БП успеа целосно да го запре истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив
БП успеа целосно да го запре истекувањето на нафта во Мексиканскиот залив, за прв пат од април.
Компанијата успешно ги затвори сите вентили на новата цевка што беше поставена за да го запре течењето од оштетеното нафтено наоѓалиште, соопшти вицепретседателот на БП, Кент Велс.
Тоа е потврдено и со лиферуваните кадри од камерите, поставени на клучни точки на местото на хаваријата.
Денешното постигнување е клучен момент на тримесечните напори на компанијата да ја надмине една од најтешките еколошки катастрофи во историјата на САД, забележуваат американските медиуми.
Иако со оваа постапка БП не го решава дефинитивно проблемот, сепак, оваа варијанта беше единствената што даде можност да се запре истекувањето на нафтата во океанот од хаваријата кон крајот на април наваму.
Сега претстои период на исчекување, што треба да покаже дали вентилите ќе издржат, без да се појават нови истекувања во други делови на инсталацијата.
Инженери во следните 48 часа ќе ги набљудуваат показателите на притисокот. Тестот треба да утврди дали поставената гигантска цевка врз местото на истекување може да се активира.
извор