Егејска Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата zelezen
  • Време на започнување Време на започнување
Има некоја страница на фб што повикува на вооружување на Македонците и бомбардирање на Егејот.
Пред некој ден ја видов, ете сега порталчињата почнаа да шират и стигна и до грчкиот парламент

После толку време и после толку иживување врз нашиот народ некој повторно прави рчки и ги става нашите во лајна.
Некое одродено копиле од Егејот, некој наш од тука или пак дечишта.

Секако ова треба темелно да се истражи од нашите и да се види кој е тој што ја мати водата кај што не треба.
Тоа е профилот Egejski Glas. Одамна за жал каналот изгуби смисла се објавуваат покрај работи од Егејот и партиски работи (про ДПМНЕ) има вулгарности и навреди. Пикот беше пред некое време кога се ситеше на нескреќа со воз со жртви алудираќи дека сите жртви се Грци. Па го избриша. Од тој профил се почна вревата околу панаѓурот во Овчарани за Илинден кога пееја „бегајте Грци“, 2 месеци после настанот. После тоа исто ги повикуваше Егејците да го следат примерот на Баскиците кои преку ЕТА долги години беа познати терористички напади во Шпанија, ваљда за тоа се работи.

Неспорно е теророт што Грците го направија врз Македонците до денес, но ова не е начин да се води страната. Повеќе штета прави него што помага. И самите Македонци во Грција со право се дистанцираат од овие испади и што е најтрагично дава простор да се генерализира и сите Македонци да се стават во лоша слика. А се работи за еден лудак.
 
Сите ние нешто сакаме па и тој

Ама по цена народот да пати и да трпи, НЕ!

Во времиња кога се слуша колку толку егејскиот глас не смее тоа никако да се злоупотреби во никакви цели.
 
Еве и мој исказ, досега скоро во сите локали каде што сум бил во Лерин скоро секаде знаат некој по малце Македонски а некој дури и многу добро го владеат Македонскиот, настрана од тоа секаде каде што имам одено во Грција кога ќе ме прашаат од каде сум, чисто велам само Македонија, никогаш не сме навлегле во политички тематики или проблеми.

Секогаш сум имал позитивно искуство, Лерин особено врие Македонци и тој егејски предел. Особено патувам во тој дел, секој месец бидеќи имам потреба.

Добро реално во Лерин знаат Македонски поради тоа што секоја сабота пола Битола таму одат на јадење пиење и пазарење, и малце природно научија Македонски луѓето, плус тоа што имаат и Македонско потекло е сосема друга работа.

Секоја сабота од Битолски коли и јас самиот се мачам за паркинг бидејќи сите сакаат кај пазарот да паркираат тука до 50 ракии кафаната за да не испешачат 50 метри.
 
So kaza sega i ti. Sega naucija makedonski od bitolcani ili deka se Makedonci po poteklo ?
Voden od kaj znat ?
Pozar od kaj znat ?
 
So kaza sega i ti. Sega naucija makedonski od bitolcani ili deka se Makedonci po poteklo ?
Voden od kaj znat ?
Pozar od kaj znat ?
Еми и таму идеме, не знајш?
Во Воден на цреши да купиме, а во Пожарско на капење.
И лека полека љујџето научиле.
 
Ima logika, ne velam ne ;)
Логика бе батка.
Инаку кога идев во Пожарско, домаќинката кај што бевме сместени многу тешко зборуваше македонски. Вели, на чколија не учевме, а мене родителите не ми даваа да учам од баба ми, од страв. Да не им сторат некое зло ѓупците.
Се погоди Сурово(Сурва), па отидов сретсело, имаа собиранка со музика. Изигравме неколку ора, и луѓето се опуштија, за муабет, ама тешко им одеше во секој случај. Ќе почнеа македонски, па продолжуваа грчки. Јас лафам грчки па имавме некој мешан јазик за разбирање. Во Воден, дечкото држеше Гиро сендвичара, едвај 5-6 зборови можеше да врзи македонски, ама му беше мерак да слуша. И он ми испадна најискрен, вели до кај дотеравме, мајчиниот јазик да не си го разбираме.
 
Добро реално во Лерин знаат Македонски поради тоа што секоја сабота пола Битола таму одат на јадење пиење и пазарење, и малце природно научија Македонски луѓето, плус тоа што имаат и Македонско потекло е сосема друга работа.

Секоја сабота од Битолски коли и јас самиот се мачам за паркинг бидејќи сите сакаат кај пазарот да паркираат тука до 50 ракии кафаната за да не испешачат 50 метри.

Има некој поволности на пазар во Лерин отколку во Битола? Поевтино да е?

Досега само Lidl наминуваме пред да си одиме дома.
 
Има некој поволности на пазар во Лерин отколку во Битола? Поевтино да е?

Досега само Lidl наминуваме пред да си одиме дома.

Зависи, Вицко на пример имаш доста работи за домашна употреба да земиш и има некои поефтини кујнски елементи што можиш да ги начекаш, исто така до Вицко имаш четири - пет дуќани погоре за теписи една продавница што се наоѓа по некој ефтин тепих ( зависи од димензија ). Па има една продавница за чевличиња и патичиња за деца тука измеѓу двете продавници што можиш за 20-25-30 евра да начекаш нешто.

Па ако одиш кај братот Бабис имаш за технологија или кујнски апарати се и сешто ако начекаш ( зависи што да ти треба ).

Има поефтини работи во Лерин ама треба човек да шета контуниурано и да знај, овде во Битола не се салам веќе со цените и се однесуваат како да сме Скопје и Белград за секој можен продукт.

На пример во Толемаида / Кајлари одиме специфично за Пепко бидејќи е далеку поопремено за разлика од Битолското Пепко во Блис.
Автоматски споено мислење:

So kaza sega i ti. Sega naucija makedonski od bitolcani ili deka se Makedonci po poteklo ?
Voden od kaj znat ?
Pozar od kaj znat ?
И двете, тие што се Македонци си го усовршија јазикот бидјеќи си го користат континуирано, тие што се Грци ( жени и мажи што се во брак со веќе постоечки Македонци од Леринско ) си се научија со текот на времето од тоа пополека го користат од клиентелата од Битола и другите градови од Македонија во југот.

Исто и со децата/помладите..не знаат да зборуваат ама со текот на времето ако го слушаш некој јазик ќе го научиш и ќе го разбираш барем на основно ниво.

И ние знаеме по малце Грчки да бидиме искрени поради слична причина, само што нас не ни е природен грчкиот јазик бидејќи немаме никаква поврзаност историска со тој јазик за разлика од тие во Леринско со нашиот.

Иначе мислам дека најмногу Македонци имаше во Костурско порано но не знам сега каква е ситуцијата таму.
 
Back
На врв Bottom