ЕП 2014 - [ Втора фаза ] Група II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.063
Поени од реакции
16.629
b0a78b2f89.png

Група 2, група во која има веќе два изразити фаворити за пласман во полуфиналето, а тоа се репрезентациите на Франција и Хрватска, воедно тие две репрезентации со себе носат 4 поени добиени од првата фаза на првенството и со самото тоа се повеќе е извесно дека тие две екипи ќе се најдат во полуфиналето, во борбата за полуфинале може да се вмеша и Шведска, останатите репрезентации Полска, Белорусија и Русија мислам дека не се достижни за тоа полуфинале, а ако го знаеме фактот дека Русија и Белорусија се со 0 поени во оваа новоформирана група, шансите се минимални, да не речам никакви.

Распоредот и табелата моментална, пред почетокот на натпреварите.

group2.JPG

Натпреварите во оваа група ќе се играат во Архус, во НРГИ арената.

*извинете за воведот што е минимален, ама моментално толку ми дозволува времето.
 
Во оваа група ќе биде понеизвесно кога се во прашање полу-финалистите. Иако на прв поглед Хрватска и Франција делуваат како сигурни патници (што по квалитет, што по традиција), Шведска не е воопшто наивна репрезентација и гарант ќе се обиде да го искористи секој евентуален пропуст и кикс на првите две. Ги гледав против хрватите пред 2 дена и можам слободно да кажам дека децата рамо до рамо се држеа скоро до крајот. Одбраната им е добра, само во нападот ако ги намалат осцилациите и ''дупките'' од по 5-6 минути без постигнат гол (тоа ги кошташе и победа на тој меч) - тогаш имаат реални шанси да потпрат и да се најдат во борбата за медалите.

Вечерва Хрв-Фра ќе биде супер меч (стара класика (y)), а и многу јак ќе биде расплетот во последното коло кога ќе играат Шве-Фра.
 
Рутенка је распалио :cool:.
Единствено Шведска може да им парира на Хрватска и Франција и да има какви-такви шанси за влез во 1/2 финале. Другото во споредба со нив е гола вода.
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 17:23 ---
Лелееее, кој трилер е утакмицава :vozbud:
АУУУУУ, каков камбек на Полска :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Aиии, урнебес, што ли беше сега ова? :vozbud:

Најдраматичен натпревар досега на првенствово, секоја чест за Пољациве каков пресврт. Да не им си во кожа сеа на Белорусиве, добиена утакмица прокоцкаја.
 
Ајајајајај што пропушти Белорусија:facepalm:
 
Колку само се изглупираа Белорусиве

Во последниве 5 минути 5-0 им напраја :tapp:
 
Да прокоцкаш 3 гола предност, да примиш 4 гола за 2:45 минути, треба да си стварно талент. :cuc:
 
Ееее колку наивно. Добиена утакмица изгубија, тоа е неискуството. Ваква утакмица одамна немам гледано да бидам поточен од лани Кил - Веспрем
 
И ние сме прокоцкувале водство ама вакво нешто ни на нас неможе да ни се случи. Какви пацери:facepalm:
 
Ај сега некој добар линк за следнава утакмица
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom