Експлоатација на млада работна сила

  • Креатор на темата Креатор на темата Dijanka001
  • Време на започнување Време на започнување
Плус овој тука ќе најде многу лесно некој друга за 200 евра да му работи, тој таму нема да најде некој друг за 400 што ќе му работи. Пазарот ги диктира платите, проблемот кај нас е што државата за некои фирми а мајка за некои маќеа па многу газди си прват злоупотреба.
Ми нема логика тоа, во Грција невработеноста е 24%, кај нас 24,6%, можени нашата или нивната влада го утнале процентот на невработеност. ;)
 
Повисоки плати и повеќе пари во оптек создаваат повеќе побарувачка, што значи повеќе работни места. Ова е ептен едноставно.

Извозни индустрии.
Нашите производи (направени со плата од 200€) се конкурентни на локални производи во странство (направени со плати од 2000€).
Ми кажуваш дека ако платите станеле 500€ не ќе можеле повеќе да се конкурентни на производи направени со плати од 2000€?
Јас не мислам така.
Земјите што земаат плати над 2000 евра, производството го прават во земји кај што платите се 200 евра и помалце. Конкуретноста не за производот, туку за земјата кај што се прави производот.
Математиката е проста, ако трошокот на платите на вработените во МК и транспортот по единица производ, го надминат тој во Кина или Бангладеш, резултатот е селење на фабриката во Кина или Бангладеш.
А платите што се земаат на Западот, социјалните мерки (од кои највеќе уживаат муслиманските мигранти), притоа разните бенефити (13-14 плати). Све се тоа на наш грб. Сигурно фабрикантите не дошле тука ради симпатии кон Македонија, дошле тука по потрага на робови. Во робовладетелското општество, барем се грижеле своите робови да се најадени и напиени да можат да работат, денешниве робовладетели се поокрути од тогашните. Македонија ја направија еден конц логор.
1.jpg
 
Не треба системот да те гони за да бидеш човек. Многу е едноставно, само што нашиве „газди“ сакаат што е можно побрзо да седнат во нов Мерцедес или да се вселат во нова викендица.

Најдобро ќе го мотивираш работникот со бонуси. Работникот ќе има мотивација за работа и газдата ќе е во плус со тоа што ќе има мотивиран работник расположен за работа... само „пари слепило“ е проблемот, ако газдата даде плус 1000 - 2000 ден на вреден работник најверојатно ќе банкротира со тоа што ќе нема за една вечера во кафана.. Или пак случај со работник на месецот... како што има во Америка.

Уште поголем проблем од газдите се менаџерите или шефовите. Уфилмани фаци кои најчесто се другари на газдата или пак тешки газолижачи... кои немаат ни м од менаџирање само знаат да казнуваат или омаловажуваат со нивното селско понашање...
Да ти крати 20% од мизерна плата која доцни веќе 2 месеци порадни нивна лоша способност за раководење...
Или пак ако направиш 30% повеќе од тоа што е предвидено за бизнисот очигледно е дека му носиш повеќе заработка од предвивиденото на газдата треба да следува бонус... меѓутоа тој бонус го нема... туку самиот ќе си влезеш во говна наредниот месец ако тој бонус не го исполниш... ќе се смета дека ти не си доволно посветен на работата и ќе бидеш казнет со 20%....
Патетично нели.... :)

Не треба да набројувам примери за ова, сите до еден кои работиме за „газда“ сме сведоци на вакви ситуации.

Да не ме сфатиш погрешно, но зашто не станеш Ти газда па биди праведен и пример за другите ...

Mister No многу убаво напиша, и да бидеш газда не е лесно, нормално имаш секакви карактери. Како што има лоши работници така има и лоши газди и обратно.
Плус неможе да бараме "супер" бизнис клима кај нас, кога сме во социјалистички систем веќе 60 години
 
Во држава како нашата ништо не е лесно да се биде.
 
Повисоки плати и повеќе пари во оптек создаваат повеќе побарувачка, што значи повеќе работни места. Ова е ептен едноставно.
Абе стварно е едноставно, ама не е така :)
Ако ти имаш повисока плата и сакаш , пример, секој месец да купиш кондури.Ама, исто и работниците поврзани со кондурите ( производство, транспорт, продавачи) ке имаат повисока плата, што ќе значи дека дека кондурите нема да бидат со сегашна цена, туку ќе бидат поскапи ! Така да ти пак ке неможеш да купуваш секој месец нови кондури. Побарувачката ке биде +/- иста !
Извозни индустрии.Нашите производи (направени со плата од 200€) се конкурентни на локални производи во странство (направени со плати од 2000€).
Ми кажуваш дека ако платите станеле 500€ не ќе можеле повеќе да се конкурентни на производи направени со плати од 2000€? Јас не мислам така.
Може ти не мислиш така, ама економските закони се посурови.
Ајде пак со пример : Винчини извезува колачи во Германија. Таму се бори за продажба со Германски колачи. Ама, Винчини од старт е во понеповолна положба од неколку фактори. Прво, најголем дел од суровините увезува, можда баш од Германија. Друго, со технологија/капацитет сигурно е послаб. Трето, има дополнителни трошоци за транспорт до германски пазар.Сето ова доведува до повисока цена на чинење на единица производ отколку ист производ од Германија . Тоа Винчини го надоместува со евтина работна рака и пак доаѓа со конкурентна цена. Така да, ако се покачи цената на трудот, сигурно ке се одрази на негова конкурентна цена. Просто !
Уште поголем проблем од газдите се менаџерите или шефовите. Уфилмани фаци кои најчесто се другари на газдата или пак тешки газолижачи... кои немаат ни м од менаџирање само знаат да казнуваат или омаловажуваат со нивното селско понашање....
Не сакам да бранам никој. Уште во првиот пост дадов став дека газди, директори, менаџери што не даваат плата, што малтретираат, навредуваат или се изживљаваат со работници - треба да се бесат! За јајца....

Ама, ништо не црно/бело.
Како што знам и такви газди/менаџери, уште повеќе знам проблеми со работници. За што никој не сака да зборува. Знам за работник што оштетил машина од 10,000+ евра. Нанамерно, да, ама штетата е направена. Знам за работник што поради немарност заеба зделка со странски партнер. Странецот не креваше телефон после тоа. Знам за работници што едноставно не идат на работа затоа што прошлата вечер се начукале. Знам за работник што секој втор месец земал боледување а дознаваш дека бил на свадба. Знам за работник што дава отказ од денес за утре, без да запази законски отказен рок. Милион примери, нели....
 
Абе стварно е едноставно, ама не е така :)
Ако ти имаш повисока плата и сакаш , пример, секој месец да купиш кондури.Ама, исто и работниците поврзани со кондурите ( производство, транспорт, продавачи) ке имаат повисока плата, што ќе значи дека дека кондурите нема да бидат со сегашна цена, туку ќе бидат поскапи ! Така да ти пак ке неможеш да купуваш секој месец нови кондури. Побарувачката ке биде +/- иста !
Забораваш некои работи. Ако има поголема побарувачка ќарот на секој единечен производ може да биде помал а добивката иста или поголема. Како да кажуваш дека во земји каде платите се повисоки стандардот е ист со нас, едноставно не е така.[DOUBLEPOST=1475661202][/DOUBLEPOST]
Ајде пак со пример : Винчини извезува колачи во Германија.

Одличен пример.
Земи колачи Винчини на Германски пазар и колачи од Германија на Македонски пазар.

Транспортот е иста цена.
Основните материјали не може да варираат со цена многу од тука и таму.
Како може Германецот за истиот производ да го плаќа вработениот 2000€, и да има ќар, а кај нас да неможеле од 200€ да мрднат?[DOUBLEPOST=1475662293][/DOUBLEPOST]
работник што оштетил машина од 10,000+ евра. Нанамерно, да, ама штетата е направена. Знам за работник што поради немарност заеба зделка со странски партнер.
И во двата случаи е грешка на сопственикот/ раководството.
Нема да оставиш неискусен да работи со скапи машини без надгледување.
Исто како што сериозна фирма нема шанси да остави странски клиент во раце на еден непроверен и непоуздан вработен.
 
Последно уредено:
Како може Германецот за истиот производ да го плаќа вработениот 2000€, и да има ќар, а кај нас да неможеле од 200€ да мрднат?
Еве ти 2 примера од лично искуство.
Пример 1.Фабрика за производство во Германија, комплетно автоматизирана, со вработено 6-7 работници ( 1 на прием на суровини, уште 2 во лабораторија, уште 2-3 во контролна соба со 10-тина компјутери, 1 на излез на роба ). Слична фабрика во Македонија, со 20 пати помал капацитет, дел автоматизирана, дел рачно. Вработени 40 луѓе. Пази, 40 вработени за 20 пати помалку производи
Пример 2. Погон за производство во Македонија. 35 вработени. Има понуда за набавка на потполна автоматизација. 650.000 евра. Потребно вработени - 2. Македонскиот газда нема пари да ја набави опремата. Германецот има. Ако прерачунаш. ке видиш дека работна рака по единица производ и тука, и во Германија чини исто (?)
***
Друго е темата.
Погрешно се сваќа таа “експлоатација“. Сакам да кажам дека и да бидеш газда не е лесно. Ама и работниците не се цвеќе за мирисање. Без да бидам сватен погрешно, ама еве баш во СВ, јас знам двајца ( еден висок слаб дечко, страшно арогантен, и една ниска буцкаста, неуслужлива девојка) кој јас би ги тргнал од работа, или барем не би им дал контакт со муштерии, баш поради непрофесионалност, нељубезност во работа. Претпоставувам дека нив не ги занима дали јас како клиент сум задоволен или дали пак ке се вратам да оставам пари, АМА сигурно на крај на месец ке си бараат плата, придонеси, бонус....нели ?

Многу промени во наш менталитет се потребни. На двете страни. Се додека и работникот не свати дека и тој (како и газдата) живее од таа фирма и дека треба да ја работи како да е негова, тешко ке мрднеме напред.
Од друга страна, голем проблем се неквалификувани работници кои не се трудат да мрднат чекор напред во нивно подобрување. Едноставно не знаат да работат, ама сакаат висока плата. Тврдам дека добри и квалификувани работници ретко имаат проблем со работа. Добри кувари, келнери, комерцијалисти, на пример, тешко ке најдеш невработени или со нередовна или со мала плата....[DOUBLEPOST=1475665879][/DOUBLEPOST]
И во двата случаи е грешка на сопственикот/ раководството.
Нема да оставиш неискусен да работи со скапи машини без надгледување.
Исто како што сериозна фирма нема шанси да остави странски клиент во раце на еден непроверен и непоуздан вработен.
Ха, ха. Не беше неискусен, дури шеф беше. Ама, и да бил неискусен, што ке правиш- ке ставиш на секој вработен по еден шеф да го надгледува ?
 
Последно уредено:
Еве ти 2 примера од лично искуство.
Пример 1.Фабрика за производство во Германија, комплетно автоматизирана, со вработено 6-7 работници ( 1 на прием на суровини, уште 2 во лабораторија, уште 2-3 во контролна соба со 10-тина компјутери, 1 на излез на роба ). Слична фабрика во Македонија, со 20 пати помал капацитет, дел автоматизирана, дел рачно. Вработени 40 луѓе. Пази, 40 вработени за 20 пати помалку производи
Пример 2. Погон за производство во Македонија. 35 вработени. Има понуда за набавка на потполна автоматизација. 650.000 евра. Потребно вработени - 2. Македонскиот газда нема пари да ја набави опремата. Германецот има. Ако прерачунаш. ке видиш дека работна рака по единица производ и тука, и во Германија чини исто (?)
***
Друго е темата.
Погрешно се сваќа таа “експлоатација“. Сакам да кажам дека и да бидеш газда не е лесно. Ама и работниците не се цвеќе за мирисање. Без да бидам сватен погрешно, ама еве баш во СВ, јас знам двајца ( еден висок слаб дечко, страшно арогантен, и една ниска буцкаста, неуслужлива девојка) кој јас би ги тргнал од работа, или барем не би им дал контакт со муштерии, баш поради непрофесионалност, нељубезност во работа. Претпоставувам дека нив не ги занима дали јас како клиент сум задоволен или дали пак ке се вратам да оставам пари, АМА сигурно на крај на месец ке си бараат плата, придонеси, бонус....нели ?

Многу промени во наш менталитет се потребни. На двете страни. Се додека и работникот не свати дека и тој (како и газдата) живее од таа фирма и дека треба да ја работи како да е негова, тешко ке мрднеме напред.
Од друга страна, голем проблем се неквалификувани работници кои не се трудат да мрднат чекор напред во нивно подобрување. Едноставно не знаат да работат, ама сакаат висока плата. Тврдам дека добри и квалификувани работници ретко имаат проблем со работа. Добри кувари, келнери, комерцијалисти, на пример, тешко ке најдеш невработени или со нередовна или со мала плата....
Те разбирам.
Но еве истиот пример, може целосно или барем делумно да автоматизира, и има пари, но ќе рече што ќе ми е тоа кога и така можам со 200 € плати на вработените да терам, и да не ризикувам капитал.

Исто и за квалитетот на вработените. Кај нас е ептен низок вистина. Но, повторно чива е вината? Јасно кај работодавачот. Има казнени и наградни мерки за подобрување на квалитетот на услугата. Туку работодавачот кај нас не гледа квалитет.
 
***
Друго е темата.
Погрешно се сваќа таа “експлоатација“. Сакам да кажам дека и да бидеш газда не е лесно. Ама и работниците не се цвеќе за мирисање. Без да бидам сватен погрешно, ама еве баш во СВ, јас знам двајца ( еден висок слаб дечко, страшно арогантен, и една ниска буцкаста, неуслужлива девојка) кој јас би ги тргнал од работа, или барем не би им дал контакт со муштерии, баш поради непрофесионалност, нељубезност во работа. Претпоставувам дека нив не ги занима дали јас како клиент сум задоволен или дали пак ке се вратам да оставам пари, АМА сигурно на крај на месец ке си бараат плата, придонеси, бонус....нели ?

Многу промени во наш менталитет се потребни. На двете страни. Се додека и работникот не свати дека и тој (како и газдата) живее од таа фирма и дека треба да ја работи како да е негова, тешко ке мрднеме напред.
Од друга страна, голем проблем се неквалификувани работници кои не се трудат да мрднат чекор напред во нивно подобрување. Едноставно не знаат да работат, ама сакаат висока плата. Тврдам дека добри и квалификувани работници ретко имаат проблем со работа. Добри кувари, келнери, комерцијалисти, на пример, тешко ке најдеш невработени или со нередовна или со мала плата....

Во право си исто размислување делиме/делевме....
Но ајде ќе ти дадам мој пример....

Јас сум од Куманово, минатото лето заминав на печалба во Јужна Македонија во еден ресторан/пицерија.
Сопственикот беше во фрка а јас бев без работа... меѓутоа неговата фурна за пица беше на дрва, а јас претходно немав искуство со таква фурна имав работено на електирчна. Друг принцип на работа да не развлекувам.
Му кажав дека сум неквалификуван за такво нешто, но самиот се понуди да ми даде шанса на неколку дена. Се договоривме за плата помала од онаа за која би работел квалификуван работник за таа фурна. Притоа условите беа без слободен ден на 11 работни часа.
Претходно неговиот пресек на пици бил 30 до 40 дневно.
Работата тргна уште првиот ден, пиците почнаа да излегуваа без проблем. Исто како да ги прави квалификуван работник.
Моето залагање на работното место беше исто како да работам за мене, со љубов максимално концентриран и посветен. (Впрочем таков ми е карактерот на работата, сакам да си заработам дневницата), притоа кога немав работа помагав на колегите преку редење на пијалоци, работа во шанк итн. Скоро секогаш од 12 часа (зголемивме на +1 час) имав 10.5 часа продукитвна работа.
Просекот на пици се зголеми на 50-60.
Газдата беше среќен и задоволен, меѓутоа јас не добив ни денар повеќе од онаа плата за која се договоривме која беше секако помала од онаа која работи професионален пицер.
Добив само пофалби....
Инаку работев 45 ден без ден слободен.

Другото лето (оваа лето) сакаше пак да работам. Му реков во ред... нема проблем меѓутоа сакам плус 1500 ден од месец кога има фул работа а тоа беа 3 месеци (јун, јули и август), мај месец е слаб... нема работа не сакам повеќе...
Тој муабет беше околу нова година меѓутоа му реков дека ќе го контактирам месец ипол пред да почне сезоната за сигурно. Што мислам дека е професионално од моја страна...
Се слушнавме, договоривме условите и почнавме со работа во мај.... Притоа јас за тоа време одбив 3 понуди за работа тука од кумановски кафани.

Тргнавме со работа. Јас бев пак истиот, посветен на работата сконцентиран и продуктивен.
Во меѓувреме имав конфликт со еден негов долгогодишен вработен и после 2 недели ме вика во канцеларија и ми кажува дека договорот не важи и дека сака да ми намали 1000 ден од платата бидејќи немало доволно работа....
Пробав да го разубедам преку фина конверзација меѓутоа почна да се понаша дрско и оставив...
Останатите 2 недели си ги терав како да ми помине денот... без желба за работа...
На 2 јун ме вика пак на разговор...
Вика Иван ти не си истиот, ми делуваш некако разочарано не заинтересирано за работа, непрофесионално, што е проблемот?

Викам кога сме кај професионалност во ред ли е договорот да се менува после 2 недели, сега месецов нема работа ама наредните ќе има. Минатото лето го кренавме просекот на пици за скоро 20 дневно... јас не добив ниту денар повеќе...

И пази го сега неговиот аргумент на ова...
Вика па ти си бил многу алчен за пари, не ги цениш парите, немаш појма од живот (ниски муабети)... вика сега ми побара 1500 + наредното лето ќе бараш плус 3000 човечкото око нема граница.
Неможам да дадам повеќе во долгови сумм, не оди работата... изговори кои немаа врска типични клише муабети кога ќе побараш повишица...

А претходно за пица мајстор... мој пријател од Куманово имал да му даде плата која е еднаква на релната плата која треба да ја зима пицер... За неговата плата не бил во долгови ? :)

Викам во ред, барај си нов пица мајстор јас си заминувам...
Завршивме со „ што мислиш само ти си пица мајстор“

После 2 недели ме бараше да се вратам, притоа да работиме по мои услови плус и слободен ден да имам...
Вика згрешив, иако си млад имаш разбирање и пред се си човек...
Не се вратив иако скоро цело лето ме бараше...

Од „отказот“ ми требаа психички да се опоравам 2 недели... не ме болеше тоа што го изгубив летото и понуди за работа од колку тоа што иако вложив труд и љубов на работното место бев избркан како куче со муабети дека не вредам како работник и човек...

И сум рекол повеќе залагање на работно место од 100% никогаш во мкд.
Ќе си го штитам мојот интерес а не интересот на газдата... па и ако дојдам уште еднаш во ваква ситуација нема да ми е криво...

Друг пример... мој другар работи во една фабрика за мебел во Куманово веќе 2.5 години...

Претходно камион со мебел (гарнитури, кујни итн) успевале да испорачаат за одприлика 1 недела..:
Од претходната година праќаат тура на секои 3 дена... (најверојатно му кренала работата)... а ист број на вработени меѓутоа со зголемено работно време од +1 час и намалена пауза... 2 само 2 слободни дена во неделата...

Повишница од рекордни 400 ден :D

Сигурно имаш слушнато за Етно Село... принципот на газдата во летниот период му е давање на оглас за обучување на млади кадри (келнери, кувари) 5-6 вработени кои му се стални кои не ги менува....
Обуката трае додека трае сезоната :) за плата која до пред година дена беше 6000 ден... сега мислам дека качи на 10.050
после октомври месецот.... претпостаљаш што се случува со учениците...
Не им се работи на младите :D

Батето си купи нов мерцедес, си го разработи убаво бизнисот.

@Bafra Одлично те разбирам, меѓутоа моите родители со од работничка класа и не успејале да направат капитал кој ќе е доволен да видам „газда“.
 
Како тоа погрешно се сваќа оваа екслпоатација? Не разбирам, дали ти, со ова сакаш да кажеш дека газдите се жртвите во цела оваа ситуација и дека во суштина работниците ѓи експлоатираат газдите, а не обратно? Бидејќи нели, да бидеш газда не е лесно, работниците не биле цвеќиња за мирисање, тие се нели, обична, неписмена, не-едуцирана и вообразена стока собрана од улица која сака само редовна плата што очигледно не ја ни заслужува, а пак за платени дополнителни саати не ни правиме муабет.

