Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 17.229
- Поени од реакции
- 23.882
Тоа е профилот Egejski Glas. Одамна за жал каналот изгуби смисла се објавуваат покрај работи од Егејот и партиски работи (про ДПМНЕ) има вулгарности и навреди. Пикот беше пред некое време кога се ситеше на нескреќа со воз со жртви алудираќи дека сите жртви се Грци. Па го избриша. Од тој профил се почна вревата околу панаѓурот во Овчарани за Илинден кога пееја „бегајте Грци“, 2 месеци после настанот. После тоа исто ги повикуваше Егејците да го следат примерот на Баскиците кои преку ЕТА долги години беа познати терористички напади во Шпанија, ваљда за тоа се работи.Има некоја страница на фб што повикува на вооружување на Македонците и бомбардирање на Егејот.
Пред некој ден ја видов, ете сега порталчињата почнаа да шират и стигна и до грчкиот парламент
После толку време и после толку иживување врз нашиот народ некој повторно прави рчки и ги става нашите во лајна.
Некое одродено копиле од Егејот, некој наш од тука или пак дечишта.
Секако ова треба темелно да се истражи од нашите и да се види кој е тој што ја мати водата кај што не треба.
Неспорно е теророт што Грците го направија врз Македонците до денес, но ова не е начин да се води страната. Повеќе штета прави него што помага. И самите Македонци во Грција со право се дистанцираат од овие испади и што е најтрагично дава простор да се генерализира и сите Македонци да се стават во лоша слика. А се работи за еден лудак.