Еден од боговите

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Во десете божји заповеди, првата гласи “Немој да имаш други богови освен мене“. Ова наредба, кога внимателно ќе се прочита ни открива едно широко ПОЛИтеистичко значение, доказ дека постојат и други богови освен “тој што е“ (Јахве). Тој не вели “Нема други богови освен мене“ туку само да не почитуваат (држат, имаат) други богови освен него. Дека е така ни кажува и самиот Мојсеј кој втора мојсеева (15:11) вели “Кој е како Тебе меѓу боговите, Господи?“ Бог е љубоморен и осветољубив ако избраниот народ негов му се клања на други богови, ако му принесува жртви на други богови а не нему.

И Јехова Бог го зеде човекот и го смести во градината за да ја обработува и да се грижи за неа.Тогаш Јехова Бог му заповеда на човекот.Од секое дрво во градината можеш да јадеш до ситост.А од дрвото на спознанието не смееш да јадеш, зошто кога ќе го каснеш, сигурно ќе умреш.
 
Члену Јехова е семоќен Бог кој ги создал небесата и земјата кој ги создал херувимите серафимите и ангелите да живеат на небесата кој ги создал луѓето да живеат на Земјата

И Јехова Бог го зеде човекот и го смести во градината за да ја обработува и да се грижи за неа.Тогаш Јехова Бог му заповеда на човекот.Од секое дрво во градината можеш да јадеш до ситост.А од дрвото на спознанието не смееш да јадеш, зошто кога ќе го каснеш, сигурно ќе умреш.
Дрвото на доброто и злото кое е споменато во Прва Мојсеева не било буквално тоа е симболичко претставено и ги симболизира законите на Јехова, во оној момент кога ќе решиш да јадеш од дрвото на доброто на злото ти не јадеш дословно од дрвото на доброто и злото ти всушност сакаш да го смениш законот на Јехова тоа е исто како да му кажеш на Јехова
"Јехова твоите закони нечинат сакам да имам сопствени закони"
Сатана ја убедува Ева дека правдата на Јехова не е добра и вика
"Не вие немате да умрете.Зошто Бог знае дека во оној ден кога ќе јадете од дрвото ќе ви се отворат очите и ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро што е зло"

Од болдираниот текст можеме да заклучиме:
Бог по дефиниција означува личност која има сопствени закони и сопствена правда
На планетава има 6.7 милијарди луќе кои имат различна правда од Јехова тоа се 6.7 милијарди различи Богови.
Доколку се земе во предвид дека познатите фудбалери како Роналдињо, Зидан, Роналдо, Кака се обожаваат како Богови и пејачките од типот на Бритни Спирс, Бијонсе, Рихана се почитуваат како Божици тогаш не треба да не чуди зошто Јехова му рекол на Мојсеј
Немој да имаш други богови освен мене
 
Значи сепак постојат повеќе богови од кој едниот е Јахве

Точно, но Јехова е уникатен по тоа што е семоќен односно се што му е по волја ќе направи!
 
Исто и Зевс... Елом.... Кришна... Озирис... Маниту... Буда... Тор... Сварог...секој од нив има моќ да создаде и уништи, и сите имаат свои закони, свети книги, легенди, прикаски, свештеници, проповедници.....
 
Дали Зевс... Елом.... Кришна... Озирис... Маниту... Буда... Тор... Сварог...
го создале човекот или законот за гравитација и уште милијарда други работи?
 
Да не мислиш дека во религиите на антиката, дека во религиите на Истокот... пиши и се зборува дека нивните богови не се толку моќни??? дека се втора класа... дека Јехобва е “главниот“??
Да беше роден во Калкута сега вероватно ќе пишеше под никот “Миленик на Шива“ или “Избраниот на Буда“, да беше роден во Саудиска Арабија, ќе дискутираше под ник “музеин на правоверноста“ ...
 
Kako bese ona, Marks i Engels, besplatno opstestvo: sedis na granka, jades bezplatni banani i se cesas za gz...
 
Има многу Богови ама само еден е Господ.
 
А Господ е енергијата Творецот
 
:nenene:Многу го читаш Аветот сус балтијче(Загор)
Мислев на идоли и леани богови, богови што ги направилие човечки раце од дрво и камен, богови кои не можат ни да се чујат ни да се видат.
 
Е сега пак и ти, не можеле да се чујат или видат. Озирис??? Кришна??? Буда?, па Зевс шеташе наоколу и клецакше се шо ќе му се бендиса, фрлаше громови од небото, а ти велиш не можел да се види. Религии имало и има, има и постари и подревни од христијанството, има и понови, али ни една не вели “Знаите нашиот бог не е нешто нарочно....“
 
Зевс е дел од грчка митологија, не ме занимаат Грци во чии чуда се вбројуваат исфлање молњи од задникот.
Самиот Платон рекол дека се работи за фиктивно суштество.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom