Егејска Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата zelezen
  • Време на започнување Време на започнување
Има некоја страница на фб што повикува на вооружување на Македонците и бомбардирање на Егејот.
Пред некој ден ја видов, ете сега порталчињата почнаа да шират и стигна и до грчкиот парламент

После толку време и после толку иживување врз нашиот народ некој повторно прави рчки и ги става нашите во лајна.
Некое одродено копиле од Егејот, некој наш од тука или пак дечишта.

Секако ова треба темелно да се истражи од нашите и да се види кој е тој што ја мати водата кај што не треба.
Тоа е профилот Egejski Glas. Одамна за жал каналот изгуби смисла се објавуваат покрај работи од Егејот и партиски работи (про ДПМНЕ) има вулгарности и навреди. Пикот беше пред некое време кога се ситеше на нескреќа со воз со жртви алудираќи дека сите жртви се Грци. Па го избриша. Од тој профил се почна вревата околу панаѓурот во Овчарани за Илинден кога пееја „бегајте Грци“, 2 месеци после настанот. После тоа исто ги повикуваше Егејците да го следат примерот на Баскиците кои преку ЕТА долги години беа познати терористички напади во Шпанија, ваљда за тоа се работи.

Неспорно е теророт што Грците го направија врз Македонците до денес, но ова не е начин да се води страната. Повеќе штета прави него што помага. И самите Македонци во Грција со право се дистанцираат од овие испади и што е најтрагично дава простор да се генерализира и сите Македонци да се стават во лоша слика. А се работи за еден лудак.
 
Тоа е профилот Egejski Glas. Одамна за жал каналот изгуби смисла се објавуваат покрај работи од Егејот и партиски работи (про ДПМНЕ) има вулгарности и навреди. Пикот беше пред некое време кога се ситеше на нескреќа со воз со жртви алудираќи дека сите жртви се Грци. Па го избриша. Од тој профил се почна вревата околу панаѓурот во Овчарани за Илинден кога пееја „бегајте Грци“, 2 месеци после настанот. После тоа исто ги повикуваше Егејците да го следат примерот на Баскиците кои преку ЕТА долги години беа познати терористички напади во Шпанија, ваљда за тоа се работи.

Неспорно е теророт што Грците го направија врз Македонците до денес, но ова не е начин да се води страната. Повеќе штета прави него што помага. И самите Македонци во Грција со право се дистанцираат од овие испади и што е најтрагично дава простор да се генерализира и сите Македонци да се стават во лоша слика. А се работи за еден лудак.
Сите ние нешто сакаме па и тој

Ама по цена народот да пати и да трпи, НЕ!

Во времиња кога се слуша колку толку егејскиот глас не смее тоа никако да се злоупотреби во никакви цели.
 
Еве и мој исказ, досега скоро во сите локали каде што сум бил во Лерин скоро секаде знаат некој по малце Македонски а некој дури и многу добро го владеат Македонскиот, настрана од тоа секаде каде што имам одено во Грција кога ќе ме прашаат од каде сум, чисто велам само Македонија, никогаш не сме навлегле во политички тематики или проблеми.

Секогаш сум имал позитивно искуство, Лерин особено врие Македонци и тој егејски предел. Особено патувам во тој дел, секој месец бидеќи имам потреба.

Добро реално во Лерин знаат Македонски поради тоа што секоја сабота пола Битола таму одат на јадење пиење и пазарење, и малце природно научија Македонски луѓето, плус тоа што имаат и Македонско потекло е сосема друга работа.

Секоја сабота од Битолски коли и јас самиот се мачам за паркинг бидејќи сите сакаат кај пазарот да паркираат тука до 50 ракии кафаната за да не испешачат 50 метри.
 
Добро реално во Лерин знаат Македонски поради тоа што секоја сабота пола Битола таму одат на јадење пиење и пазарење, и малце природно научија Македонски луѓето, плус тоа што имаат и Македонско потекло е сосема друга работа.
So kaza sega i ti. Sega naucija makedonski od bitolcani ili deka se Makedonci po poteklo ?
Voden od kaj znat ?
Pozar od kaj znat ?
 
So kaza sega i ti. Sega naucija makedonski od bitolcani ili deka se Makedonci po poteklo ?
Voden od kaj znat ?
Pozar od kaj znat ?
Еми и таму идеме, не знајш?
Во Воден на цреши да купиме, а во Пожарско на капење.
И лека полека љујџето научиле.
 
Ima logika, ne velam ne ;)
Логика бе батка.
Инаку кога идев во Пожарско, домаќинката кај што бевме сместени многу тешко зборуваше македонски. Вели, на чколија не учевме, а мене родителите не ми даваа да учам од баба ми, од страв. Да не им сторат некое зло ѓупците.
Се погоди Сурово(Сурва), па отидов сретсело, имаа собиранка со музика. Изигравме неколку ора, и луѓето се опуштија, за муабет, ама тешко им одеше во секој случај. Ќе почнеа македонски, па продолжуваа грчки. Јас лафам грчки па имавме некој мешан јазик за разбирање. Во Воден, дечкото држеше Гиро сендвичара, едвај 5-6 зборови можеше да врзи македонски, ама му беше мерак да слуша. И он ми испадна најискрен, вели до кај дотеравме, мајчиниот јазик да не си го разбираме.
 
Добро реално во Лерин знаат Македонски поради тоа што секоја сабота пола Битола таму одат на јадење пиење и пазарење, и малце природно научија Македонски луѓето, плус тоа што имаат и Македонско потекло е сосема друга работа.

Секоја сабота од Битолски коли и јас самиот се мачам за паркинг бидејќи сите сакаат кај пазарот да паркираат тука до 50 ракии кафаната за да не испешачат 50 метри.

Има некој поволности на пазар во Лерин отколку во Битола? Поевтино да е?

Досега само Lidl наминуваме пред да си одиме дома.
 
Има некој поволности на пазар во Лерин отколку во Битола? Поевтино да е?

Досега само Lidl наминуваме пред да си одиме дома.

Зависи, Вицко на пример имаш доста работи за домашна употреба да земиш и има некои поефтини кујнски елементи што можиш да ги начекаш, исто така до Вицко имаш четири - пет дуќани погоре за теписи една продавница што се наоѓа по некој ефтин тепих ( зависи од димензија ). Па има една продавница за чевличиња и патичиња за деца тука измеѓу двете продавници што можиш за 20-25-30 евра да начекаш нешто.

Па ако одиш кај братот Бабис имаш за технологија или кујнски апарати се и сешто ако начекаш ( зависи што да ти треба ).

Има поефтини работи во Лерин ама треба човек да шета контуниурано и да знај, овде во Битола не се салам веќе со цените и се однесуваат како да сме Скопје и Белград за секој можен продукт.

На пример во Толемаида / Кајлари одиме специфично за Пепко бидејќи е далеку поопремено за разлика од Битолското Пепко во Блис.
Автоматски споено мислење:

So kaza sega i ti. Sega naucija makedonski od bitolcani ili deka se Makedonci po poteklo ?
Voden od kaj znat ?
Pozar od kaj znat ?
И двете, тие што се Македонци си го усовршија јазикот бидјеќи си го користат континуирано, тие што се Грци ( жени и мажи што се во брак со веќе постоечки Македонци од Леринско ) си се научија со текот на времето од тоа пополека го користат од клиентелата од Битола и другите градови од Македонија во југот.

Исто и со децата/помладите..не знаат да зборуваат ама со текот на времето ако го слушаш некој јазик ќе го научиш и ќе го разбираш барем на основно ниво.

И ние знаеме по малце Грчки да бидиме искрени поради слична причина, само што нас не ни е природен грчкиот јазик бидејќи немаме никаква поврзаност историска со тој јазик за разлика од тие во Леринско со нашиот.

Иначе мислам дека најмногу Македонци имаше во Костурско порано но не знам сега каква е ситуцијата таму.
 

Притисок врз Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“​

октомври 8, 2026


makedonci-vo-grcija-300x128.jpg


Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ објави дека во последните денови Македонци добиваат повици од полицијата за да дадат исказ во рамките на истрага за наводно кривично дело. Во објавата се наведува дека предметот опфаќа 15 лица и две организации. Од македонското движење „Крсте Мисирков“ ги повикуваат сите кои добиле полициски повик да ја информираат организацијата.

„Организирано ќе реагираме против самоволието и обидот за заплашување на Македонците кои јавно зборуваат и пеат на македонски јазик“, се наведува во објавата.

