров....
Како и да е,извади максимум денес Кулешов...(y)
И на крај шлагерот...
Се беше супер за каубоите,се беше идеално,си го решетаа Димулан од каде стигнаа,до моментот кога не влезе Омејер...
И тогаш им се случи ова...
oh-no-not-again.jpg

Додуша и Французите ја стегнаа одбраната,немаше веќе простор за слободен скок шут,пред се на Копљар,Бичаниќ падна целосно,Дувњак беше затворен,не ни форсираше денес толку сам да оди на противничката одбрана,немаше ни среќа со стативите....
Колку им фали на Хрватите еден бек од левата страна,Бичаниќ е добар,ама Бичаниќ не е Лацковиќ...
Никако да се комплетираат,се некој им фали....
Друга работа е премногу технички грешки на двете страни,премногу лесни голови,несфатливи испаѓања на топка,фрлање во аут....
Французите не блескаа премногу се потпреа на дуото Карабатиќ-Сораиндо,едноставно овие двајца ја измешаа таа централна зона на Хрватите,каде шо требаше да бидат најсилни,па после се отвори многу простор...
Другите бекови речиси неприметни,нешто шо не сме навикнати да го гледаме,еден Нарцис,еден Акамбре да имаат епизодни улоги....
Како и да е,ова беше меч на нерви,Франција подобро се снајде...
Со оваа победа се речиси со двете нозе во полуфинале...
Се закомплицира групата,3 селекции во борба за полуфинале....
Многу работи ќе решат мечите на Хрватска и Полска,Полска-Шведска(овде се отворено,посебно по нивните изданија денес) и Франција-Шведска во последното коло..
Хрватска би требало да ја добие Русија во вторник...
Хрватскиот коментатор спомна дека ако Шведска ги добие Пољаците во вторник,тогаш во последното коло со Франција ќе им треба победа од два разлика и во тој случај тие се во полуфинале...
Оваа група за разлика од првата е навистина силна...
 
Nope....ако тепа Шведска се до крај Шведска оди. :D
Оваа утакмица ако се победеше ќе беше де факто и полуфинале осигурано,а без оваа шансите за полуфинале се мали.Сега зависат од другите не од себе.

Ако ги победи Шведска сите до крај тогаш навистина станува опасно за Хрватска и се создава круг меѓу Хрватска , Франција и Шведска .
Моментално Хрватска има гол разлика -1, Шведска -1 , Франција +2. За да Шведска да биде пред Хрватска во ваква комбинација тогаш треба да ја победи Франција , додека Франција да изгуби помалку од 4 разлика.

Ауууу не посакувам вакво сценарио.
 
Полска ќе добие еден меч, а се си мислам дека тоа ќе биде против Швеѓаниве.
 
Ако ги победи Шведска сите до крај тогаш навистина станува опасно за Хрватска и се создава круг меѓу Хрватска , Франција и Шведска .
Моментално Хрватска има гол разлика -1, Шведска -1 , Франција +2. За да Шведска да биде пред Хрватска во ваква комбинација тогаш треба да ја победи Франција , додека Франција да изгуби помалку од 4 разлика.

Ауууу не посакувам вакво сценарио.

Денес се отиде кон тоа....на швеѓаните совршено им се поклопија коцките.

Како прво чисто сумњам дека и Хрватска се ќе тепа до крај. Стварно не знам на кој начин мислат да се докопаат до полуфиналето ако планираат да играт вака ко што играат ова првенство.
 
Французиве беа лоши, ама Хрватска и Голужа уште полоши. Не прави никакви замени колку и да не им иде на Дувњак, Чупиќ и Алиловиќ. Вуковиќ и Лосерт не добија никаква шанса, Хорват му текна у последни 10 минути да го стави. 10 минути Хрвативе гол немаа дадено.
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 22:31 ---
Јас сум за Полјаците да идат понатака. Најнеконстанта екипа од сите, а имаат квалитет. Со Србија губеа 6 разлика, со Русија губеа 6 разлика, а и двете ги стигнаа во краток период. Со Франција исто почнаа многу лошо, па ја поправија играта и само Демулан ги спаси Французиве од пораз. Сеа и со Белорусија така, за 5 минути прават негатива од 4 разлика, за 5 минути успеваат да стигнат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom