Иначе ти тинуле имаш завршено школо па да ни кажуваш дали е правилно да се полагаат екстерни тестови или пишуваш на темава чисто од досада? Како и да е во училиштата постојат деца кои навистина учат и знаат многу добро , но сепак на тест секој ке се збуни и ке погреши, макар и да има знање за 5 ке добие 1 зашто на нашиот сакат министер му текнало да воведува екстерни. Тотално не се согласувам со тоа твое конзервативно мислење и сум 100 % сигурен дека имаш завршено школо, кога би се ставила на наше место би мислела на друг начин.
Само ми ласкате деновиве, ме правите повозрасна

Немам завршено средно, впрочем, втора година сум, не сум ниту матурантка -.-
Да, верувам дека и јас на екстерните нема да извадам се петки, како што ми стојат во сведителство целиот мој живот, ама сигурно нема да имам тројки по сите предмети.
Добријам четворка - петките мои гордо ќе си стојат во сведителството.
Не е воопшто реална. Оцената не се гради само врз база на знаење. Се гради врз редовност, активност, посветеност... Не може 40% од крајна оцена да зависат од тест кој ќе земе во предвид знаење собирано во текот на целата година па истото тоа проверено на екстерен тест составен од луѓе кои не знаат како се применува програмата. Факт е дека не можат сите професори на ист начин да предаваат и на ист начин да објаснуваат. Тоа не е вина на децата кои сигурно ќе исподобијат послаби оцени.
Не за џабе воведоа ЕКТС и на факултетите. Подобри резултати има само со почесто испитување, на помал материјал.
Нема да се зајакне знаењето. Не е знаење да седнеш и да набубаш се. Знаење е да го сфатиш тоа што го учиш. А пред екстерните тестови ниту еден ученик нема да седне со книгата во рака и да учи со разбирање. Туку сите ќе учат на памет (што ќе се заборави после 1 месец) за да можат да бидат сигурни дека ќе добијат убава оцена.
Чиста глупост, само колку да се рече реформи дека има.
Да, ама ти на тој колоквиум на ЕКТС кој се состои од 35 прашања, си го испитуваш знаењето на 100-200 страни матријал, исто како еден учебник. Разликата е што вие тоа морате да го научите за еден месец, а ние имаме на располагање 9 месеци.
И оценката се формира многу слично како и на ЕКТС, 40% е составена од тестот, другите 60% ти е редовност на часови, активност и останатите тестови.
И не ми кажувај дека Историја се учи на друг начин, освен со разбирање. И 90% од материјалот и во основно и во средно и на факултет се заборава, се усовршуваш кога ќе почнеш да работиш.
Не сум против екстерните....ама ни К од книга немам добиено до сега..а стручно учам...она стручнине предмети од недела до недела не се памтат а не па цела година...ккако што рече еден член погоди..нека има екстерни ако сакааат ама еднаш во полугодие...па свесни ли сте од стручен предмет годишно да те испрашуе..мозокот ќе ти се штукне
И јас учам во стручно. На крајот на годината имаме испити пред комисија и полагаме на целиот материјал. Ако не сум му симпатична на некој професор од комисијата, многу лесно може да ме падне. Многу.
Лани на конец ми висеше петката поради тоа што бев дрска со еден професор кој се изжувуваше врз нас, а воедно и беше професор од комисијата.
Македонски бидејки немаме учебници, учиме од оние прирачници за матура. За екстерни, ако не добиеме учебници, од нив ќе учиме.
По другите предмети, си фаќам белешки на час и кога ќе дојдам дома си пишувам приказна, што се зборувало на тој час.
Впрочем, за моето училиште и не постојат учебници. Историја на музика не постои никаков учебник, Хармонија, Музички форми, Фолклор...НЕ ПОСТОЈАТ!
Па пак сакам да се воведат екстерни тестирања.
--- надополнето ---
Да ама дента може да ти се случи блокaда. Математика јас бев меѓу топ 5 во класот, сите 5ки на писмени, цело време на табла, на полугодишен во четврта 1 добив со 3 бода. Ни самата не знаев да си објаснам како ги решив така задачите ко неписмена. Срам ме фати :/
Не чини методов поради тоа што ете баш дента на пример може да те фати блокада или па недај Боже да му почине на некој ученик некој близок (само набројувам) :smir:
Верувам и дека ако сум болна нема да полагам екстерен. Сигурно има одложни. Сигурно има поправни. Не оди тоа така.
Како што има поправни на факултет, редно е и за нас да има поправни. Нели?