Е сега истите овие работници како двајцата што ѓи спомна се неуслужливи, арогантни, неквалификувани. И според твојата посета на нивниот малопродажен објект, тие двајца биле пресуден фактор зошто ти не си купил од нивната продавница, или нема да одиш таму повторно? Ај да не се лажеме, единствена причина зошто ти не си испазарил таму е тоа што не си ништо поарен од нив, и тебе некој ти го цеди трудот и те заебава за без пари, а од друга страна, доколку јас грешам, а тебе во суштина џебот ти бил полн тогаш си излегол бидејќи не ти се допаднала нивната понуда, а во тој случај единствен виновник е менаџерскиот тим бидејќи ти не си го нашол тоа што го сакаш таму, па си отишол во следната продавница. Те боли кур тебе за некој висок арогантен дечко, и некоја буцкаста неуслужлива девојка.

А ова дека има квалификувани работници кои никогаш не се без работа, да, точно е. Но ниту еден човек со здрава свест и разум, што добро си ја познава работата, знае странски јазици, и секако има ЕУ паспорт, нема да остане тука и да отупе во оваа дупка. Кои се сега всушност овие луѓе? Па тие истите што ти ѓи омаловажуваше до сега.
 
Абе стварно е едноставно, ама не е така :)
Ако ти имаш повисока плата и сакаш , пример, секој месец да купиш кондури.Ама, исто и работниците поврзани со кондурите ( производство, транспорт, продавачи) ке имаат повисока плата, што ќе значи дека дека кондурите нема да бидат со сегашна цена, туку ќе бидат поскапи ! Така да ти пак ке неможеш да купуваш секој месец нови кондури. Побарувачката ке биде +/- иста !

Може ти не мислиш така, ама економските закони се посурови.
Ајде пак со пример : Винчини извезува колачи во Германија. Таму се бори за продажба со Германски колачи. Ама, Винчини од старт е во понеповолна положба од неколку фактори. Прво, најголем дел од суровините увезува, можда баш од Германија. Друго, со технологија/капацитет сигурно е послаб. Трето, има дополнителни трошоци за транспорт до германски пазар.Сето ова доведува до повисока цена на чинење на единица производ отколку ист производ од Германија . Тоа Винчини го надоместува со евтина работна рака и пак доаѓа со конкурентна цена. Така да, ако се покачи цената на трудот, сигурно ке се одрази на негова конкурентна цена. Просто !

Не сакам да бранам никој. Уште во првиот пост дадов став дека газди, директори, менаџери што не даваат плата, што малтретираат, навредуваат или се изживљаваат со работници - треба да се бесат! За јајца....

Ама, ништо не црно/бело.
Како што знам и такви газди/менаџери, уште повеќе знам проблеми со работници. За што никој не сака да зборува. Знам за работник што оштетил машина од 10,000+ евра. Нанамерно, да, ама штетата е направена. Знам за работник што поради немарност заеба зделка со странски партнер. Странецот не креваше телефон после тоа. Знам за работници што едноставно не идат на работа затоа што прошлата вечер се начукале. Знам за работник што секој втор месец земал боледување а дознаваш дека бил на свадба. Знам за работник што дава отказ од денес за утре, без да запази законски отказен рок. Милион примери, нели....

За првиот и вториот пример и е така до негде и не е така до негде. Ако идеме буквално цена на кондури пример 50 евра, често пати цените на кондури тука и во странство се исти. Е сега поголем пазар, поголема потрошувачка. Значи пример ако имаме до негде поголеми плати, можеби потрошувачката ќе се зголеми, и трошокот плус што ќе го дава на плати ќе му се надокнади со тоа што ќе има зголемена потрошувачка. А друг мубает е што и маржите се големи. Што многу фирми имаат големи профити ама не сакаат дел од нив да дадат на врботените, туку топ менаџментото има несразменро поголеми плати и бонуси од обичните вработени. Разлика на огрмони нивоа. Но тоа веќе е свестка состојба не е тоа само кај нас.
За примерот со Винчини точно во право си имаат дополнителен трошок за транспорт, ама па коа ќе видиш колку само ние увезуваме слатки и благи работи од Германија а тие истите тука се повторно со конкурентни цени а и они имале трошок за транспорт, поскапа работна рака и пак усепваат да бидат конкурентни тука значи не е толку проблемот во транспортот и работната рака. Можеби работат со помали маржи но имаат многу погоелмо производство. Друга работа е што нашите комапнии би требало прво да се јако пробиени и на нашиот пазар и у регионот па после подалеку. Види само колку банални работи увезуваме што или веќе и самите ги правиме или многу лесно може да ги правиме. Млека, сокови, ќечапи, друи слични производи од преработувачка индустрија а да не зборам за увоз на вода. Иди у било која земја нема увозна вода (освен можеби Евиан, Сан Пелегрино) само кај нас имам вода од Србија, Хрватска, Грција. Епа тука е и државата крива во другите земји конкретно за увозт на вода е строго конторлиран и тешко се добива дозвола.

За третиот дел точно е како што има шефови и менаџери лоши така и има и работници. Ама затоа законите и прописите коаг ги се спроведувале како што треба би важеле и за едните и за другите.
 
Во право си исто размислување делиме/делевме....
Но ајде ќе ти дадам мој пример....

Јас сум од Куманово, минатото лето заминав на печалба во Јужна Македонија во еден ресторан/пицерија.
Сопственикот беше во фрка а јас бев без работа... меѓутоа неговата фурна за пица беше на дрва, а јас претходно немав искуство со таква фурна имав работено на електирчна. Друг принцип на работа да не развлекувам.
Му кажав дека сум неквалификуван за такво нешто, но самиот се понуди да ми даде шанса на неколку дена. Се договоривме за плата помала од онаа за која би работел квалификуван работник за таа фурна. Притоа условите беа без слободен ден на 11 работни часа.
Претходно неговиот пресек на пици бил 30 до 40 дневно.
Работата тргна уште првиот ден, пиците почнаа да излегуваа без проблем. Исто како да ги прави квалификуван работник.
Моето залагање на работното место беше исто како да работам за мене, со љубов максимално концентриран и посветен. (Впрочем таков ми е карактерот на работата, сакам да си заработам дневницата), притоа кога немав работа помагав на колегите преку редење на пијалоци, работа во шанк итн. Скоро секогаш од 12 часа (зголемивме на +1 час) имав 10.5 часа продукитвна работа.
Просекот на пици се зголеми на 50-60.
Газдата беше среќен и задоволен, меѓутоа јас не добив ни денар повеќе од онаа плата за која се договоривме која беше секако помала од онаа која работи професионален пицер.
Добив само пофалби....
Инаку работев 45 ден без ден слободен.

Другото лето (оваа лето) сакаше пак да работам. Му реков во ред... нема проблем меѓутоа сакам плус 1500 ден од месец кога има фул работа а тоа беа 3 месеци (јун, јули и август), мај месец е слаб... нема работа не сакам повеќе...
Тој муабет беше околу нова година меѓутоа му реков дека ќе го контактирам месец ипол пред да почне сезоната за сигурно. Што мислам дека е професионално од моја страна...
Се слушнавме, договоривме условите и почнавме со работа во мај.... Притоа јас за тоа време одбив 3 понуди за работа тука од кумановски кафани.

Тргнавме со работа. Јас бев пак истиот, посветен на работата сконцентиран и продуктивен.
Во меѓувреме имав конфликт со еден негов долгогодишен вработен и после 2 недели ме вика во канцеларија и ми кажува дека договорот не важи и дека сака да ми намали 1000 ден од платата бидејќи немало доволно работа....
Пробав да го разубедам преку фина конверзација меѓутоа почна да се понаша дрско и оставив...
Останатите 2 недели си ги терав како да ми помине денот... без желба за работа...
На 2 јун ме вика пак на разговор...
Вика Иван ти не си истиот, ми делуваш некако разочарано не заинтересирано за работа, непрофесионално, што е проблемот?

Викам кога сме кај професионалност во ред ли е договорот да се менува после 2 недели, сега месецов нема работа ама наредните ќе има. Минатото лето го кренавме просекот на пици за скоро 20 дневно... јас не добив ниту денар повеќе...

И пази го сега неговиот аргумент на ова...
Вика па ти си бил многу алчен за пари, не ги цениш парите, немаш појма од живот (ниски муабети)... вика сега ми побара 1500 + наредното лето ќе бараш плус 3000 човечкото око нема граница.
Неможам да дадам повеќе во долгови сумм, не оди работата... изговори кои немаа врска типични клише муабети кога ќе побараш повишица...

