Екстерни тестови

  • Креатор на темата Креатор на темата theTinule
  • Време на започнување Време на започнување
јас мислам дека не треба да има, затоа што има ученици кои ги фаќа трема т.е. се бунат кога прават тестови. и башка тестовите се од почетокот на годината, па да си компјутер нема се да знаеш, а не дете од 10 години.
лани јас имав така како тестирање на крајот од годината и прашањата се без везе. кој си го бива да препише и тука препишуваше.
некој учел цела година, да го станеш усно се знае ама на тестирањето може да се избуни и ете ти пониска оценка. после и на професорот ќе му скратат плата и на ученикот оценка.
сепак поубаво би било да си тераме како што беше до сега
 
Многу лоша идеја е секакво екстерно оценување. И матура и екстерни тестови.
Кој сака нека ме убедува дека тој што учел ќе си знае и сега, едноставно не е така.
Не може бе материјал од цела година да се испитува на куп. Едноставно е чиста глупост која има за цел да направи бубалици од новите генерации. Ќе треба да седнат и да ги бубаат на памет сите работи за да може со сигурност да си кажат дека ќе ја имаат истата оцена која ја имале во текот на целата година.
Не за џабе е измислен принципот на тестови и полугодишни писмени. Може едноставно ако веќе воведуваат, да воведат на пократок временски период, како на пример тест од биро за развој на образование два пати во едно полугодие.
Вака, ќе се роботизираат децата, и место да се вметнува повеќе практично учење, се повеќе се пласира теориското и бубалското.

Ти држи вода болдираното. Да, во право си, децата повеќе ќе се ослонат на теоријата.
Затоа, само 40% од оценката се состои од тестот. Останатите 60% се состојат од работата преку годината т.е. оцената од професорот.
Мислам дека оваа поделба е сосем реална и не ги учи децата на потполно теориско учење.
Ако се воведат тестовиве, барем теориски ќе се зајакне знаењето на учениците.
Сега како што е, ниту теориски, ниту практично се изведува.
 
Иначе ти тинуле имаш завршено школо па да ни кажуваш дали е правилно да се полагаат екстерни тестови или пишуваш на темава чисто од досада? Како и да е во училиштата постојат деца кои навистина учат и знаат многу добро , но сепак на тест секој ке се збуни и ке погреши, макар и да има знање за 5 ке добие 1 зашто на нашиот сакат министер му текнало да воведува екстерни. Тотално не се согласувам со тоа твое конзервативно мислење и сум 100 % сигурен дека имаш завршено школо, кога би се ставила на наше место би мислела на друг начин.
 
Не е воопшто реална. Оцената не се гради само врз база на знаење. Се гради врз редовност, активност, посветеност... Не може 40% од крајна оцена да зависат од тест кој ќе земе во предвид знаење собирано во текот на целата година па истото тоа проверено на екстерен тест составен од луѓе кои не знаат како се применува програмата. Факт е дека не можат сите професори на ист начин да предаваат и на ист начин да објаснуваат. Тоа не е вина на децата кои сигурно ќе исподобијат послаби оцени.
Не за џабе воведоа ЕКТС и на факултетите. Подобри резултати има само со почесто испитување, на помал материјал.
Нема да се зајакне знаењето. Не е знаење да седнеш и да набубаш се. Знаење е да го сфатиш тоа што го учиш. А пред екстерните тестови ниту еден ученик нема да седне со книгата во рака и да учи со разбирање. Туку сите ќе учат на памет (што ќе се заборави после 1 месец) за да можат да бидат сигурни дека ќе добијат убава оцена.
Чиста глупост, само колку да се рече реформи дека има.

--- надополнето ---

Јас имам завршено, па ете не се согласувам со одлуката:)
 
Не сум против екстерните....ама ни К од книга немам добиено до сега..а стручно учам...она стручнине предмети од недела до недела не се памтат а не па цела година...ккако што рече еден член погоди..нека има екстерни ако сакааат ама еднаш во полугодие...па свесни ли сте од стручен предмет годишно да те испрашуе..мозокот ќе ти се штукне
 
Ти држи вода болдираното. Да, во право си, децата повеќе ќе се ослонат на теоријата.
Затоа, само 40% од оценката се состои од тестот. Останатите 60% се состојат од работата преку годината т.е. оцената од професорот.
Мислам дека оваа поделба е сосем реална и не ги учи децата на потполно теориско учење.
Ако се воведат тестовиве, барем теориски ќе се зајакне знаењето на учениците.
Сега како што е, ниту теориски, ниту практично се изведува.

