ЕП 2014 - [ Втора фаза ] Група II

Статус
Затворена за нови мислења.
Не би ги потценил ни Русија ни Полска. Французите едвај со еден гол во последните секунди ги победија Полјаците, а Русите иако варираат во игра знаат да бидат незгодни. Посебно би пазел со Полјаците, мислам дека Хрватска - Полска ќе биде решавчка за тоа кој ќе биде вториот патник за полуфинале.

Мајката добра процена сум направил во неделата :D

Полјаците се многу моќна репрезентација, и еве сеа на мечов тргна моторот.. големава гол разлика е и поради целосен распад на концепцијата на швеѓаниве.

Ќе биде многу интересно Полска - Хрватска.

@TheTrooper што викаш? Нешто осеќам дека не си баш оптимист :D
 
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 22:31 ---
Јас сум за Полјаците да идат понатака. Најнеконстантна екипа од сите, а имаат квалитет. Со Србија губеа 6 разлика, со Русија губеа 6 разлика, а и двете ги стигнаа во краток период. Со Франција исто почнаа многу лошо, па ја поправија играта и само Демулан ги спаси Французиве од пораз. Сеа и со Белорусија така, за 5 минути прават негатива од 4 разлика, за 5 минути успеваат да стигнат.


Да си се самоцитирам. :D Исто и сеа, губат 4-5 разлика, направија 12 разлика предност. Ептен ќе ми биде мило да идат во полуфинале иако досеа си навивав за Хрватска. Машки им се спротиставија на Французите и не заслужија да изгубат.
 
Леле,леле шо направија Пољаците..
Не се нормални овие хаха....:свиркам:
Од очајна игра со Белорусија стигнаа да ја размонтираат една Шведска,не знам точно,ама мислам дека ова е најголем пораз за Швеѓаните на едно големо натпреварување..
Ги откостија,ги распарчија,ги понижија,едноставно им нанесоа таков срам шо со години нема да можат да го исперат..
Браво за Пољаците,од изгубена позиција,стигнаа да се борат за полуфинале,секоја чест...
Утре со Хрватска ќе биди покољ,вистински тест за двете селекции...
Кој ќе го добие џек потот да се судри со Данска?:)
Мојот тип оди за Хрватите,како и секогаш....
Иако не блескаат против посилните селекции,со Швеѓаните на мускули,со Франција дежа ву,сега со Полска е тестот за вистинската сила на оваа Хрватска...
Мој тип е победа на Хрватска од 3 гола разлика,во израмнет меч...
 

Znaev deka ke go platat ova nekogas :) I se stori toa na najubav nacin, od Polska 35-25 :icon_lol:
 
http://i.imgur.com/EIOzNYa.png :D
Мн јака играат пољациве и имаат бомбардери бекови.Она со белорусија беше грешка на тренерот според мене и слабата реализација од крила и промашени пенали.Се знаеше дека ќе експлодираат барем на една утакмица.
 
Шведските осцилации на ова ЕП at it's finest (n). Истото го приредија и против Русија пред 2 дена, ама тогаш што со помош на судиите малце, што тие +7 од првото полу-време, ги капитализираа во своја корист некако на крај. Од стеларни минути на паркетот, до очобол и игра во агонија до немајкаде. Крајно несериозен пристап од репрезентација со така дебела ракометна историја, која на секој собир претендира на висок пласман. Никаква воиграност меѓу играчите, како прв пат да се наоѓаат заедно терен. Пољаците налетаа на село без кучиња и удри!


ПС - Голманчето делуваше како да изгубило невиност со Лиса Ен пред 24 часа !! :vozbud:
 
То бре, еби ги грдите! :vozbud:

Еве што е игра за престиж, во идентична ситуација се Швеѓаниве ко нас, максимално можат четврти да завршат, но ги скинаа Французите. :D

Али како вчера заради лош ден, лесно си ги продадоа шансите за полуфинале или петто место. :unsure:
 
Тешка утакмица ќе биде, крвава до крај :D

Браво за Мирко, Јурецки и полските навивачи за бодрењето
 
Полјациве ме импресионираа. Заслужуваат да одат меѓу четирите. Имаат разноврсна игра, одлични голмани, брза контра....ко Норвешка во женскиот ракомет ;)
 
Шо му се деси на тој пољакот што го изнесоа надвор, како се повреди?
 
Бичаниќ на крај ги реши пољаците.
Кога ќе се собере и одземе, очекувано полуфинале на крајот. Најверојатно и очекувано финале..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom