- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.063
- Поени од реакции
- 16.630

Група 2, група во која има веќе два изразити фаворити за пласман во полуфиналето, а тоа се репрезентациите на Франција и Хрватска, воедно тие две репрезентации со себе носат 4 поени добиени од првата фаза на првенството и со самото тоа се повеќе е извесно дека тие две екипи ќе се најдат во полуфиналето, во борбата за полуфинале може да се вмеша и Шведска, останатите репрезентации Полска, Белорусија и Русија мислам дека не се достижни за тоа полуфинале, а ако го знаеме фактот дека Русија и Белорусија се со 0 поени во оваа новоформирана група, шансите се минимални, да не речам никакви.
Распоредот и табелата моментална, пред почетокот на натпреварите.
Натпреварите во оваа група ќе се играат во Архус, во НРГИ арената.
*извинете за воведот што е минимален, ама моментално толку ми дозволува времето.