Екстерно тестирање во 2012!

  • Креатор на темата Креатор на темата Брзии
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се сложувате со екстерните тестирања?


  • Вкупно гласачи
    103
Ова се од оние идиотски работи кои се за да прикажат на масата народ дека демек се прави нешто.

Кога бев средно и јас го поддржував ова, мислев стварно ќе е некаков си филтер што ти јас знам. Исто и матурата ја поддржував поради горенаведените причини. Ама не.

На денот на матурта гледам одредени персони напамет ги имаа научено одговорите, а па некои персони па идеа у вц со мобилен и им беа диктирани по цели задачи. Сите што се шлепаат во средно, ќе се прошлепаат и преку ова.

Што значи, исходот од ова ќе е како што кажав - колку на Шутел тв да биде сервирано дека нешто се прави, што нема никаква врска.

И сите , сите со 5 да искочат од екстерното - пак ќе остане фактот дека образованието ни е рамно на тоа во Замбија.
 
уживајте нема да има уште ова година...
еее баш зошто немало да има екстерно ова година??? од проста причина шо нема учебници по стручните предмети!


пример јас учам техничко во битола и по стручните предмети неам учебници туку ќе ни даваат по македонски, англиски, бизнис, граѓанско, а она стручни шо се процесно управување, дигитални системи и програмирање ни „у“ нема од учебник. да не прајме муабет па за изборните предмети во кои исто спаѓаат дигитални и програмирање(како втори предмети покрај редовните)...
sry за офтопикот :D
 
Ете еден од проблемите кои се побитни од некое фенси тестирање.

Овие нашиве сакаат да направат нешто ко GCSE во Британија или SAT во Америка , некоја полубледа копија, работава видела жабата...
 
Првин нека ги средат професорите, програмата за предавање, учениците, предметите на изучување па после нека дадат екстерно. Се дур нема квалитетна настава, нема да има ни квалитетна образована младина.
 
Не знам дали некој спомна, се тестираат учениците и извадената оцена се споредува со оцената доделена од страна на професорите со што ефективно се оценуваат професорите.
 
ПРОТИВ !

Паметам кога бев 6-то одд. братучед ми имаше пробно екстерно тестирање и вака беше ситоацијата. Тој беше Но.1 ученик во цела генерација, учеше, по цел ден на книга беше, а на екстерното тестирање по македонски јазик доби 2-ка а уствари една негова тапа другарка што била со добар успех извадила 5-ка на тестот. DAFUQ?

Едино објаснување е дека од сето тоа учење, братучед ми толку многу испаничил дане отиде јабана сето тоа бубање, и да не беше пробно навистина ќе отидеше :)
 
НЕ. поготово не сега за матурантите , и онака има доволно работа за полагање. А и веќе кога се воведува , пологично е да биде на неколку наврати или барем на пола година? Може некој да го прчи цела година , да набуба за крајниот тест и да си извади мин 3че. И обратната полоша ситуација , да потфрли некој што бил редовен :)
 
колку повеќе тестови и испитувања толку по не објективно оценување....
 
Еве јас ќе го кажам моето мислење!
Едно големо НЕ!
Како прво оној материјал што сум го изучил на први семптеври после 4-5 месеци нема да ми текне ниту на сон. Што значи ќе треба како ненормален да листам цели книги.
 
Не се ослободени матурантите. Полагаат во февруари, а другите во мај или јуни. Според мене екстерново тестирање е најголемата глупост смислена некогаш во образованието. Не може некој да те оцени колку знаеш само од еден тест, кој ќе го решаваш 1 саат. Оцената на школо се добива само од тестови? Иначе тие што се за ова тестирање нека дојдат и нека полагаат да ги видиме што ќе решат, демек они паметни се зашто се постари, а ние помладите сме изгубени... нивното заминало па сега ќе зборуваат празни муабети за другите генерации. Огромно НЕ од мене!
 
абе секоја година викат така и воаа или грешка сум? имаат нешто официално кажано или пак само така си викат?
 
абе секоја година викат така и воаа или грешка сум? имаат нешто официално кажано или пак само така си викат?
така викаат, ама кај куро ќе не тестираат кога немаме учебници за 70% од предметите...
 
Според мене екстерново тестирање е најголемата глупост смислена некогаш во образованието. Не може некој да те оцени колку знаеш само од еден тест, кој ќе го решаваш 1 саат.

Гледам не си почнал факултет уште.
Сето високо образование со болоњска декларација се сведува на решавање тест, заокружување во рок од 1 саат.

Инаку јас сум за под услов ако ги средат тестовите да бидат во согласност со учениот материјал. Да бидат вадени прашања од учебниците и тоа што било предавано.
 
Добро еве јас сум 4та зошто да полагам и екстремно и матура ? (n)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom