Еден поинаков МАК ТОП 10 - Кајгана edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
16.245
Поени од реакции
40.516
Локација
Скопје
По подолго време разгледување на опцијата за креирање на македонска топ листа на Кајгана, и дискусии со драгиот ни модератор Forrest Gump, некако и ги зацртавме постулатите на кои ќе се темели овој „проект“. Основните правила се следните:

1. Топ листата ќе биде update-увана секој понеделник, а редоследот на песните ќе биде во зависност од бројот на вашите гласови. (Не е исклучена можноста да биде вметната и специјална комисија од неколку форумџии кои ќе имаат нешто повисоки ингеренции при гласањето, но ова се уште не е дефинирано).

2. Еден член може да гласа секоја недела за максимум 3 песни (кои не мора да се стриктно од понудените, напротив - доколку некој од вас има предлог песна која би можела да се најде на листата, слободно постирајте ја, може следната недела токму вашиот предлог ќе се најде на листата). Насловите на песните за кои сакате да гласате, надвор од коментарот, ќе треба да ги болдирате - значи принцип - се неболдирано се смета за коментар, болдираното е глас. Нормално, сите коментари поврзани со било која од песните се добредојдени!

3. Листата се состои од максимум 10 нови песни (не постари од година дена), нешто поразлични од сите оние кои најчесто ги слушаме по нашите радио станици, што значи - иако не е строго правило, на листата ќе се избегнува да се ставаат mainstream поп, рок и сл. нумери. Да покажеме дека во Македонија има и една друга сцена, поалтернативна и поурбана од онаа која секојдневно ја слушаме по поголемиот дел од радио и телевизиските станици.

4. На крајот на годината, во зависност од успесите на листата, планирано е да ги прогласиме најуспешните изведувачи и песни во неколку категории.

5. Коментарите и сугестиите се добредојдени! За неколку часа ќе ви ги презентирам предлозите за кои ќе може да гласате и коментирате до недела ;)
 
Калиопи - Бато може ли да се номинира или помина веќе таа во ЕКС-ЈУ?

Плус, пишете Underground Мак-Топ за наслов, не поинаков

:свиркам:
 
Калиопи - Бато може ли да се номинира или помина веќе таа во ЕКС-ЈУ?

Плус, пишете Underground Мак-Топ за наслов, не поинаков

:свиркам:
Колку што разбрав се работи за нови песни,не постари од една година.
Па така и било порано во ЈУ или на промер во емисиите ТРИ ГОНГА или Диско селект.
Значи се право топ листа од сега кој се најпопуларни песни.Најпеани-најслушани.
-----------------
Е ама мене друго ме интересира. Кога веќе сте почнале со вакви топ листи,дајте и едно натпреварување на МАК-ТОП 10 од 60-70 години да направиме,па и од 80 -90г.
-------------------
Ај со среќа нека ни биде и ќе биде сигурно поинтересно него ли она ЈУ изборон.
 
Како да провериме кога е издадена песнава? Или еве еден случај: песнава ја има на јутуб од лајв настап аплодирана пред повеќе од една година, година и пол... ама песната е дел од студискиот албум издаден пред некаде 10 месеци да речеме. Што во таква ситуација? Или што ако ја нема песната на јутуб? Сигурно ќе сакаат тие што ќе гласаат да ја преслушаат некако...

btw, во листава мора да ги има
Ареа - „Запознај ме“ и String Forces - „Причина-предумисла“ :)
 
Колку што разбрав се работи за нови песни,не постари од една година.
Па така и било порано во ЈУ или на промер во емисиите ТРИ ГОНГА или Диско селект.
Значи се право топ листа од сега кој се најпопуларни песни.Најпеани-најслушани.
-----------------
Е ама мене друго ме интересира. Кога веќе сте почнале со вакви топ листи,дајте и едно натпреварување на МАК-ТОП 10 од 60-70 години да направиме,па и од 80 -90г.
-------------------
Ај со среќа нека ни биде и ќе биде сигурно поинтересно него ли она ЈУ изборон.
Ќе има, ќе има и таков избор, по завршување на ЈУ изборот. ;)
Како да провериме кога е издадена песнава? Или еве еден случај: песнава ја има на јутуб од лајв настап аплодирана пред повеќе од една година, година и пол... ама песната е дел од студискиот албум издаден пред некаде 10 месеци да речеме. Што во таква ситуација? Или што ако ја нема песната на јутуб? Сигурно ќе сакаат тие што ќе гласаат да ја преслушаат некако...
Сите песни ќе може преку директни линкови да се преслушаат - дали на youtube, дали на vimeo, дали на soundcloud, сеедно. Важно, ќе може да ги преслушате сите пред да се одлучите за која да гласате. Датумот на објавувањето на студискиот албум, во случајот кој го спомена, ќе биде пресуден.
Калиопи - Бато може ли да се номинира или помина веќе таа во ЕКС-ЈУ?

Плус, пишете Underground Мак-Топ за наслов, не поинаков

:свиркам:
1.Не, стара е, и е mainstream (што реков - не е многу важно, но ќе се избегнува)
2.Не е Underground Мак-Топ. Пр. Чалгија Саунд Систем, Баклава или Љубојна - што е кај нив underground?
--- надополнето: 22 април 2013 во 22:48 ---
#001 - 22.04.2013 - 28.04.2013

01. Instant Generation - Bei the Fish
02. Бар култура - Bernays Propaganda
03. In the Air - Duke Bojadziev & Lauren Amaris
04. Never Let Them Win - Милко
05. Република Франкенштајн - Паркети
06. Музејот на скршени срца - Smut
07. 24-7 - The John и Човекот од Хром
08. Јано мори севдалино - FIN Project
09. Антитело - Фолтин
10. Sun is Gone - Foolish Green

ЗАБЕЛЕШКА: Со оглед дека е ова почетокот, песните не се рангирани од прво до десетто место, туку сите се предлози на листата подредени по азбучен ред.

Гласате за (макс.) 3 песни, со впишување на насловот на песната или изведувачот со болдирани букви во коментар, најдоцна до недела, 28.04.2013
 
Интересен избор. Браво за Бернајс, Милко, Foolish Green и Bei the Fish. Ќе има шанса да влезат и Ла Колони Волвокс? :)
 
Sun is Gone - Foolish Green
Instant Generation - Bei The Fish
Музејот на скршени срце - Smut

Ова е мојот избор.
 
Maлце глупо ми е шо е ограничено на година дена, оти слаба ни е сцената реално. Скудна шо би се рекло. Има доста бендови кои растур правеле пред повеќе од година дена, а никој не ги рецка ко шо заслужуваат. :)
Вака че треба да се ограничуваме на бендовите кои снимаат во студиото на Топов и нешто минимално од страна.
 
Генерално идејата е арничка али некако му доаѓа како да гаѓаш мува со базука...некако ограничени ни се песничкиве нови наши од пред една годинка :(
 
Instant generation +1
Антитело +1

Другите не ги ни знам, можеби сум ги слушнала некаде, ама не сум знаела ни кој е изведувач, ни како се вика песната :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom