Не само име си пишуваш и фураш. Средувањате на карактерот, очи, коса, тело тетоважи буквално се има да смениш. Пола час ако не и повеќе си го правев карактерот. Мислам дека добро го средив

. Има толку работи за менување што некои и не ни знаев што се менува кога ќе го сменеш. Погледот се менува во прво и во трето лице, и едното и другото се итнересни но сепак ќе си останам на прво лице некако подобар поглед ми има. На почеток од играва си покрај планини, т.е во планините со снег. Изгледа феноменално, убаво изгледаат планините ги гледаш високо онака, река со водопад до тебе прекрасно

. И не е се така мртво, налетав на неколку мечки, се тепав со волци, па бркав еден елен ама ми избега во реката фати да плива. Што не ќе види човек во играва. Кога се спуштив надолу во селата, се потстемна и шеташ и слушаш од тревата штурци, знае некоја светулка да пролета. Ме изненадија внимавале на секој можен детал. Кога дува ветар дрвата се нишаат како што треба.
Кога ќе ја отвориш мапата да видиш каде си што си, направено е уникатно. Како низ гоогле ертх да се шеташ. Те крева горе и се познаваат планините, облаци, не е само нацртана туку мапата што знам како жива да (if you know what i mean) уникатно