Паламудиме за елита, а на различни поими мислиме.
Според мене, елита е категорија на богати луѓе чии пари и чиј аристократски начин на живот се стекнати во текот на повеќе генерации, а благодетите на богаташкиот живот ги изживеале на соодветна возраст.
Не се елита копуците кои ќе опљачкаат некое државно претпријатие или ќе направат јак крими дил, и така дошле до кеш. Најистакнат симптом на прекуноќно збогатување е докажување во општеството со материјални средства(скапи коли, мотори, јахти), како и лечење на комплексите од детството. Во 98% случаи копуците ги скурцуваат парите што непоштено ги стекнале и си остануваат она што се - копуци, како паунот што се кител со туги перја.
Кога се руга елитата најверојатно мислиме на оваа вторава категорија копуци, а не на вистинската елита.