Во постот на Фејсбук организацијата „Крсте Мисирков“ не го наведува конкретниот повод за овие покани за разговор во полициските станици. Но, ова се случува во периодот кога во Грција се води предистражна постапка по пријава на граѓани во врска со прослава во Овчарани, Леринско. На 8 септември двајца грчки државјани, до Обвинителството во Флорина доставиле видео од прославата одржана на 19 јули во Овчарани (Мелити). Тие побарале да се испитаат евентуални кривични или други одговорности поврзани со однесувањето на лицата што се појавуваат на снимката.

На видеото се гледа група луѓе како пеат и играат на песната „Александар, цар македонски“. Грчките медиуми особено ги истакнаа стиховите во кои се вели дека „Грците згрешиле“, а песната завршува со повикот „Грци одете си, доста веќе со лагите“.

Во пријавата, според објавените информации, се бара од грчките институции да утврдат дали содржината на песната, однесувањето на присутните и гестовите што се гледаат на видеото можат да претставуваат кривично дело.

Организацијата „Крсте Мисирков“ на својот фејсбук-профил тврди дека полицијата повикува Македонци на разговор.

Oстанува отворено прашањето дали според грчкото законодавство содржината на песната и евентуалните гестови на присутните можат да претставуваат кривично дело и како како грчките институции ќе ја третираат употребата на македонскиот јазик и пеењето македонски песни од припадници на локалната македонска заедница.

На 20 септември објавивме дека грчката пратеничка Аспасија Курупаки, која ја претставува политичката партија НИКИ, побара од грчката влада да спроведе истрага за онлајн објава во која, наводно, се повикува на самоорганизирање, набавка на оружје и вооружено дејствување во грчка Македонија. Нејзината интервенција следува по контроверзите што следуваа околу песна со стиховите „Грци, одете си“, која, според наводите, била изведена на фестивал во Мелити, во областа Флорина.

И Центарот за македонски јазик во Грција, организација што го чува и негува македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција, има проблем со судовите во Грција. Центарот најпрво беше забранет со одлука на Апелацискиот суд во Кожани на 13 август 2024 година. Организацијата веднаш поднесе жалби до Врховниот суд на Грција за поништување на одлуката за распуштање, а рочиштето беше закажано за 21 септември. Врховниот суд ги одложи рочиштата за 20 септември 2027 година, со што го одолговлекува конечното решение за бришење од регистерот на Центарот за македонски јазик, што всушност претставува очигледен обид да се одложува изучувањето на македонскиот јазик и изразувањето на македонскиот идентитет.


 
Со 10.000 ЕУР ни куче нема да се насели. Реално тој регион е утепан и оставен од државата со децении не за џабе константно се одселуваат. Ама да има и друга намера можеби овој програм.
 
Добро реално во Лерин знаат Македонски поради тоа што секоја сабота пола Битола таму одат на јадење пиење и пазарење, и
Затоа ли знаат македонски?

пресмешно и глупо истовремено
 
Затоа ли знаат македонски?

пресмешно и глупо истовремено
Можеби тебе ти делува пресмешно но истовремено не е глупаво бидејќи според законот на реципроцитет кога некој јазик го слушаш секој ден по одредено време природно ќе го научиш впрочем , така функционира човечкиот мозок и така самите деца учат да зборуваат јазици.

Ова е научно докажано е сега ти ако сметаш дека си попаметен од научниците и од самата човечка природа тоа е веќе сосема друга работа.

Јас лично така поднаучив малце грчки и сега хипотетички кога ќе поминуваат Грци низ Битола да ме прашаат нешто на нивни јазик и јас ако му одговорам што ќе биди нивниот одговор?.."Во Битола знаат грчки и автоматски тука Грци живееле" ?.

Затоа не осудувај туѓи мислења.

Инаку за Лерин се сложувам дека се генерално асимилирани Македонци , ама и тие што се Грци научија Македонски со текот на времето поради причината што ја напишав....и во Толемаида некни бев па скоро во секој дуќан каде што влеговме знаеа малце Македонски односно разбираа донекаде.

Да не зборувам за панаѓурот во Аминдио што беше овај викенд..цела Битола и Прилеп таму беа и да видиш тие пазарџиите како знаеа Македонски за да продадат нешто...и демек тие асимилирани Македонци се сите?.
 
Back
На врв Bottom