А претходно за пица мајстор... мој пријател од Куманово имал да му даде плата која е еднаква на релната плата која треба да ја зима пицер... За неговата плата не бил во долгови ? :)

Викам во ред, барај си нов пица мајстор јас си заминувам...
Завршивме со „ што мислиш само ти си пица мајстор“

После 2 недели ме бараше да се вратам, притоа да работиме по мои услови плус и слободен ден да имам...
Вика згрешив, иако си млад имаш разбирање и пред се си човек...
Не се вратив иако скоро цело лето ме бараше...

Од „отказот“ ми требаа психички да се опоравам 2 недели... не ме болеше тоа што го изгубив летото и понуди за работа од колку тоа што иако вложив труд и љубов на работното место бев избркан како куче со муабети дека не вредам како работник и човек...

И сум рекол повеќе залагање на работно место од 100% никогаш во мкд.
Ќе си го штитам мојот интерес а не интересот на газдата... па и ако дојдам уште еднаш во ваква ситуација нема да ми е криво...

Друг пример... мој другар работи во една фабрика за мебел во Куманово веќе 2.5 години...

Претходно камион со мебел (гарнитури, кујни итн) успевале да испорачаат за одприлика 1 недела..:
Од претходната година праќаат тура на секои 3 дена... (најверојатно му кренала работата)... а ист број на вработени меѓутоа со зголемено работно време од +1 час и намалена пауза... 2 само 2 слободни дена во неделата...

Повишница од рекордни 400 ден :D

Сигурно имаш слушнато за Етно Село... принципот на газдата во летниот период му е давање на оглас за обучување на млади кадри (келнери, кувари) 5-6 вработени кои му се стални кои не ги менува....
Обуката трае додека трае сезоната :) за плата која до пред година дена беше 6000 ден... сега мислам дека качи на 10.050
после октомври месецот.... претпостаљаш што се случува со учениците...
Не им се работи на младите :D

Батето си купи нов мерцедес, си го разработи убаво бизнисот.

@Bafra Одлично те разбирам, меѓутоа моите родители со од работничка класа и не успејале да направат капитал кој ќе е доволен да видам „газда“.
..не си ми јасен, не те бидуе, не си заинтересиран или пишуваш книга??? ..во спротивно ти треба менаџер... :) :) :)
 
Имам многу слободно време бидејќи моментално сум незапослен, па си го трошам на формуов :D
 
Луѓе ама гледам мешате сега тука алчност на газди и газди кои што не работат по прописи. Не е исто. Алчни газди има и во ЕУ, има сегде. Ама нивната алчност се контролира со тоа што знае дека ако почне да го бие лош глас нема да најде луѓе што ќе работат за него. Е сеа кај нас за жал економијата ни е таква што лесно наоѓаат замени. Да не можат да најдат луѓе ќе видите како ќе почнат и да растат плати и да се фини и да делат бонуси ако си добар вработен.

А кај нас има и плус што многу газди, не ти даваат одмор по закон, не те пријавуваат на цела сума, не ти плаќаат прекувремено. Е тие работи конкретно не дека ги нема, ама се многу поретки во западните земји.

Инаку да се вратам горе за платите што се спредуваат кај нас и во ЕУ. Епа и да се цените горе доле исти за некои продукти а кај платите да е голема разлика, истите тие Германски фирми ај што се поефективни, се и многу поголеми и плус дел од големите плати што ги даваат во Германија ги надокнадуваат со користењето на ефтина работна рака во другите земји. Ние за жал немаме такви големи фирми, немаме таква домашна индустрија која што би го генерирала тој раст на плати.
 
Како може некој работодавец да очекува вработениот да му биде среќен, задоволен и посветен на работата кога плата од 200 еур не стигнува ни за основните трошоци.

Сакал или не неможам да бидам посветен на работата со тколку ниска плата од проста причина што таа ниска плата ни генерира приватни проблеми, и ни го одвелкува вниманието, а згора на тоа ако се стави постојаното кршење на правата на работникот од страна на газдата и непреземањето ништо од страна на државата тука се е јасно.

Пробелемот прво е во системот (државата), а потоа кај газдата, во ниеден случај не е проблемот кај работникот како што тврдат некои полтрончиња погоре.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom