Елена Ристевска

  • Креатор на темата Креатор на темата OrTacE
  • Време на започнување Време на започнување
ke vidime kako ke se pokaze,ima nesto vo taa devojka,ne e nesto kako vokal,ama se trudi so scenski nastapi,mila e,harizmaticna e,znae so narod...pa ostanuva da vidime sto ke pokaze na nejziniot prv golem koncert.
 
јас имам карта за денес, и тоа гратис, очекувам многу играње вечер и јадење секако, интересна идеја е ова со сармиве и гравот, ќе има и доста гости
според мене, во ЕЛЕНА има ѕвезда, само треба да го промовира малце гласот повеќе
 
За среќа на фановите, се беше одлично режирана претстава за нејзиниот прв самостоен концерт.
Значи вака: синоќа во Метрополис Арената на Скопско Сајмиште, Елена Ристеска одржа голем солистички концерт, промовирајќи ги своите најголеми хитови и многу гости, кои на некој начин се поврзани со нејзината куса, но мошне успешна кариера.

Пред почетокот, обожавателите можеа да се загреат на ретро-журката со познатите хитови на странските пејачи. Исто така на влезот на арената, посетителите можеа да се послужат со храната поставена во чест на славата Свети Никола.

Откако ДЈ Панчо ја најави Елена, полициските светла зрачеа низ целата арена и почна добро познатата мелодија на песната 192.
Елена беше во улога на полицајка, а кога заврши песната, го соблече својот полициски капут и продолжни да ја пее песната Не можам во кратко фустанче.

Танчерите ја придружуваа цело време.
Како што веќе пишувавме, беше одржана аудиција за сите заинтересирани млади момчиња и девојки кои сметаат дека знаат убаво да испеат некоја од песните од репертоарот на Елена и Емилија и Лаура кои беа одбрани на аудицијата, ја испеаа Нинанајна со ѕвездата на вечерта.

Потоа Елена продолжи сама со песната Рај и пекол, па момчињата и девојките во публиката се натпреваруваа – кој може посилно да вриска.
Кога сме кај публиката, таа беше исполнета со луѓе од сите генерации – од оние најмалите, па се до бабите и дедовците, кои не престануваа да пеат со Елена. Тоа е уште еден доказ за популарноста на оваа македонска ѕвезда.

Таа продолжи со, како што и сама кажа, една од нејзините најдраги песни, ако не и најдрагата, песната Она другото, со која всушност и започна нејзината кариера.

После следуваше Ден и ноќ, исто така една од нејзините први песни, па Елена заедно со Супер Ѕвездичките ја испеа песната Не сакам да кријам.
Потоа Елена ја почести публиката со краток денс на песната Crazy in Love од Beyonce и без тешкотии направи мост на сцената.
Следен гостин беше Ламбе, кој ја испеа Море од Солзи, а потоа, кога Елена се пресоблече и дојде на сцената во долг фустан со златна боја, им се придружи и Врчак и ја испеаа На некои други светови.
Следуваа Ромео и Јулија и Ни на небо ни на земја, па на сцената дојде Snow Black и со Елена ја испеа Come and get me.

Додека Елена се пресоблекуваше, публиката ја забавуваше Лео од Roger Brothers, кој уште го нарекуваат и македонски Мајкл Џексон.
Кога се врати Елена на сцената и ги изведе темите Кревета два и Некаде далеку, на неа и се придружи Туна со која ја испеа Најди ноќ, најди ден, најди време.

После Туна на Елена и се придружи Врчак кој и помогна додека таа ја пееше Милионер, па потоа Регина изведе неколку песни, за на крај да им се придружи Елена и заедно да ја исполнат Љубав није за нас.
Потоа Елена ја изведе Есен во мене и Усни како темно мастило, песна која ја посвети на публиката, па и се придружија Паркети со кои го изведе хитот Сакам да те галам, а тие ја изненадија со подарок – се соблекоа и на боксериците кои ги носеа го пишуваше нејзиното име.

Елена ја испеа и англиската верзија на Нинанајна, а потоа придружена од КУД Кочо Рацин ја изведе Море сокол пие, потоа повторно 192, а за крај на вечерта беше предвидена Јовано Јованке.

Нејзините фанови заминаа од арената со пофални зборови, а ние и посакуваме на Елена уште многу успешни концерти!

43157740D3632C46B4AAE29B23116D34.jpg

F438415E748E444283CCE73D904ED90A.jpg

42F44C28E8C0E7448A9D10CF146A73AF.jpg

E172B9B7F8A3AA4481D4F277F613930D.jpg

извор

elena-risteska-publika.jpg

elena-gz-1.jpg

DIJAMANTE ти кажа дека ќе одиш и на Елена па пофали се како си помина:)
 
Грешка си, скопјанче е :helou:
А иначе ОК е, не е нешто екстра, има неколку добри песнички
Грешка си и ти,Елена Ристеска е Прилепчанка,самото презиме ти кажува Ристеска без "в" пример на скопски би било Ристевска.Иначе јас сум од Прилеп и ја знам.затоа што како мала заедно одеа на англиски со моја другарка!Поздрав иначе типката си е супер,Каролина иако има толку сташ во пеење сепак како целост не е подобра од Елена-мое мислење.
 
Баш ми е мило што се излегло ко што треба,девојката стварно заслужуваше добар концерт,сега ми е криво што не отидов.
 
Грешка си и ти,Елена Ристеска е Прилепчанка,самото презиме ти кажува Ристеска без "в" пример на скопски би било Ристевска.Иначе јас сум од Прилеп и ја знам.затоа што како мала заедно одеа на англиски со моја другарка!Поздрав иначе типката си е супер,Каролина иако има толку сташ во пеење сепак како целост не е подобра од Елена-мое мислење.

А со што е подобра? Со поголемите гради и задник или со тресењето на истите :smir:?!
 
Помина и долгонајавуваниот концерт на Елена конечно.За жал и покрај големиот маркетинг и делењето гратис Елена не успеа да ја наполни Метрополис Арена,салата беше полупразна а ако се земе во предвид и сцената која зафаќаше голем простор можеше да биде и попразна.Во секој случај концертот беше добар.До средината од концертот Елена навистина беше добра но потоа почна да се чуствува немањето на кондиција и како се ближеше крај звучеше се послабо и послабо а последните две песни ги отпеа страшно лошо со многу задишаност што е голем минус за еден пеач,инаку се прашувам да не беа гостите како ќе издржеше до крај.а кога сме кај гостите дуетот со Туна звучеше катастрофа никако не можеа да се усогласат во пеењето изгледаше како првпат у живот да се гледаат што исто беше голем минус.
Што се однесува до стајлингот белото фустанче во живо изгледаше супер али на тв изгледаше како да 7 месец трудна и не ми е јасно зошто постојано носи таков крој на фустани,а оние светкавите фустани делуваа некако кичесто.Се на се концертот како за прв беше добар,но во иднина треба уште многу да работи зашто навистина имаше многу недостатоци,а и контактот со публиката не и беше најсјаен,како и неколку бисери кои ги кажа.А и она со Бионсе не знам стварно што и требаше беше апсолутно не потребно.
На крај сепак се покажа дека не е така мега популарна како што сакаа да ја претстават или таа сама се правеше дека е а тоа се виде по бројот на публиката,искрено очекував многу повеќе посетеност али тоа е што е,доживеа да и Боки собере 4пати повеќе од неа,али за тоа треба да се запраша пред се нејзиниот менаџмент.
Добро е што А1 повеќе нема да не гушат со спектакуларниот концерт на Елена.
 
Ме убедуваа дека е таа, ама јас не верував па ај да ве чуам на вас шо ке кажите.
Погледнете.
п.с. не е за мали деца :pos2::pos2::pos2:

Линкот е отстранет од страна на модераторот бидејќи е постиран од мало дете.
 
Ме убедуваа дека е таа, ама јас не верував па ај да ве чуам на вас шо ке кажите.
Погледнете.
п.с. не е за мали деца :pos2::pos2::pos2:
ова во вечер е објавено? :pos:
дај линк до веста... :vozbud:
 
Лелелеее, ова знаете од кога е објавено? Па да, уствари, баш лани ова време.
Се сеќавам во Вечер на сајтот имаше над 100тици коментари на оваа вест.
И после М2 им објавија демант, а Вечер им вратија уште пожестоко...
Така да... :tapp:
 
Стара ви е сликата од пред една година ја имаше и во Свет и во Вечер на што природно М2 демантира дека било фотомонтажа,а од авион се гледа дека е Елена,мислам ќе следеше тужба нели ако не беше она тоа.
 
:pos::pos::pos::pos::pos:

И ПОКРАЈ БОГАТАТА ТРПЕЗА, МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА ОСТАНА НЕПОПОЛНЕТА

Елена пееше пред полупразна сала и ја глумеше Бијонсе!

568B94E44BAC444E8B8B9B60C4C0074C.jpg
Се случи и првиот солистички концерт на ѕвездата на М2 продукција Елена Ристеска. Стартот по повеќе од 30-минутно доцнење го означи со темата "192", по што се редеа нејзините, но и песните на многубројните гости. Пејте се мене или ќе ве приведам!, - ѕвезда на вечерта и се закани на публиката, која вистински почна да реагира кога на сцената се појави Ламбе Алабакоски. Ламбе прво во живо ја отпеа "Море од солзи", за потоа на сцената да му се придружат и Врчак и домаќинката на журката.
За жал, и покрај најавата за спетакл, бројните гостински имиња и богатата посна трпеза, Елена, која се обиде да биде и Бијонсе, не успеа да ја наполни Метрополис арената, што за неа се покажа како преголем залак. На сцената ги видовме Панчо во улога на диџеј, Ламбе, Врчак, Туна, Паркети, Регина...
Очигледно нешто недостасува за полна сала, но бидејќи е првпат можеби и ќе се најде оправдување. Веруваме дека ова нема да ја обесхрабри Елена и посилна по ова искуство ќе се впушти во нова концертна авантура затоа што нема збор - концертот беше фино спакуван!

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E05B367CDF2B18489AF42B0CB08FD9D6

А следна вест во истата рубрика:

ВО ИНТИМНА АТМОСФЕРА БИТОЛЧАНКАТА ГО ОТВОРИ СРЦЕТО

Каролина се надмина себеси

428E5BEAEB588F4B85E11547DA22C19D.jpg
Во интимна и опуштена атмосфера, со пригушена светлина и многу емоции, Каролина Гочева завчеравечер во Универзална, концертно ги промовираше песните од новиот албум "Македонско девојче". На нејзиниот репертоар се најдоа и неколку стари македонски песни, а дружењето почна со "За кого ти цути, Дано, лицето". Се редеа тажни и ведри љубовни песни, пред се, наменети за девојките во 30-тата, а публиката во полната сала со дланките и даваше поддршка и го фаќаше тактот на нумерите. "Ви благодарам што направивте да ми исчезне тремата", и се заблагодари Каролина на публиката. Каролина едноставно блескаше, како со фантастичната интерпретација така и со стајлингот. Во вечерната тоалета изгледаше префинето и елегантно, со еден збор дамски. Тоа беше нејзина вечер. Едноставно се надмина себеси и докажа дека не е талентирана само за лесни поп-ноти, туку и за нешто многу длабоко, исконско, традиционално.
DA8F3CEF7544D647917D428A98F5707C.jpg
Златко Ориѓански, авторот на албумот, точно го погодил сензибилитетот на битолчанката со новите песни, но и старите македонски како "Се посврши сербез Донка", "Не си го продавај Кољо чифлигот" и неизбежната "Македонско девојче". Во публиката беа и нејзините колешки Маја Вукичевиќ, Александра Пилева, Кристина Арнаудова.
Со омилената "Птицо бела", Каролина се обиде да го заврши концертот, но публиката сакаше уште и се врати на бис да го задоволи апетитот на оние кои дојдоа само за неа со уште две песни. Завесата се спушти до некое следно дружење со битолчанката, која вечерта пееше и изгледаше за чиста десетка.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5BDD23C8B8BEC44EBE7CA45212EBD6CE

Што се може да направи борба меѓу две телевизии... :pos2::pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom