Ексклузивно: Македонци на шведскиот избор за Евросонг!

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.258
Поени од реакции
12.513
Народе македонски! Фаќајте позиција, слушалки и уживајте во несекојдневниот настап (за шведски услови) на групата „Втора Генерација“ составена од нашинци што живеат во Шведска на тамошниот избор за Евросонг. Песната има оригинален наслов „Ќебаппица Шливовица“ и како што не информираше нашиот читател од Шведска, Игор Јованоски, за малку не се пласирала во финалето на националниот избор што се одржа во саботата.

Но она што е најбитно, како што пренесува нашиот специјален известувач од Шведска, е тоа што коментаторите на националната телевизија на неколку пати го спомнале името Македонија, што е извонреден успех на нашите во далечниот север. А сега уживајте...

Горан Момироски
Игор Јованоски
ohridnews.com

[media]http://www.youtube.com/watch?v=gRlGrhrItjw[/media]
 
браво браво уште да победат, ете песна со наш мелос и се гледа дека момците си се македончиња. А оваа песна од друга страна да се пријави на нашиот избор сите ќе се згазиме само до смеење, а вака ни одговара да победат. :toe:
 
Епа ексклузивно и дел од текстот на песната::kesa:

Сите одат во ист стил, трчаат како луди петли, а ништо за мене.... јас сакам да јадам кебапица..... дојди и вози лимузина, жена и сноб кој има се освем работа, таткото му е крал, а ништо за мене - јас само сакам да јадам кебапица..... итн...:toe:

:pos2::pos2::pos2:

ама сепак го изгледав и ислушав 10 пати, добро ми звучи макар што преводот е тој ЗАКОН СЕ !!!!!!!!!!!!!!
 
текстов у стил џемо биљбиљ че ти праит салата
 
Интересна песна. Со плех оркестар и ќебапчиња супер би легнала по некоја од нашиве кафанчиња:)
 
Добра нумера:pos2: особено делот ШЉИВОВИЦА.Браво браво. А ова тапанот намерно е скинат???
 
Феноменално досетено од дечкиве.Алал да им е!!:vozbud::vozbud:
 
Лелелеле со оваа песна отишле на шведски избор... ЗАКОН... hehe: hehe: hehe:
 
Закон песна, закон настап, БРАВО, БРАВО, БРАВО...
 
Ако некој ја има песнава во мп3 нека ми ја прати ...


:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom