Еколошка катастрофа во Мексиканскиот залив

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Корупцијата на одредени компании и на властите кои ја овозможуваат, а не капитализмот, се едни од факторите кои можат да ја уништат планетава.

ВР има 760 поплаки/тужби за непридржување до законите, додека на пример Ексон - ниту една.
Овозможено од капитализмот. :)
 
Eден мој пријател кој инаку е научник, доста време ми повторува дека се плаши што може да се случи откако колку-толку ќе се стабилизира притисокот кај дупката. Имено, после енормното истекување на нафтата, водата ќе почне да навлегува во дупката под огромен притисок на нејзината тежна. Во внатрешноста на Земјата заради топлината ќе испарува. Ситуацијава може да предизвика тектонски поместувања (и цунами) со што дефинитивно ќе се затвори дупката.

Истово, сега го читам кај други извори, при што велат дека внатрешните слоеви кои што ја држат нафтата можат да ослабат и да истекуваат трилиони барели вклучувајќи ги и тие рзерви до Венецуела:

http://www.rense.com/general91/oilor.htm


.
 
нафта ќе патуваат во сите океани и мориња. :nesvest:
 
Сега кај нас ќе увезуваат туна од мексикански залив со декларација на потекло од Тајланд.
 
Независните научници сега велат дека истекуваат 60.000 барели (бочви) на ден.

Ова е страшно да се гледа:

http://www.britishpolluting.com/

И додека олигархијата на Обама ја користи катастрофава за политички цели, народот во одредени општини реши да ја земе работата во свои раце за да се бори со нафтата. Свесно не се повинуваат на заедничката команда на сојузната власт. Еден градоначелник бара да се смени командантот - Адмирал Тед Ален:

http://www.neworleans.com/news/local-news/416661.html
 
Бритиш Петролеум има долга и славна историја на упропастување на човечки судбини како и огромни гео-политички потреси. Како пример БП (да умрат во тешки маки) е директно одговорен за моменталната власт во Иран. Да не била огромната лакомост на БП, ајатоласите немало да бидат на власт и Иран можеби ке бил успешна приказна или барем нешто како Турција.

http://www.bbc.co.uk/blogs/adamcurtis/2010/06/post.html

Во 1950 година БП право поголем профит од Иранската нафта од тоталот кој го платил на Иран за експлоатацијата на таа иста Иранска нафта од 1901 година. Мртви ладни со помош на лобирање ја убедуваат ЦИА дека демократски избраниот Ирански премијер Мухамед Мосадик е про-комунистички (обична лага) и се случува пуч.

Шахот (глупчо) благодарение на „ловот на комунисти“ како и неисполнувањето на ветеното од страна на БП (работниците живееле во картон маала) станува омразен во народот и .................. Хомеини и Иранската револуција се случуваат. Изгледајте ги клипчињата и добро прочитајте го текстот.
 


Дека треба да ги судат сите од ред е јасно, но она што загрижува е дека уз нафтата излегуваат многу токсични гасови кои се поголем проблем од самата нафта.



.
 
уште колку нафта има за истекување? колкав е резервоарот? може некој да одговори
пробав да најдам некои податоци, бидејќи има премногу вести за несреќата скоро е невозможно да најдеш она што ти треба

насловот на темата можеме полека-полека да го смениме. ова нема да биде еколошка катастрофа само во мексиканскиот залив.
 
Има 2.1 милијарди галони за истекување.

1 галон = 3.78 литри

Засега е само Мексиканскиот залив, но голфската струја ја носи во Атлантикот накај Европа и на југ накај Куба.

Како што реков погоре, проблемот е не само што ќе се загади цел Атлантик, туку кога ке влезе истото количество вода во дупката каква реакција ќе предизвика.
 
Истекува рекордно количество нафта,до крајот на Август ќе стигне до голфската струја и Атлантикот ќе го труе цел океан...
А за тоа време CEO-то на БП, Тони Хејворд си ужива на својата јахта...:tapp:

Greenpeace campaigner Charlie Kronick described the boating trip as "insulting... rubbing salt into the wounds" of those who had been affected by the spill.

Residents in coastal states affected by the spill also rebuked the oil executive.

"Man, that ain't right," said Bobby Pitre, 33, who runs a tattoo shop in Larose in Louisiana. "None of us can even go out fishing, and he's at the yacht races.

http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/us_and_canada/10359120.stm

Капиталистички морон...:tapp: :tapp: :tapp:
 
Алчноста, профитот по секоја цена...... тоа е капитализмот. Катастрофа.
Оваа катастрофа можеше да биде спречена со затрупување на изворот со експлозив......ама алчноста да не го изгубат изворот е поголема...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom