Екстерни тестови

  • Креатор на темата Креатор на темата theTinule
  • Време на започнување Време на започнување
^И за нас за матурата имаше поправни во август ако си болен, си паднал, си бил спречен ама после првиот уписен рок на факултетите. Што значи изборот ќе ти биде намален бидејќи на некои факултети не само што се полнат квотите веднаш туку има и премногу одбиени кандидати :)
 
Нема да се запишувам во средно пак во трета година, или во втора. Си останувам во истото. Треба само пријава да пополнам, а таа можам и во септември да ја пополнам.
Нема автоматски да ме испишат од училиштето.
Критично е само во 9то и и во 4та, ама ако си имал одлични резултати во сите други години, една четворка од екстерниот нема да ти смени многу во уписите во средно или факултет.
 
Значи не ги поддржувам но сепак со нив најмногу може да се види које со врски стигнат до оценката а кој со мака...инаку 1 тест неможе да ја оцени целокупната работа на ученикот низ целата година и секако дека не треба да ги има...а врските кај нас никогаш нема да се искоренат па и да правиме екстерни постојат професори што ги кажуваат одговорите итн...
 
Да, ама ти на тој колоквиум на ЕКТС кој се состои од 35 прашања, си го испитуваш знаењето на 100-200 страни матријал, исто како еден учебник. Разликата е што вие тоа морате да го научите за еден месец, а ние имаме на располагање 9 месеци.
И оценката се формира многу слично како и на ЕКТС, 40% е составена од тестот, другите 60% ти е редовност на часови, активност и останатите тестови.
И не ми кажувај дека Историја се учи на друг начин, освен со разбирање. И 90% од материјалот и во основно и во средно и на факултет се заборава, се усовршуваш кога ќе почнеш да работиш.

Во средно според екстрениве нема да се зема во предвид редовност, активност, исполнителност, затоа што сепак тие 40% ќе влезат од некој екстерен тест кој ќе биде плус на оние стандрадните полугодишни писмени, тестови на секои 2-3 недели, испрашувања од час за час и слично.
Книгата моја по општа хемија за прва година има околу 400 страни кои се распределени на 3 колоквиуми. И повторно тие три колоквиуми нема да ми формираат целокупна оцена. Па и да ги направам слаби, пошо нели треба по 133 страни у просек да учам, тука ми се нумерички и практични вежби кои пак сами по себе си носат дополнителни поени со уште други 3 колоквиуми на истиот материјал.
Се на се, 6 колоквиуми за 400 страни не се малку... Материјалот е расцепкан како парченца лепче за мало детенце. А тоа дека 60% ќе влезат од редовност, активност и други тестови е мноооогу глупаво. Тогаш, џабе се прават другите тестови, пошо одозгора на тоа на нив им се прави контрола. Значи џабе трошење на материјал за печатење и џабе товар плус за децата, кога на крај пак мораат цел материјал да го поминуваат, кој кога ќе земеш во предвид како се поделени процентите ќе сфатиш дека тие 60% се комбинација од милион мали фактори, а другите 40% се базираат на еден обичен тест со материјал од цела година. И иди кажи ми после дека 60% тежат повеќе од 40% у случајов.
Извини, ама историја па баш не се учи со разбирање. Историја ти е буби буби и ништо повеќе. Не можеш да ми кажеш дека се забораваат работи од средно и факултет, па уште помалку да ми речеш 90%.
Ако ти забораваш, значи дека бубаш. А бидејќи јас учев со разбирање, немам никакви проблеми со оние предмети кои ги студирам моментално. 90% се памтат, не се забораваат.
Ама ајде, слободно стој си на фактот за екстерни. Кога ќе се подгориш на нив - не ти посакувам ама секоја прва генерација си го крка - ќе сфатиш зошто го кажуваме ова.

--- надополнето ---

Нема да се запишувам во средно пак во трета година, или во втора. Си останувам во истото. Треба само пријава да пополнам, а таа можам и во септември да ја пополнам.
Нема автоматски да ме испишат од училиштето.
Критично е само во 9то и и во 4та, ама ако си имал одлични резултати во сите други години, една четворка од екстерниот нема да ти смени многу во уписите во средно или факултет.
Многу талентирани ученици со доста памет и знаење испопаднаа по 3 оцени на матура. Не е се така просто како што мислите. Лесно е, ама не знаеш што се може да ти се случи кога ќе ти стават тест кој ти одредува иднина на некој начин пред тебе.

--- надополнето ---

Верувам и дека ако сум болна нема да полагам екстерен. Сигурно има одложни. Сигурно има поправни. Не оди тоа така.
Како што има поправни на факултет, редно е и за нас да има поправни. Нели?
Поправните, односно преполагањата на факултет се презапишуваат, односно си ги преплаќаш дупло од првичното запишување на испитот. Не споредувај средно и факултет затоа што е многу различно, како полагањата така и предавањата. Никој не ти дава туку така да си преполагаш на факултет.
 
Многу талентирани ученици со доста памет и знаење испопаднаа по 3 оцени на матура. Не е се така просто како што мислите. Лесно е, ама не знаеш што се може да ти се случи кога ќе ти стават тест кој ти одредува иднина на некој начин пред тебе.
Затоа Гладиус споменав за матурата во смисол симболично значење и мошне мало влијание, наместо досегашното одлучувачко (40% се и те како одлучувачки). Закоружување на еден начин на живот, едни размислувања...матурација -зреење :)
 
Да, верувам дека и јас на екстерните нема да извадам се петки, како што ми стојат во сведителство целиот мој живот, ама сигурно нема да имам тројки по сите предмети.
Добријам четворка - петките мои гордо ќе си стојат во сведителството..
И ја така си викав и добив 2ка математика и 3ка македонски на матура.
 
опасна работа ,професорите ке ги стра и реалната оценка да ја стават а камо ли да и поклонат на некоја поклон .
 
Во средно според екстрениве нема да се зема во предвид редовност, активност, исполнителност, затоа што сепак тие 40% ќе влезат од некој екстерен тест кој ќе биде плус на оние стандрадните полугодишни писмени, тестови на секои 2-3 недели, испрашувања од час за час и слично.
Книгата моја по општа хемија за прва година има околу 400 страни кои се распределени на 3 колоквиуми. И повторно тие три колоквиуми нема да ми формираат целокупна оцена. Па и да ги направам слаби, пошо нели треба по 133 страни у просек да учам, тука ми се нумерички и практични вежби кои пак сами по себе си носат дополнителни поени со уште други 3 колоквиуми на истиот материјал.
Се на се, 6 колоквиуми за 400 страни не се малку... Материјалот е расцепкан како парченца лепче за мало детенце. А тоа дека 60% ќе влезат од редовност, активност и други тестови е мноооогу глупаво. Тогаш, џабе се прават другите тестови, пошо одозгора на тоа на нив им се прави контрола. Значи џабе трошење на материјал за печатење и џабе товар плус за децата, кога на крај пак мораат цел материјал да го поминуваат, кој кога ќе земеш во предвид како се поделени процентите ќе сфатиш дека тие 60% се комбинација од милион мали фактори, а другите 40% се базираат на еден обичен тест со материјал од цела година. И иди кажи ми после дека 60% тежат повеќе од 40% у случајов.
Извини, ама историја па баш не се учи со разбирање. Историја ти е буби буби и ништо повеќе. Не можеш да ми кажеш дека се забораваат работи од средно и факултет, па уште помалку да ми речеш 90%.
Ако ти забораваш, значи дека бубаш. А бидејќи јас учев со разбирање, немам никакви проблеми со оние предмети кои ги студирам моментално. 90% се памтат, не се забораваат.
Ама ајде, слободно стој си на фактот за екстерни. Кога ќе се подгориш на нив - не ти посакувам ама секоја прва генерација си го крка - ќе сфатиш зошто го кажуваме ова.

Во делот каде историја го наведов како предмет, муабетот ми беше дека ти историја неможеш да научиш на никој друг начин, освен ако не набубаш. Тоа е приказна, а ти треба да ја научиш на памет и да ја прераскажеш. Ако полагаш екстерен по историја, ќе треба целиот материјал да го учиш на памет. Сум се збунила, не бев фокусирана на постот додека го пишував.

Само писмено можеш да си го докажеш твоето знаење, без (не)помош од професорот. Никако на друг начин.

Во моментов, хармонија ми е најкомплицираниот предмет. Јас на крајот на годината ќе правам годишен тест и ќе полагам пред комисија, на целиот материјал од оваа година. Годишниот тест ми сочинува 50% од оценката, а останатите писмени, испрашувања, редовност на час, полугодишниот колоквиум итн. итн. , ми ги сочинуваат другите 50% од оценката.
Што ако навистина учам со разбирање и хармонија ЗНАМ? Пак годишниот тест ми ја одредува оценката. Џабе ми е знаењето.
Зашто тоа да не биде екстерен тест?
Со екстерните тестови, барем можам да се заштитам од садистичките однесувања на некои професори, ако не ништо друго.

Едне пример. Професорката ми дава задача да решам осум-гласен пример, иако тоа се решава на факултет. Ние во средно решаваме, само четири-гласни. Да, начинот на кој се решава е ист, само треба дупло повеќе време и концентрација. Еден четири-гласен пример, ако добро ја имаш извежбано техниката, се решава за 10тина секунди. Ако не го решиш нејзиниот пример за неколку секунди, го врти дневникот кон тебе и ти вели: „Ај напиши си го кецот.“ И приморан си сам себе да си ја напишеш единицата. Зошто? Затоа што некоја професорка немала живци да те почека барем една минута да го решиш осум-гласниот пример, кој патем, се решава на факултет.

Од вакви професори ми е доста. Повисока оценка од 3ка неможеш да добиеш на нивниот предмет, поради нивната нетрпеливост и гордост.
Садисти, со еден збор.
Радо би полагала екстерен и да имам пониска оценка заради тоа што ЈАС сум испогрешила на екстерниот и ЈАС сум се збунила, отколку некоја професорка да си игра мајтап со мене, иако знае дека го знам материјалот, да несака да ми ја напише една петка.
 
Никој не е виновен што твојот професор по одредениот предмет го има тој принцип на оценување. Од тука, последователно на тоа, не значи дека ако ти имаш таков предмет со годишен испит, дека треба сите да имаат.
Јас имав дебела, садистичка професорка што ме испрашуваше работи во прва што не ги знаат ни студенти од трета на француски, ми ставаше послаби оцени, па на крај сепак си добивав што заслужував пошо барав да ме испрашува на материјалот на кој сите одговараа. Следните три години и бев омилен ученик поради тоа.
Комотно ако си незадоволен од оцената можеш да побараш комисиско оценување во кое не смее да биде оној од кој првично ти е ставена оцената.
А не поради еден предмет да браниш екстерни тестови кои верувај дека повеќе ќе наштетат одошто помогнат.
 
На крајот на краиштата сите ќе завршат основно или средно училиште било да е со екстерни или без, затоа без грижа само напред. :)
 
Никој не е виновен што твојот професор по одредениот предмет го има тој принцип на оценување. Од тука, последователно на тоа, не значи дека ако ти имаш таков предмет со годишен испит, дека треба сите да имаат.
Јас имав дебела, садистичка професорка што ме испрашуваше работи во прва што не ги знаат ни студенти од трета на француски, ми ставаше послаби оцени, па на крај сепак си добивав што заслужував пошо барав да ме испрашува на материјалот на кој сите одговараа. Следните три години и бев омилен ученик поради тоа.
Комотно ако си незадоволен од оцената можеш да побараш комисиско оценување во кое не смее да биде оној од кој првично ти е ставена оцената.
А не поради еден предмет да браниш екстерни тестови кои верувај дека повеќе ќе наштетат одошто помогнат.

Не сум малоумна па да ги бранам екстерните само поради еден професор.
Не се проблем само ваквите садисти-професори. Има некои воопшто не предаваат на часовите, ставаат оцени гледајќи ги оцените по другите предмети.
Екстерните ќе ги оценат и професорите, па и тие ќе се поправаат.
Екстерните имаат многу добри страни.

Туку, што се случува со екстерните за матураните?
Има ли некој информација? Ќе се полага, нема да се полага?
Приложете и извор, да можам да ви верувам (:
 
^Во службен весник број 107 мислам дека беше, матурантите ќе прават тестови најдоцна до Фебруари а за останатите од 1 до 10 Јуни по четири предмети.
 
Не сум малоумна па да ги бранам екстерните само поради еден професор.
Не се проблем само ваквите садисти-професори. Има некои воопшто не предаваат на часовите, ставаат оцени гледајќи ги оцените по другите предмети.
Екстерните ќе ги оценат и професорите, па и тие ќе се поправаат.
Екстерните имаат многу добри страни.
Професорите да страдаа така лесно со екстерните ќе стегнеа 3-4 години уназад. Јасно ми е како се ставаат оцени по некои предмети, јасно ми е и како работат одредени професори. Само глупаво е и целокупната работа на еден професор да се оцени само преку еден екстерен тест на кој реално може да се направи масовна утка од трема, страв па дури и незнаење.
Плус, ПРЕГЛУПАВО Е да се користат децата и нивниот труд за да се оцени работата на професорите. Нека држат семинари и нека имаат професорите обуки кои ќе треба да ги полагаат од време на време. Ем ќе учат нови методи, ем ќе се потсетуваат што им е примарна цел и како треба да ја извршуваат.
За проверка на знаењата на децата доволни се регуларните тестови и испрашувања.
Наброј ми неколку од добрите страни. Ама не да бидат добри од личен твој аспект, туку општо добри за сите ученици.
 
^Во службен весник број 107 мислам дека беше, матурантите ќе прават тестови најдоцна до Фебруари а за останатите од 1 до 10 Јуни по четири предмети.
па ајде еден предмет ама четири предмети :@ што сме ние тука малите ајнаштајни ??? дефинитивно со ова обраованието не добива на кавлите бидејќи еве пример место хемија да земе да ни покаже некој експеримент, биологија да ми дае жаба да сечам да ја глеам она ме тера по 70 страни една тема да и ја научам и да праам тест само со бубање и теоретско знаење не ја бива работата...место владата да инвестира во ваквите работи они ќе ми праат скапани екстерни тестови...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom