ЕМО - Охрид оди во стечај?

  • Креатор на темата Креатор на темата DRaGaN mebel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
Локација
MOZILLA . . . . . .. . sarena cesma
Веб-сајт
s-static.ak.facebook.com
ЕМО“ Охрид оди во стечај , и тоа за неколку дена . . . .. . . Со ова би се ослободиле од големите долгови по разни основи, а со тоа над 3.000 вработени ќе заминат под капата на Агенцијата за вработувања.

Со ваквиот чин на отворање на стечајна постапка , паѓаат во вода сите најави за рестартирање на овој гигант на македонската електронска индустрија .Со тоа паѓаат во вода и најавите дека „Емо“ ке се рестартира , или ќе се продаде на странски инвеститор.
До сега сите инвеститори беагаа од големите долгови на ЕМО и наводната превработеност. Со ова се става точка на наводните добри намери .

Со стечајот единствено ќе изгубат вработените и доверителите , а можноста комбинатот исчистен од долгови да се продаде на некој инвеститор е можна , но секако на штета на целото охридско стопанство и секако на штета на вработените...

Што да прават работниците , кои тамо работеле . . има ли некој одговор ,како тие луѓе ќе се снајдат?
 
Не е неизвесна иднината само на Емо во тој пакет се и Охис и Еурокомпозит.
 
Уште порано требаше да се случит стечајот...само губење на време беше чекањето дека некој ќе инвестират во ЕМО и дека ќе го спасит...и така платите им доцена а некогаш и воопшто не земаа плата...едноставно жално е што туку така си изнапропаднаја фирми со ебаната погрешна приватизација... А што ќе прават вработени ? Да не им си во нивна кожа... можеби на стари години ќе требит да трчет по партии за да добиет некое посрано работно место вон нивната струка...
 
Ете и Гwујо може да се фали дека става клуч на фабрики.
Ја знам приказната за ОХИС и можам потполно да ги разберам сите кои ќе останат без рабита... Нив и нивните семејства. Жално, навистина жално. Младите генерации само слушаат за некој период кога денешните зарѓавени и напуштени објекти биле гиганти.
 
Голема оваа бројка, дај извор од каде ја најде.
Oтприлика таа е бројката, шо би се рекло секој втор во Охрид работеше во Емо, Отекс и Застава.Некогаш биле скоро 5000.Како дете ги памтам секој ден во 3 попладне, само на мојата постојка 7-8 автобуси со работници од ЕМО се враќаа дома...
Уште (по)стојат нивните објекти и организациони единици во Струга, Кичево, Македонски Брод, Крушево*, Демир Хисар, Дебар*, Гевгелија, Тетово, Скопје...во 80-те ЕМО произведуваше телевизори по лиценца на ГолдСтар (сега дел од LG) за Југославија и извоз по Запад.

*не сум сигурен, ама зборувале бивши работници дека имало п-водни активности и во овие места
Во 80-те Охрид заедно со Марибор имале најнизок процент на невработеност на ниво на Југославија.
ВЕСТ број 3514 од Саб Нед 10 11 март 2012 напиша:
Инаку, Охрид во Југославија бил втор град по висок процент на вработеност после Марибор.
...Од некогаш моќното охридско стопанство, во кое до 1991 работеа околу 22.500 луѓе, а Охрид беше втор град по вработеност според бројот на жители, веднаш по Марибор, останаа празни хали и фабрики зараснати со трева...
Значи од овие отприлика биле 5000 во Емо, уште толку во Отекс, нешто помалку во Застава, па Братство Инокс, Лихнида, Езерка...само тие 5-6 фирми.
 
Ете и Гwујо може да се фали дека става клуч на фабрики.
Ја знам приказната за ОХИС и можам потполно да ги разберам сите кои ќе останат без рабита... Нив и нивните семејства. Жално, навистина жално. Младите генерации само слушаат за некој период кога денешните зарѓавени и напуштени објекти биле гиганти.
Вакви постови поттикнуваат политички дискусии и не се дозволени на форумов. Без разлика на кого се однесуваат.
Слободно дискутирај и спомнувај ја владата, но не мешај политички партии и политички личности. Инаку, темава ќе се најде во Канта.
 
Oтприлика таа е бројката, шо би се рекло секој втор во Охрид работеше во Емо, Отекс и Застава.Некогаш биле скоро 5000.Како дете ги памтам секој ден во 3 попладне, само на мојата постојка 7-8 автобуси со работници од ЕМО се враќаа дома...

Знам дека на времето пред 20 години имал толку вработени, ме чуди што и до сега ЕМО ја задржал таа бројка.
И Охис на времето имал неколку илјади, а сега се останати околу 7-800. Едноставно луѓето или се пензионирале или си го барале чарето во приватно.
 
...сите тие фабрики се диносауруси од минатите времиња...
Во времето кога се правени во голема мера се направени со мааната наречена список на желби и се на основа на купена технологија. Списокот на желби направи да не бидат базирани на реални потреби, можности и пазар, туку на некакви проценки што би било кад би било , социјален мир дома..и ние сме многу паметни и ќе се снајдеме.
Купената технологија, немањето на свое знаење и непазарното работење доведоа до тоа технологијата во голема мера да остане смрзната во времето кога е купена , а најчесто и пред тоа...зошто никој не ти го продава врвот , а со тоа денес апсолутно неконкурентна и дебело застарена...:)
Со еден збор, социјалистичка превработеност , губење на темпото со знаењето и нивото на технологија, неконкурентноста, незнаењето во целост што е пазарот , а во услови на општа криза потполно неснаоѓање на тој пазар, па општата мрзливост итн, итн. довдоа до она што се случува.
Сега би требело да се поддржи распарчување на тие диносауруси на мали капацитети кои полесно би се снашле, ако воопшто се снајдат и ако има кој да ги купи.., па полека евентуално да растат или .........................булдозер и старо железо.
Мислам дека транзиционите газди и немоќта на владата која е без идеа и пари за тој проблем, сепак пожелуваат булдозер и продажба во отпад.....
 
Добар дел се само на хартија вработени, истовремено се на 70% или принуден одмор, а скоро сите со некоја работичка приватно настрана.Преживување.
Истовремено скоро сите директори поставени од сите влади пост-Ју до ден денес се збогатиле и како да се натпреварувале кој купил појака службена кола.
А во меѓувреме кога дошле извршители пред некоја година да извршат процена на имотот, ги возикале камионите и автобусите за превоз на работници во кругот на фабриката, само да не ги видат извршителите и да ги запишат :)
 
Голема оваа бројка, дај извор од каде ја најде.

на работниците и УПРАВИТЕЛИТЕ ,надзорниот кадар ...... и се соопштено да се подготват за раздолжување ..
и да се спремат за големиот СТЕЧАЈ , , ,

Уште порано требаше да се случит стечајот...само губење на време беше чекањето дека некој ќе инвестират во ЕМО и дека ќе го спасит...и така платите им доцена а некогаш и воопшто не земаа плата...едноставно жално е што туку така си изнапропаднаја фирми со ебаната погрешна приватизација... А што ќе прават вработени ? Да не им си во нивна кожа... можеби на стари години ќе требит да трчет по партии за да добиет некое посрано работно место вон нивната струка...

ПОДОБРО УЖАСЕН КРАЈ , НЕГО УЖАС БЕЗ КРАЈ :notworthy:
 
...сите тие фабрики се диносауруси од минатите времиња...
Во времето кога се правени во голема мера се направени со мааната наречена список на желби и се на основа на купена технологија. Списокот на желби направи да не бидат базирани на реални потреби, можности и пазар, туку на некакви проценки што би било кад би било , социјален мир дома..и ние сме многу паметни и ќе се снајдеме.
Купената технологија, немањето на свое знаење и непазарното работење доведоа до тоа технологијата во голема мера да остане смрзната во времето кога е купена , а најчесто и пред тоа...зошто никој не ти го продава врвот , а со тоа денес апсолутно неконкурентна и дебело застарена...:)
Со еден збор, социјалистичка превработеност , губење на темпото со знаењето и нивото на технологија, неконкурентноста, незнаењето во целост што е пазарот , а во услови на општа криза потполно неснаоѓање на тој пазар, па општата мрзливост итн, итн. довдоа до она што се случува.
Сега би требело да се поддржи распарчување на тие диносауруси на мали капацитети кои полесно би се снашле, ако воопшто се снајдат и ако има кој да ги купи.., па полека евентуално да растат или .........................булдозер и старо железо.
Мислам дека транзиционите газди и немоќта на владата која е без идеа и пари за тој проблем, сепак пожелуваат булдозер и продажба во отпад.....
Може до сабаље да зборуваме , да се согласуваме или не се согласуваме но моделот по кој беше правена приватизацијата, не беше воопшто добар. Само мал дел од компаниите преживеаа и отидоа во раце на олигарси, кој пак максимално се противеа за Странски Инвестиции, итн зошто не им одговараше. А и тие мал број што не ги приватизираа што останаа по државна капа по десетици милиони евра трупаат загуба секоја година. По исплатливо е за некој компании владата да дава пари а работниците да седат дома отколку да работат со толкави загуби. Инаку ова што се случува со Емо,Охис и Еурокомпозит е резултат на лошиот модел на приватизација. А во меѓувреме тие компании за овие 17 години натрупаа еден куп долгови и за секој странски инвеститор му се наложува ако сака да купи некој од овие фабрики да ги прифати и долговите. Рудник за злато да е не сум сигурен дека некој би прифатил вакви долгови кај некој компании и над 30 милиони евра. А не за компании кој генерираат загуби и користат технологија од пред 30 години и речиси ниедно евро не е вложено во моденизација.
 
Вакви постови поттикнуваат политички дискусии и не се дозволени на форумов. Без разлика на кого се однесуваат.
Слободно дискутирај и спомнувај ја владата, но не мешај политички партии и политички личности. Инаку, темава ќе се најде во Канта.

Во ред. Во тој случај да се поправам: Ете и моменталната Влада која за себе викаше дека само отвара работни места, стави клуч на фабрика.
 
...сите тие фабрики се диносауруси од минатите времиња...
Во времето кога се правени во голема мера се направени со мааната наречена список на желби и се на основа на купена технологија. Списокот на желби направи да не бидат базирани на реални потреби, можности и пазар, туку на некакви проценки што би било кад би било , социјален мир дома..и ние сме многу паметни и ќе се снајдеме.
Купената технологија, немањето на свое знаење и непазарното работење доведоа до тоа технологијата во голема мера да остане смрзната во времето кога е купена , а најчесто и пред тоа...зошто никој не ти го продава врвот , а со тоа денес апсолутно неконкурентна и дебело застарена...:)
Со еден збор, социјалистичка превработеност , губење на темпото со знаењето и нивото на технологија, неконкурентноста, незнаењето во целост што е пазарот , а во услови на општа криза потполно неснаоѓање на тој пазар, па општата мрзливост итн, итн. довдоа до она што се случува.
Сега би требело да се поддржи распарчување на тие диносауруси на мали капацитети кои полесно би се снашле, ако воопшто се снајдат и ако има кој да ги купи.., па полека евентуално да растат или .........................булдозер и старо железо.
Мислам дека транзиционите газди и немоќта на владата која е без идеа и пари за тој проблем, сепак пожелуваат булдозер и продажба во отпад.....

Најреално напишано и објаснето !
Но во секој случај жално за работниците кои ќе треба на стари години да се снаоѓаат како знаат и умеат .......... а кој газда зема на работа возрасни лица од преку 50 год. а претпоставувам тие 3000 лица кои ќе бидат отпуштени од ЕМО т.е. испратени во технолошки вишок се лица од преку 50 години кои тешко дека повторно ќе се вработат некаде на таа возраст !
 
ОВИЕ ФАБРИКИ ,ФИРМИ.. се создавани со години ,сигурно не почнале со 3000 вработени , ...сите тие се наменети да работата на голем пазар .Македонија е ситна риба за тоа ,, а сега се нема спосдобен кадар да ја организира таа голема органиозација , да се најде пазар , пласман , голем залак ...
ЕМО ОХИС ... порано работеле за големи пазари Русија , Африка , Европа Балкан . . .сега нема каде . . .
 
Back
На врв Bottom