Егејска Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата zelezen
  • Време на започнување Време на започнување
Дај кажи ми, никогаш не сум бил по беломорските села...Луѓето таму, погсебно младинава, како се чувствува? Гледам со голема жар ги уживаат македонските песни, а од друга страна не сум сигурен дека добро го зборат македонскиот јазик, или дека се нешто премногу приврзани за Македонија..би рекол дека се доста добро асимилирљни од страна на јунистанците?
Ова ми беше прво одење. Спиев една вечер во Баница (Веви) што е околу 10км оддалечено. Идам и зборнав на Англиски после две реченици ме праша на Македонски дали знам Македонски. Му викам да и ми вика епа ајде на Македонски тогаш оти не знаел добро Англиски. Доста добро зборуваше беше меѓу 40-50 год. човекот.

Вечерта во Горно Врбени буквално имаше све, луѓе кои меѓусебе зборуваат Грчки или Македонски или мешаат. Младите меѓу себе претежно грчки зборуваат. Мене кога ќе ме сетеа дека не знам грчки автоматски на Македонски свртуваа пример кога земав јадење или пиење. Во тој дел луѓето во средните и постарите години знаат претежно Македонски, така беше мој печаток. Во политички теми не навлегував бев за други дојдено.

Почеток официјално беше во 21ч. Во 22ч мислам вистински почна прво со играорна група па потоа со нормални народни песни. Домаќине, Што ти текна Јана, итн. Многу весело многу луѓе многу млади песните ги пееја сите. Нешто пред 24ч почна со Гајда и Виена Лоза како да е некој пресврт доста повесело од тогаш имаше огномет, бенгалски огони преполно беше на оро. Вистинско доживување. Потоа почнаа и со по некоја по патриотска песна, Вардаре Пирин кај ти е, Велат не нема, Егејки мајки, итн. Интересно на тие песни почнаа луѓе да заигруваат кои пред тоа не играа. Останав до 3 а уште имаше луѓе и музика.

Е сега за тоа како се гледаат себеси не можам да кажам мислам е индивидуално. Имаше тука и луѓе од Виножито за кои јасно е како се гледаат. Групата Македонски Мерак исто така е позната по тоа што со песните одат подалеку од тоа што Грците поднесуваат. Има разни видови на панаѓури со мешана музика и грчки песни, со Македонска музика и без пеење ова ми се чини е најмакедонски начин цела вечер само Македонска музика со пеење и патриотски песни имаше. Затоа сметам луѓето се гледаат како Македонци ама како не гледаат нас другите Македонци и колку се идентифицираат дополнително како Грци, не знам.

Тоа се ете мои лични печатоци.
 
На враќање бев и во Лерин па во центар на едно кафе. Имаше надвор ко клупиче и масиче седнав. Седна еден постар човек до мене почна нешто на грчки да ми кажува кревам рамена не разбирам. Сврте на Македонски ми вика од каде си викам Кичево, Македонија. Вика аа Кичево од далеку си дојден. Да му викам и малце општо зборнавме па седна друг човек до него и продолжија. После некое време врви исто така постар човек пред нас и нив на Македонски им вика "како сте, што прајте" овие "добри сме".

Потоа бев во дуќан кафе да купам. Имаше помлад дечко ваљда газдата. Ме праша од кај сум малце се задумав реков Macedonia. Реагира сосема нормално речњ има пријатели и муштерии од Macedonia и така беше сосема нормално без тензии.

Кратко беше нецели 24ч во целост престој ама многу и многу позитивни искуства. Нема да биде последен пат.
 
Да се надоврзам и ја. Често одам во Егејска, дури и имам и некои познаници. Се повеќе се отвараат младите но тешко некако со страв што е нормално. Во Лерин каде одам највеќе секаде комуницирам на Македонски и се разбирам без проблеми. Исто така е и во пожарско, додека во другите поголеми места се уште е затворено(иако никаде немам доживеано проблем) додека во селата каде што е што живеат грото Македонци без проблем се слушаат наши песни и играат ора...
 
Back
На врв Bottom