ЕМО - Охрид оди во стечај?

  • Креатор на темата Креатор на темата DRaGaN mebel
  • Време на започнување Време на започнување
Уште (по)стојат нивните објекти и организациони единици во Струга, Кичево, Македонски Брод, Крушево*, Демир Хисар, Дебар*, Гевгелија, Тетово, Скопје...во 80-те ЕМО произведуваше телевизори по лиценца на ГолдСтар (сега дел од LG) за Југославија и извоз по Запад.
Во право си, имаше ЕМО и во Дебар, т.е. на 5-6 километри од Дебар, мислам дека сега погонот е продаден.
 
Ниту ЕМО, ниту Охис, ниту било која компанија слична на нив некогаш ќе се рестартира... Помина нивното време, и за жал нивното затворање си зема со себе голема невработеност затоа што во нив беа воглавно постари луѓе кои никој несака да им понуди работа после тоа :(
Сличен е и случајот со ОХИС...
Од златна фабрика, до тотална пропаст во моментов благодарение на разни арабаџии кои севртеа таму.
Мајка ми работеше во Охис долги години од некаде крајот на 70-тите, вработена како дипломиран инжењер по хемија бла бла, нормално ни тогаш неможела да најде одма работа, туку имало акција па доста луѓе исповработиле. Некаде до 90-та година си беше океј, е од тогаш почнаа да вработените да ги водат како технолошки вишок. Со години фабриката пропаѓаше, цели погони се затвораа, само дел од нив функционираа.
И условите беа никакви, којзнае колклу луѓе се испоразболеа, во зима никакво греење немаше сигурно -20 беше во просториите...
А газдите си лапаа по 100 000+ денари месечно. Редовно со платите им доцнеа по 10-тина месеци. Некаде во 2008 ако не се лажам вработените добија понуда или да чекаат фирмата да се продаде или да се дадат оставка и добијат плати за две години како надоместок (како и исплата на заостанатите којзнае колку плати).
Пази фабрикава пропаѓа а господата поставени од власта земаат плата од 120 000 денари :cenzura:
Ја задолжија фабриката, кој ќе сака да купи нешто такво???
Мајка ми прифати да се откаже, а воглавно останаа оние кои им требаа уште неколку години за да имаат стаж за пензија.
И направи правилен потег пошто фабриката ниту се продаде, тие што останаа ебан денар немаат видено со месеци, штрајкуваат а никој не ги слуша итн.
Моментот беше НЕМОЖЕА ДА ГИ ИСЛАТАТ ни тие што се откажаа. Почнаа да стигаат молбени писма, да се јавуваат по телефони, ве молиме разберет ја нашата ситуација, кога ќе имаме пари ќе ви платиме.
Да ве разбереме пизда ви материна, 2 000 евра земате за дрвење кур, бап тужба, и со помош на извршители си ги добивме средствата што следуваа по договорот.
Е сега до пензија никој не те вработува друг, кој ќе вработи жена на 59 години која го оставила здравјето во фабрика? :coffee:
Го опнаа законот за пензија до 62 години за жени, а во државава ако те отпуштат и имаш 45+ години нема теорија никој да те вработи освен ако немаш некој познат да ти даде работа.
 
имало спас и за тие луге што работат/работеле во ЕМО, подобро стечај него бадијала да одиш на работа, фирмата е пропадната веќе 15-20 години, пробаа да ја продадат, никој не ја сака, лугето плата не земаат таму, одат по печурки, компири садат и слични работи за да преживеат, за нив ништо не им значи дали таа фирма ке функционира или не, и така не живеат од парите што не ги земаат од таму, ова е само едно олеснување за вработените.
 
Има(ше) една добра идеја еден погон на Емо да се претвори во фабрика за преработка на отпад.Ама пошто идејата е од локалната власт која ја раководи партија од опозицијата,а ЕМО е сопственост на државата ништо од тоа.И ние понатаму ќе си страдаме затоа што во Охрид на власт е различна партија од таа која моментално е на Власт.Се караат меѓусебе ,а страдаат граѓаните на Охрид.

"Ниту слушнале,ниту сакаат да слушнат":facepalm:

http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=46640

Во „ЕМО“ се изненадени од најавите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ кое неодамна промовираше проект за изградба на фабрика за преработка на комуналниот отпад од општина Охрид, која се планира на просторот на кој е лоцирана компанијата за производство на електро материјали. Извршниот директор на „ЕМО“, Зоран Филоски, вели дека никој не ги запознал со иницијативата, ниту пак некој ги контактирал за мислење.

-Оваа идеа прв пат ја слушам од вас медиумите. До сега ниту писмено ниту усно Локалната самоуправа не ме контактирала, ниту ми ја презентирала таа програма. Лично сметам дека таква фабрика за рециклажа и преработка на отпад е добредојдена, но ако имаме во вид дека „ЕМО“ е изграден на поранешна депонија и сега тука повторно да градиме фабрика за отпад мислам дека во најмала рака тоа е многу лоша идеа, изјави Филоски.

Тој истакна дека во моментов се прават напори за ревитализација на „ЕМО“ и дека надлежните во општината воопшто не треба да се размислуваат за изградба на фабрика во отпад на тој простор.

-Се преземаат чекори за продолжување на дејноста што ја обавува „ЕМО“, а не компанијата да ја претвараме во фабрика за отпад. За реализација на таквата идеа локалната самоуправа и останатите структури треба да си најдат друга локација, дециден е Филоски.

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, деновиве презентираше проект за изградба на фабрика за преработка на комунален отпад вредна 3,5 милиони евра, која, според најавите, долгорочно ќе го реши проблемот со депонирање на отпадот од општина Охрид. Истиот наместо да се одлага на депонијата Буково која не ги ипсолнува еколошките стандарди, ќе се преработува и од него ќе се добива компост, суровини од хартија, пластика и стакло, како и погонско гориво.

Фабриката, според предлагачот, треба да биде лоцирана во индустриска зона, а најидеално би се вклопила во некоја од фабричките хали на охридски ЕМО. За таа цел, како што беше соопштено на јавната презентација на проектот, локалната самоуправа ќе побара од државата да и отстапи на општината еден од погоните на „ЕМО“, од каде ја отфрлаат таквата можност.

Експертите сметаат дека проблемот со цврстиот комунален отпад е најболното прашање со кое се соочува не само Охрид туку и Македонија. Според нив изградба на фабрика на преработка на комунален отпад, која би била во согласност со Националниот план за управување со цврст отпад, е добро решение.
 
се е тоа убаво стави му катанец . . .ама тие луѓе тамо што работеле по 25-30 год , здрвјето го оставиле , работејки во ненормални услови и прекувремено и др... сега имаат несредени плати и надоместоци за здравство и пензија и несплатени побарувања , судски процеси.... . .

Државата- Влада која е сопственик треба да си ги подмири тие долгови и штети - да не ги малтретира работниците , па после она нека си чини чаре со фирмата , ќе ја подари ли , или запали . . .
не да се фали дека има добра економска политика

Сега тие луѓе се *технолошки отпад * , кој ќе ги земе на работа сега ? за во пензија имаат уште 10-15 години .. . ?? без примања како ке се снајдат , додека се решат тие должнички побарувања тие ке умрат . . .

Уште еден апсурд - за ПИОМ еден работник плаќа 40 години по некој износ, а кога помислам дали тој утре кога ке треба да ја зема пензијата , ќе живее 40 години?///
 
Не ми е јасно зашто некои велат биле непродуктивни, застарени, старо железо или што не знам.
Дали ЕМО Охрид ги градел овие проекти низ цела Македонија, Иран, Ирак, Русија, Емиратите...?
http://www.emo.com.mk/index.cfm?id_hdr=6&SOURCE=major_projects.cfm

Кога на времето го формирале Македонскиот и Југословенскиот ГДП, кога ги полнеле здравствените и образовни буџети, биле во ред. Сега не чинат. Не чинат затоа што се дозволи да не чинат од неколкуте гарнитури на власт, нешто за кое одамна е дискутирано. Но со дел од парите дадени за непродуктивни нешта сигурно можеа да се осовременат и тие и Охис и тутунски Прилеп...Ниедна фабрика каде мнозинство држеше владата и каде ја раководеа владини повереници, досега "не успеа" да се реактивира.
 
Па јас колку што знам дека ЕМО ќе оди јабана се знаело уште од деведесетите години. До 95та мислам дека имаа и поволни услови да дадат отказ и да земат така троа повеке плати :)

Вие да не имате работено во ЕМО?
 
Не ми е јасно зашто некои велат биле непродуктивни, застарени, старо железо или што не знам.
Дали ЕМО Охрид ги градел овие проекти низ цела Македонија, Иран, Ирак, Русија, Емиратите...?
http://www.emo.com.mk/index.cfm?id_hdr=6&SOURCE=major_projects.cfm

Кога на времето го формирале Македонскиот и Југословенскиот ГДП, кога ги полнеле здравствените и образовни буџети, биле во ред. Сега не чинат. Не чинат затоа што се дозволи да не чинат од неколкуте гарнитури на власт, нешто за кое одамна е дискутирано. Но со дел од парите дадени за непродуктивни нешта сигурно можеа да се осовременат и тие и Охис и тутунски Прилеп...Ниедна фабрика каде мнозинство држеше владата и каде ја раководеа владини повереници, досега "не успеа" да се реактивира.
Нема ни да успее да ги реактивира...
Во минатото така убаво се погрижија да пропаднат фабриките, што ни господ неможе да ги реактивира.
Каква држава сме ние, со какви хоштаплери делиме територија, и уште истите ги гласаме за да си лапаат евриќи, додека ние живееме од ден за ден.
И двајцата мои родители беа дел од вакви фабрики, спомнав мајка ми како инжењер во ОХИС, татко ми во една друга фабрика која нема да ја именувам.
ОХИС страдаше од директорите кои беа поставувани од власта. На сметка на тоа што се богатеа со помош на минатите гарнитури, настрадаа 10 000 луѓе :)
Само неколку погони работеа до март некаде, повеќе ништо не работи, како што пишав во претходниот пост, ги залажуваа дека ќе се продаде, али доста извесно е дека и ОХИС ќе оди под стечај.
Јорго Ќука се наполни со пари од ОХИС да му ебам гз мајчин да му ебам, али нормално не беше сам кога крадел, туку тоа си оди со амин на претходните гарнитури:)
Си имаа свои луѓе кои краделе од матријалите што ги прозиведувал ОХИС, после си ги продаваат приватно. Само од цефките којзнае колку пари имаат ќарено, а слично се случувало и во сите други фабрики. Фабриката трпи загуби, а одредени луѓе си се богатат. Уште повеќе ги дотепа тоа што во Панчево фабриката од која увезуваа винил, беше бомбардирана во 1999 со што немаа од каде да увезуваат, па погонот за ПВЦ како и еден куп други погони кои се поврзани со овој погон си ебаа мамата. Пари за плата немаа со месеци, ама и во најкризните моменти тие во управата си лапаа по 1500-2000 евра.

Со фабриката кај што работеше татко ми цели игри беа, во кои беа вклучени и СДСМ и ВМРО. Само уште еден доказ дека си го играат курот со нас, си го поделија парите од фабриките, а во јавност глумат лудило божем се ривали.
Конкретно еден сега успешен градоначалник ја уништи фабриката, со тоа што ја прати под стечај иако имаше неколку заинтересирани да ја рестартираат. Прво во деведесетите ВМРО несакаше да прифати странска понуда од 6 милиони евра за 70% од фабриката, затоа што Георгиевски им бараше 5 милиони мито...
Сегашниот градоначалник од редовите на СДСМ ја однесе во стечај фабриката, а потоа ја продаде на тие што му фрлија највеќе мито, иако имаше странци кои беа многу поискрени во намерите а и на тендерот имаа поголема понуда.
Некои од вработените ги задржаа како амали, татко ми се реши да води судска постапка против нив, вадејќи им разни податоци за криминал на одредени партиски структури кои примаа мито во текот на решавањето на проблемите со фабриката. Почнаа да стигаат закани, па и по животот на членови на фамилијата, по што татко ми виде-не виде мораше да се откаже :(
Голем дел од тие што останаа во комапнијата која ја купи фабриката, испоумреа од тешката работа, и малата плата. Сите се испоразболеа, некои од нив се обесија итн... :(
Конкретно за оваа фабрика главни виновници за долговите беа истотака дсиректорите од минатото, кои не го исплаќале кредитот за време на Југославија, кредитот кој бил земен за изградба на фабриката. А слични кражбио имало исто како и оние во ОХИС.
Истотака со ембаргото од Грција, уште толку биле дотепани фабриките со оглед на тоа што морале потребните матријали преку Бугарија да ги носат и се зголемувале транспортните трошоци.
 
Уште (по)стојат нивните објекти и организациони единици во Струга, Кичево, Македонски Брод, Крушево*, Демир Хисар, Дебар*, Гевгелија, Тетово, Скопје...во 80-те ЕМО произведуваше телевизори по лиценца на ГолдСтар (сега дел од LG) за Југославија и извоз по Запад.

Болдираното сега се вика Прототип(ако не згрешив), чув дека е приватизирана или некоја друга зафрканција е, ама знам дека се добро работи
 
Не ми е јасно зашто некои велат биле непродуктивни, застарени, старо железо или што не знам.
Дали ЕМО Охрид ги градел овие проекти низ цела Македонија, Иран, Ирак, Русија, Емиратите...?
http://www.emo.com.mk/index.cfm?id_hdr=6&SOURCE=major_projects.cfm
Кога на времето го формирале Македонскиот и Југословенскиот ГДП, кога ги полнеле здравствените и образовни буџети, биле во ред. Сега не чинат. Не чинат затоа што се дозволи да не чинат од неколкуте гарнитури на власт, нешто за кое одамна е дискутирано. Но со дел од парите дадени за непродуктивни нешта сигурно можеа да се осовременат и тие и Охис и тутунски Прилеп...Ниедна фабрика каде мнозинство држеше владата и каде ја раководеа владини повереници, досега "не успеа" да се реактивира.
Мене за тие Ју години ми е чудно како најголем дел од броилата за струја по зградите низ Македонија се производство на словенечка Искра, а исти такви работеше и Емо.Еден период дури и како подизведувач за германски Сименс.После, убав процент од депозитните кутии и сефови по нашиве банки се производство на Емо.
Друга работа, и мој родител работеше пред доста време во Емо, па често ја имам слушано таа дека тројца во смената биле на истото работно место и најголем дел од времето им било непродуктивно.
Ама истовремено наоѓам вина во раководствата и владите, имале милион опции за да ги средат работите не само со Емо, туку и со многу други загубари.Ама најкасно до пред десетина години...А сега викаме дека немаме индустрија, а ја пропаднаа тогаш единствената фабрика за фрижидери (Фринко во Битола), за хемиски производи (Охис), за ел.апарати (Микрон - Прилеп, Слобода - Охрид), две за автобуси (Санос, Неокар),
Во Охрид еден од најголемите производители на текстил во бившата држава (Отекс), бившата фабрика за РД и додатоци за патнички возила на Застава е поделена на 3-4 помали фирми (работат со добри резултати и слабо платени работници), Слобода (ел.апарати, калорифери, правосмукалки, бојлери, агрегати, печки), Илинден (чевли и обувки), Монтер (градежништво) и Езерка (метални п-води) се историја, фабриката за пластични маси Лихнида (пластични маси и п-води) е со 30% од некогашниот капацитет, ГП Трудбеник исто така, Братство лани се рестартира со далеку помал број работници...
A eве како заврши објектот на Отекс...
821.jpg
Освен зелен пазар, наводно е планирана изградба и на Систина болнички комплекс и/или трговски центар.822.jpg
Еве колкава површина е комплексот:
кам 2.jpg
И не е лошо да градат КАМ, местото беше ко хорор филм порано (особено навечер), ама да бидат и бившите вработници испочитувани за заостанати побарувања.Сепак тој филм научени од минатото мислам дека нема да го гледаме (n)
 
Ниту еден реален пост со реални и официјални бројки. Не треба повеќе, податок кој колку што и како направил. Се некои паушални оценки овој е крив оној е крив и барање изговори за сопствената неспособност.
Тие фирми што пропаднале тоа и го заслужиле.
Требаше порано да мислат со главите тие кутри душички кои леле како сега ќе се снајдат до пензија, а што убаво им беше во времето на браварот кога можеа да потпивнуваат и да спијат на работно место... Мрш бе таму, копуци едни невоспитани некултурни. И олку е луксуз.
 
Да вработените се криви што директорите краделе под палка на државата, вработените се криви што директорите не ги исплаќале кредитите, вработените се криви што во државава никој несака да вработи некој што има над 45 години освен како за амал иако е дипломиран инжењер.
 
Точно така. Да бил паметен инжињерот немало да дозволи да дојде до тоа дереџе до кое дошол.
 
Точно така. Да бил паметен инжињерот немало да дозволи да дојде до тоа дереџе до кое дошол.
А извини mister smarty pants како може инжењерот да спечи државата да бара мито за продажба на фабриката, или да спречи директорот да си ги продава дел од призводите приватно оштетувајќи ја фабриката, со амин од државата?
Инжењерот си е инжењер, работникот си е работник, немопже во исто време да бидат и џандари и судии и обвинители и народни бранители :tapp:
 
Back
На врв Bottom