Да ама дента може да ти се случи блокaда. Математика јас бев меѓу топ 5 во класот, сите 5ки на писмени, цело време на табла, на полугодишен во четврта 1 добив со 3 бода. Ни самата не знаев да си објаснам како ги решив така задачите ко неписмена. Срам ме фати :/
Не чини методов поради тоа што ете баш дента на пример може да те фати блокада или па недај Боже да му почине на некој ученик некој близок (само набројувам) :smir:
 
Безвезни се екстерниве ,ако сакаат да ги отценат наставнициве нека пуштаат инспекции почесто па да видат некој што цела година имал 1 или 2 а на крај 5ка ради тоа што вујко е у парламент...

Ако вујко му е во парламент и цела инспекција да дое пак нема ништо да се деси верувај. А колку и да штрајкуваме џабе е. Во законот за средно образование било више пишано тоа дека мора да се полагаат екстерни тестирања.
 
Иначе од другата страна -од каде упорноста од оваа влада за екстерниве :
Досегашна комшивка која работеше како професор се префрли во скопје пред 2 години само ради екстерниве да е во комисија,значи екстерниве се странска инвестиција и треба некаде да се оправдаат парите...
друго што разбрав е дека сведителствата на крај година покрај оцените од професорите ке има и оцени од екстерните тестови...

Не викам дека е лошо да се спроведуваат реформи но се спроведуваат од сосема обратен редослед,кога веќе е труло одвнатре образованието треба темелно да се промени,а не со трчи лажи реформи .

И уште ова -кога ми кажа татко ми како биле смеровите гимназија ,кога се избирало природен и опш. хум. смер заклучувам дека скоро ништо не е променето од пред 30 години.
 
Е нее, не џабе мелев у овие теми
Постои ли воопшто еден успешен проект за образование од 2000?

дека такво нешто не постои. Исто учите (гледам од моиве дома) и основно и средно, истите деца на директори и функционери, истите проблеми со одредени наставници и истите проблеми со професори и на факс...само сега сте вие во главна улога наместо нас.

Матурата е добра работа, со тоа што не би било лошо голем % да се намали нејзиното влијание врз конечниот успех -да му дојде како свечено полагање, а не страв пред испит. Со тоа го заокружуваш задолжителното образование, се заокружувате како луѓе...факултетот е само надградба, нешто незадолжително (сега за сега). Доколку матурата е излишна, се поставува прашање зошто служи дипломирањето и "бранење на дипломска", или во тој случај зошто се продолжува на факултет каде еден предмет е 10 пати пообемен од тие неколку предмети кои се бираат за матура...и потежок за одговарање. на крају краева, со матурата (со изборни предмети) мислам дека детерминирате до каде сте со онаа област за која се определувате.
Но вие си знаете, ако баш не ви се учи :) ...ваше право да се побуните, светот е воглавно во иднина ваш :) само прашајте се секогаш -зошто...или -зошто да не.
 
Тестовите ќе бидат пред полугодие. Значи, месец дена си ги ладите (септември), и ќе полагате материјал учен во 3 месеци. Па мајќе му, ретардирани сте да не можете да се спремате за такво нешто? Та предметите по кои правите еднаш во тромесечие тест, материјалот ви е од 2 месеци и 15 дена. Да не ја тупам, реформите во образованието се одличен проект, Скопје 2012, рекламите со кои се препуцуваат по цел ден на А1 и Сител се лоши.
 
^
на полугодие тие од 4та само другите мислам на крај од годината.
 
Иначе ти тинуле имаш завршено школо па да ни кажуваш дали е правилно да се полагаат екстерни тестови или пишуваш на темава чисто од досада? Како и да е во училиштата постојат деца кои навистина учат и знаат многу добро , но сепак на тест секој ке се збуни и ке погреши, макар и да има знање за 5 ке добие 1 зашто на нашиот сакат министер му текнало да воведува екстерни. Тотално не се согласувам со тоа твое конзервативно мислење и сум 100 % сигурен дека имаш завршено школо, кога би се ставила на наше место би мислела на друг начин.

Само ми ласкате деновиве, ме правите повозрасна (:
Немам завршено средно, впрочем, втора година сум, не сум ниту матурантка -.-

Да, верувам дека и јас на екстерните нема да извадам се петки, како што ми стојат во сведителство целиот мој живот, ама сигурно нема да имам тројки по сите предмети.
Добријам четворка - петките мои гордо ќе си стојат во сведителството.

Не е воопшто реална. Оцената не се гради само врз база на знаење. Се гради врз редовност, активност, посветеност... Не може 40% од крајна оцена да зависат од тест кој ќе земе во предвид знаење собирано во текот на целата година па истото тоа проверено на екстерен тест составен од луѓе кои не знаат како се применува програмата. Факт е дека не можат сите професори на ист начин да предаваат и на ист начин да објаснуваат. Тоа не е вина на децата кои сигурно ќе исподобијат послаби оцени.
Не за џабе воведоа ЕКТС и на факултетите. Подобри резултати има само со почесто испитување, на помал материјал.
Нема да се зајакне знаењето. Не е знаење да седнеш и да набубаш се. Знаење е да го сфатиш тоа што го учиш. А пред екстерните тестови ниту еден ученик нема да седне со книгата во рака и да учи со разбирање. Туку сите ќе учат на памет (што ќе се заборави после 1 месец) за да можат да бидат сигурни дека ќе добијат убава оцена.
Чиста глупост, само колку да се рече реформи дека има.

Да, ама ти на тој колоквиум на ЕКТС кој се состои од 35 прашања, си го испитуваш знаењето на 100-200 страни матријал, исто како еден учебник. Разликата е што вие тоа морате да го научите за еден месец, а ние имаме на располагање 9 месеци.
И оценката се формира многу слично како и на ЕКТС, 40% е составена од тестот, другите 60% ти е редовност на часови, активност и останатите тестови.
И не ми кажувај дека Историја се учи на друг начин, освен со разбирање. И 90% од материјалот и во основно и во средно и на факултет се заборава, се усовршуваш кога ќе почнеш да работиш.

Не сум против екстерните....ама ни К од книга немам добиено до сега..а стручно учам...она стручнине предмети од недела до недела не се памтат а не па цела година...ккако што рече еден член погоди..нека има екстерни ако сакааат ама еднаш во полугодие...па свесни ли сте од стручен предмет годишно да те испрашуе..мозокот ќе ти се штукне

И јас учам во стручно. На крајот на годината имаме испити пред комисија и полагаме на целиот материјал. Ако не сум му симпатична на некој професор од комисијата, многу лесно може да ме падне. Многу.
Лани на конец ми висеше петката поради тоа што бев дрска со еден професор кој се изжувуваше врз нас, а воедно и беше професор од комисијата.
Македонски бидејки немаме учебници, учиме од оние прирачници за матура. За екстерни, ако не добиеме учебници, од нив ќе учиме.
По другите предмети, си фаќам белешки на час и кога ќе дојдам дома си пишувам приказна, што се зборувало на тој час.
Впрочем, за моето училиште и не постојат учебници. Историја на музика не постои никаков учебник, Хармонија, Музички форми, Фолклор...НЕ ПОСТОЈАТ!
Па пак сакам да се воведат екстерни тестирања.

--- надополнето ---

Да ама дента може да ти се случи блокaда. Математика јас бев меѓу топ 5 во класот, сите 5ки на писмени, цело време на табла, на полугодишен во четврта 1 добив со 3 бода. Ни самата не знаев да си објаснам како ги решив така задачите ко неписмена. Срам ме фати :/
Не чини методов поради тоа што ете баш дента на пример може да те фати блокада или па недај Боже да му почине на некој ученик некој близок (само набројувам) :smir:

Верувам и дека ако сум болна нема да полагам екстерен. Сигурно има одложни. Сигурно има поправни. Не оди тоа така.
Како што има поправни на факултет, редно е и за нас да има поправни. Нели?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom